Боли глава

Л чкарт пур л чкарт

Таквата „власт заради власт“ на луѓе кои немаат никаков морал ниту идеологија, можеме да си ја викаме колоквијално „л чкарт пур л чкарт“, оти токму тоа и е. Неквалитет и дилетантизам заради неквалитет и дилетантизам.

Нено Богдан, „Фокус“, 10.02.12.

14.02 2012
Марш на пасење!

ОБСЕ се загрижи. А Груби ни кажува дека тој може да ја дестабилизира државата, ама само ако посака. За среќа, тој уште не посакал. Не добил доволно добра понуда од СДСМ, а е задоволен од онаа што ја добил од ДУИ - ВМРО-ДПМНЕ. Додуша, сите знаеме дека Груби дејствува на команда, а знаеме добро и кој и каде им ги издава командите на албанските водачи, но, по ѓаволите, до кога ќе трпиме понижувања на државните институции, на државата, без да се огласиме како нација и да порачаме еднодушно: Марш, бре, на пасење!

Мирка Велиновска, „Нова Македонија“, 10.02.12.

13.02 2012
Свечен чин

Ми идеше да ги фрлам в контејнер и специјално купените чевли за одење на лустрација. Нормално, скромно, имав купено и неколку нови парталчиња, костуми не обожавам, зашто човек треба да се дотера за тој свечен чин. Носењето на изјавата, заверена со штембил од нотар, во надлежната канцеларија се случува еднаш во животот.

Но, расипувачот на забави и дијагностичар на дефектни закони, одлучи како во диспозитивот, и ми го скрати правото да им докажам дома дека не сум бил кодош.

Димитар Грумар; Дневник, 05.02.12.

10.02 2012
Бездомниците да не излегуваат од дома

Поради екстремните студови ги советувам бездомниците да не излегуваат надвор.

Изјава на француската министерка за здравство, Нора Бера, jutarni.hr 08.02.12.

09.02 2012
Човек или обетка

Жал ми е што во манастирот Острог го крстив Чедомир Јовановиќ. Да знаев дека нема да го прими печатот божји не би го крстил во времето коа со свирчиња се боревме против покојниот Слободан Милошевиќ. Тогаш реков дека го крстиме човекот, а не обетката која Јовановиќ не сакаше да ја тргне ни за време на церемонијата на крштевањето. Денес сфаќам дека сепак сме ја крстиле обетката, а не човекот. Кога отец Јоил ми рече: „Што ќе правиме со момчево, како да го крстиме кога не сака да ја симне обетката“, му реков дека не ја крсти обетката туку човекот кој, кога ќе биде крстен, и самиот ќе сфати дека не му е потребна обетката. Сега на отец Јоил му велам: „Изгледа дека ја крстивме обетката“.

Епископот бачки Иринеј реагира на изјавата на лидерот на српската партија ЛДП Чедомир Јовановиќ во врска со одбележувањето на Новосадската рација; e-novine, 07.02.12.

09.02 2012

Сакам да ве потсетам, можеби не со тебе директно и не си информиран за тоа како се состојбите во СДСМ, многу од твоите колеги ме контактираа на времето и пред случајот со Калето и за време на протестите за „Скопје 2014“, па дури и бараа соработка од СДСМ за организирање на протести. Организирање на било какви настани за отварање на условно кажано некоја мала криза која што вие би ја искористиле политички.

Артан Груби, некогашниот „претставник на Ал Каеда во Македонија“, а сегашен сојузник на Никола Груевски; МРТВ; „Плусинфо“, 06.02.12.

07.02 2012
1

Колкава ли е силата на ВМРО - ДПМНЕ кога се зајакнува со една морална дијабола каков што е Марјан Додовски? Или, пак, со Борис Стојменов, еден од ретките политичари кој влегува низ врата, а излегува низ прозорец.

Ивор Мицковски; „Утрински весник“, 06.02.12.

07.02 2012
1
Ќе ги разоткриеш ли?!

Ова е плод на партиски мотивирани лица од опозицијата кои не гледаат друг начин како да ги освојат симпатиите на граѓаните туку играат на картата дека, доколку го компромитираат работењето на сегашните владејачки партии преку создавање на конфликти во општеството, на тој начин ќе ги привлечат симпатиите кај граѓаните и дека граѓаните ќе се разочараат од владеачките партии, и ќе се свртат кон одредени опозициони партии. Многу брзо ќе се разоткрие тоа што го прават и луѓето веќе тоа го препознаваат.

Никола Груевски по илјадити пат одбива да ја понесе одговорноста за состојбите во општеството; МРТВ, 05.02.12.

06.02 2012

Груевски сака, злоупотребувајќи го докрај своето мнозинство, да му го покаже местото на албанскиот политички субјект, а тоа место е на опашката од неговата влада. Како и секогаш, греши во овие процени, оти се води од малициозност, а не од политичка и државничка прагма. Тој ја потроши ДПА до крајност при своето владеење. Тој може да го потроши и ДУИ во овие констелации, во кои се однесува крајно неодговорно кон демократските вредности и етничката стабилност. Но, колку и да се обидува, ниту тој, ниту кој било друг не може да ги потроши Албанците како значаен политички фактор во земјата. Како што тргнал победникот, Груевски може да ја потроши и Македонија, ама Албанците ќе останат тука со своите евро-атлантски идеали.

Теута Арифи во колумната „Демократура“; „Дневник“, 20.07.08.

03.02 2012
1
За силината и траењето на душевните болки

Психичката реакција кај приватниот тужител (се мисли на министерот Антонио Милошоски) е различна од реакцијата кај просечниот граѓанин кој се нашол во слична ситуација, односно, поголеми се силината и траењето на душевните болки.

Од пресудата против новинарката Јадранка Костова, осудена да му плати 15.000 евра на бившиот министер Милошоски; „Фокус“, 27.01.12.

02.02 2012
Распад во 2014?

Меѓутоа, она што мене ме загрижува во последниот извештај на Кризната група е нивното предвидување дека државата може да се распадне до 2014 ако Владата не ги промени магистралните политики кои ги спроведува без остаток. Ваква застрашувачка проценка Македонија нема добиено во нивните извештаи од 2001 наваму. Јас лично мислам дека тоа предвидување е претерано, но, ако веруваме во сценаријата од почетоток на разговоров, можеби тие знаат нешто што ние не знаеме?

Стево Пендаровски, „Плусинфо“, 30.01.12.

01.02 2012
Капетан Немо

Ако Рамиз Мерко е вистински муслимански верник и живее по прописите од Куранот, јас сум Капетан Немо и живеам според „20.000 милји под морето“.

Напис на Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил; Вест, 31.01.12.

31.01 2012
Проблеми со фасада и влада

Груевски се жали дека подолг период има сериозни проблеми со фасадата. Ние подолг период имаме проблеми со владата, но никој не нè прашува.

Бранко Героски, дневен „Фокус“, 27.01.12.

31.01 2012
Обама го имитира Груевски

Претседателската кампања во САД се повеќе се разгорува, а актуелниот претседател Барак Обама со понудената програма се повеќе наликува на дел од политиките кои македонската влада на чело со премиерот Никола Груевски веќе ги спроведува, а дел од нив се најавени.

Поднаслов во „Курир“, 27.01.12.

30.01 2012

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото