Боли глава

Кодоши

Шест години со парите од граѓаните на Македонија, секојдневно ја насочуваа енергијата на тоа што прави опозицијата, што шепотат незадоволните дпмнеовци. Денес, нема скопска кафеана каде пола маси не се полни со луѓе кои 3 часа седат со едно кафе и 7 чаши вода, луѓе со развиени стила за слух и вид. Денот го завршуваат во една зграда во долниот појас на Водно со куп трачеви кој со кого пие кафе, но затоа немаат минимум инфо што се подготвува за нарушување на мирот во Македонија.

Јани Макрадули, пратеник; Плусинфо, 18.04.12.

19.04 2012
Крлежи и хиени против верата

Kако може на ваквите атеисти да им е дозволено да ја напаѓаат и да се потсмеваат со МПЦ, а на МПЦ да не ѝ е дозволено да се одбрани себеси од таквите навреди. Ако било што каже некој од верската хиерархија што би одело во насока да ја одбрани верата и Црквата од секојдневните напади, му се закачуваат како крлежи и хиени и со видлива комбинација од ниски пропаганди од сталинистички и хитлеровски тип сакаат да го омаловажат и да му се потсмеат.

Илија Димовски, пратеник; Дневник, 17.04.12.

18.04 2012

За разлика од Латас, јас знам кој се, и кај се, извршителите. Тоа се странски платеници, со погрешна вероисповест, подготвувани за специјални задачи од врвните комбат инструктори на Анкл Сем, пратени овдека на неколкучасовна задача да ја дестабилизираат државата со најгрозоморно можно убиство - масакар. Влегле илегално, масакрирале, и веднаш се префрлиле преку граница во правец на Бондстил.

Миленко Неделковски, на својот Фејсбук профил; 16.04.12.

17.04 2012
3

Чудото во црквата „Свети Димитрија“ е опомена до опозицијата за покајание оти ја оддалечи веронауката од училиштата, ги организираше младите архитекти на протести против црква на плоштадот и се бунеше против изградбата на црква на Калето.

Владиката Агатангел; Телма, 11.04.12.

14.04 2012
1
Работа

Научниците и експертите не треба да коментираат за чуда, зашто тоа е работа на верниците и на свештениците.

Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културно наследство; Алфа ТВ, 11.04.12.

12.04 2012
Исус од Плаошник

Да ти кажам, пријателе, една „непознаница“: во „талибанската мисија“ на Плаошник, освен „археологот-Талибанец“ учествуваше уште една голема личност: Исус Христос!

Паско Кузман, во полемика со Ерол Ризаов; „Утрински весник“, 11.04.12.

11.04 2012
Геноцидот беше подобар

Знаете како велат, Сараево е вториот српски град во онаа Југославија. Сега веќе не е. Кога Сараево онака добро би се претресло, она што би се нашло по подрумите и на таваните би било ужас. Тој однос на соседите муслимани, и тоа, за жал, повеќето од нив, под изговор дека доаѓаат да ги заштитат своите соседи ги земаа нивните клучеви и пуштаа вооружени луѓе во становите. Сараево е еден ужас.

Билјана Плавшиќ, воена злосторничка, на годишнината од опсадата на Сараево, се правда себе си и своите крволочни шефови; Glas Srpske, 06.04.12.

10.04 2012
Вистина е смрт

Тој е Бог жив и Бог на животот, и покрај индустријата на смртта која под маската за борба за човекови права, го озаконува и оправдува уништувањето на човечкиот живот на самиот негов почеток.

Загрепскиот надбискуп Јосип Бозаниќ ја искористи Велигденската честитка да ја разоткрие вистинската природа на женското право за располагање со своето тело; Informativna katolička agencija, 07.04.12.

09.04 2012
Цврста соработка

Уместо уласка у овакве „интеграције“, држава Македонија треба обнови и развије интегративне процесе са државом Србијом. Потпуно сам убеђен да једино чвршћа сарадња са суседном државом попут Србије може донети бројне позитивне ефекте и доприносе за нас као државу и за нас као Македонце. Након повлачења признања Косова како независне државе – шта је била једна од многих погрешних политичких одлука владе ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ (УЧК) који су потпуно анти-македонски односно у супротности са потребама и интересима Македонског народа.

Д-р. Тони Науновски; srpskapolitika.com, 22.01.2011

06.04 2012
Агресија врз македонскиот народ

Како да се полемизира со идеолози - волунтаристи, фалсификатори впрегнати ревносно да го завршат она што некои други надворешни сили не успеале да го направат во блиската историја, а против кои се бореше ВМРО? Со нив не може да се полемизира, затоа што и едните и другите настапуваат од позиција на сила/агресија врз македонскиот народ!!!

Донка Барџиева-Трајковска, претседателка на ЗГ „Центар за културно наследство“; Утрински весник, 03.04.12.

05.04 2012
Поздрав за апсењето на мажот

Иа­ко сум изненадена од акцијата „Детонатор“, и не наоѓам никаква по­вр­за­ност со мојот сопруг, ја поздравувам.

Бети Кузмановска, пратеничка на ДПМНЕ, ја поздравува полициската акција во која е уапсен нејзиниот маж познат под прекарот „Фукле“; „Вест“, 03.04.12.

03.04 2012

Доколку шеталиштето во центарот на Скопје го наречеме Ванчо Михајлов, тогаш бикот што е поставен на истата улица, карши шмизлата, конечно ќе си добие смисла. Нели Михајлов за Македонците велеше дека се македонистички говеда?

Владо Апостолов, новинар; Фокус, 30.03.12.

02.04 2012
1
По-глед-не-те го се-ма-фо-рот

Јас сум дете на асфалтот, па повеќе сум на улица од семафор!

Здравко Мамиќ, извршен и доживотен ко-претседател на загребскиот ФК Динамо; HRT, 28.03.12.

30.03 2012
Накратко за Иво Санадер

Kako mi taj čovjek ide na kurac.

Чедо Продановиќ, адвокат на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, си ја олеснува душата во судницата, каде што на неговиот клиент му се суди за воено профитерство и тешки злоупотреби на должноста, не знаејќи дека микрофонот е вклучен; 24 sata, 25.03.12.

29.03 2012

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото