Боли глава

Болката на изопштената свест

Мојата изопштена свест и супер егото, кое функционира на ниво на моралноста, погодени се од овие неточни тврдења. Имав и несоници и тахикардии поради кои земав лекови, непосредно по објавувањето на текстот, а моите деца исто така доаѓаа во судири.

Емир Кустурица ги објаснува своите „душевни болки“ по објавен текст за него; „Танјуг“, 25.01.12.

27.01 2012
Моето ново, нуклеарно Јас

Иран има потполно право да развива нуклеарна енергија за мирнодопски цели. Тие се голема закана за САД и затоа Вашингтон им наметнува санкции. Иранскиот претседател Ахманидеџад цврсто стои зад своите убедувања и не попушта пред притисоците од светот. Верувам дека САД не им можат баш ништо по тоа прашање, а Иранците ќе се изборат за своите права. Мошне го сакам Ахманидеџад поради неговата храброст, тој е човек токму како мене.

Ќиро Блажевиќ, легендарниот „тренер на сите тренери“ кој во моментов е тренер на иранскиот фудбалски клуб „Мес Керман“, во интервју за Teheran Times; net.hr, 19.01.12.

26.01 2012
Турците се вратија на Балканот!

Мајка ми не се симиња од пред телевизор. Го глеам тоа султанот, јаден он, со толку жени по дома не е лесно да си машко! Оној Полат Алемдар мама расплачуе кај ќе се појави и не се плаши ни од црниот ѓавол. На Мемати Баш, Чак Норис може шофер да му биде. Саваш покажува што значи да си човек со став „у животу“. Езел, пак, манга каква нема у галаксија. Се појавуваат ликови кои ни на сон не можеш да ги сониш, а кој од кого поазган и по шизик. Народ се затворил дома и дупка напраи на каучот од седење и зјапање у телевизор. Жените подобро знаат кој е кому роднина у Анадолија отколку у свој роден крај. Турците се вратија на Балканот!

Агим Јонуз, „Дневник“, 25.01.12.

25.01 2012
Повик

Јави се, Груевски, Телеком те бара!

наслов на Ивор Мицковски; „Утрински весник“, 22.01.12.

24.01 2012
Одговара на сите стилови

Фасадата на мојот објект не би имало потреба да се менува. За неа се користени трајни материјали, одговара на сите стилови.

Вангел Божиновски зборува за своето (не)дело „Домот на Мајка Тереза“; „Утрински весник“, 10.02.10.

21.01 2012

Лаптопот нека биде во вашите срца и во вашите глави.

Драги Костадиновски, свештеник од скопската епархија, го благословува подарокот за фаќачот на крстот за „Водици“; Плусинфо.мк, 19.01.12.

20.01 2012
1
Пожар во Лувр

Николетина е посебен случај. Вулгарноста на неговата појава може да се мери со појавата на вирус во аптеките на Зегин или во стерилизираните ормарчиња на хируршките клиники на растуреното јавно здравство. Со манијак во спалната на Мадона. Со пожар во Лувр. Арно ама, таа вулгарност добива 30 и кусур отсто од вкупните поени што цицачите им ги доделуваат на своите најкрупни примероци.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 17.01.12.

18.01 2012
Буч сепак требаше да оди во затвор

Би се воздржал од коментар за тоа кои се лицата што примиле поткуп. Сметам дека тоа е само поедноставување на сето тоа што се случуваше во тоа време. Клучниот проблем е дека сè додека државата не се откаже од делот во Телеком, не можеме да веруваме во либерализација. Во спротивно, секогаш ќе постои пристрасност. Затоа, прашањето за тоа кои се лицата што примале поткуп се само оддалечување од клучниот проблем.

Владо Бучковски, бивш премиер; дневен „Фокус“, 16.01.12.

17.01 2012
Мозокот во пламен

Семејните огништа денес треперат и тлеат бидејќи огнот на самоугодувањето го зафатил и онака сувото и крцкаво сено на технолошки осмисленото модерно општество.

Српскиот владика Порфирије; Kurir, 06.01.12.

17.01 2012
Прво место

Предлагам економскиот тим на владата во поворка да помине под сводот на Триумфалната Брука... во чест на освоеното прво место на ранг листата на Економист.

Костурчанец, коментар на Окно; 11.01.12.

12.01 2012
Провокации, проблеми и хаос

Вие не дебатирате за вашиот предлог-закон и за начините како да спроведеме добар попис, туку зборувате за пропаднатиот попис, што е доказ дека сакате да соберете ситни политички поени преку провокации, проблеми и хаос, со цел да предизвикате раздор во коалицијата и во општеството.

Илија Димовски, пратеник, ја кара опозицијата во собранието; дневен „Фокус“, 10.01.12.

11.01 2012
Киро е крив!

„Дејли Стар“: Поради Глигоров, Џоли не сними филм во Македонија.

Наслов во „Курир“; текстот инаку го пренесува мислењето на Кристофер Хил, првиот амбасадор во РМ, кој зборува дека Глигоров ја спасил Македонија од војна налик на онаа во Босна.

10.01 2012

Лично сметам дека уметниците на овој начин добиваат слава и излегуваат од анонимност по нивната смрт.

Никола Груевски, на отворањето на „Триумфалната порта“, 06.01.12.

10.01 2012
1
Во секоја книга - СК 014

Проектот „Скопје 2014-та“ и „Порта Македонија“ уште недоизградени добија своја историја. За тоа се погрижија многу наши неистомисленици и независно што ќе се случува во иднина на ова место низ времето што доаѓа, овој проект веќе има своја историја за која сигурно во иднина многумина ќе ја проучуваат, прераскажуваат, фалат или критикуваат, препишуваат или документираат. Во иднина ќе биде невозможно да се направи документарен филм или книга, а да нема дел посветен на проектот, како и на неговите поединечни објекти, независно кој и со каква цел ќе го прави.

Никола Груевски, на отворањето на „Триумфалната порта“, 06.01.12.

09.01 2012

Препорачуваме

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

Истанбулското утро – кошмарот на Ердоган

Се олабавува рамката во која Турција живееше 22 години.

ОкоБоли главаВицФото