Боли глава

Троскот и пиреј

Тоа е жилавиот корен на Македонецот, кој е неискоренлив како троскотот, како пирејот и кој говори посилно од пенливите усти на грчките современици, кои патем забораваат на своето племенско африканско потекло.

Мишко Талески, Македонска нација (www.mn.mk); 23.11.11.

25.11 2011
Сликите на реалноста

И добро е што сега смеат да нè сликаат само полициски фотографи, кои прават фотографии на кои личиме на тормозени луѓе што поминале низ психофизичка тортура. Тие слики за нас и за нашата реалност говорат многу повеќе отколку илјадниците страници на светскиот дневен печат.

Кирчо Арсовски, „Нова Македонија“, 22.11.11.

24.11 2011
Зелена иднина

Илјадници пораки за зелена иднина беа испратени со секое засадено дрвце и уште толку желби за иднина во мир, љубов и почитување беа “засадени” во Космосот со секој потпис на писмото на мирот. Неговата порака е – никому да не му се случи обидот за обезименување и неправдата што и се случува на Македонија. Но паралелно со неправдите врз Македонците, народот станува се по обединет.

Марија Котовска, вести на МРТ, 23.11.2011

24.11 2011

На последните избори, освен како што е тоа нормално со опозицијата, бевме под жесток удар и на досега незабележана медиумска хајка од една мафијашка структура која држејќи во заложништво група новинари, сакаше да ја скрши кичмата на Македонија.

Никола Груевски пред подмладокот на ВМРО ДПМНЕ; „Вечер“, 21.11.11.

23.11 2011
1

Подобро кај Миленко на штипка, одошто пред Грујо на шипка.

Бранко Героски, дневен „Фокус“, 21.11.11.

22.11 2011
1
Новите технологии на ВМРО-вците

Новите технологии на ВМРО-вците се незамисливи за СДСМ. Тие не можат да разберат како Ставревски пет години води финансии, а нема ниту еден издржан скандал. Како Гордана Јанкуловска успева, после пет години, да ја држи полицијата под контрола, да реши скоро 90 посто од сите битни криминали во државава, а патем да живее нормално како што живеела отсекогаш.
(...) Му се чудат на Сашо Мијалков кој табана низ Скопје, и ги пердаши лично сите вмровски функционери, за кои ќе чуе некаква афера, или муабет низ градот. (...) СДСМ немал никогаш министер со упорноста на Миле Јанакиевски, до црни ноќи, да седи на работа и лично, со секој шеф одделно, да ги прегледува списите и предметите, за да биде сигурен дека нема подметнувања, корупција или грешка од незнаење.

Драган Павловиќ - Латас, Вечер, 21.11.11.

22.11 2011
Заговор

Не треба посебно да се докажува дека токму Вашингтон го менаџира овој процес, кој се сведува на програмирано разнебитување на македонскиот народ.

Ристо Никовски, дипломат; од предавањето објавено на zirm.org.

21.11 2011

Пред 2000 години Македонија беше на врвот на светот, сега тркалото се сврте, но ми се чини дека повторно одиме нагоре.

Рубенс Муратовски, актер, изјава по потпишувањето на „Манифестот на Македониумот“; Курир, 11.11.11.

17.11 2011
1

Според серијалот што оди на МТВ и три пати на ден, „Македонија низ историјата“, меѓу Хелените (читај Грците) имало хомосексуалци, но не постоеле антички Македонци со такви сексуални склоности. Некои историчари тврделе оти сонародниците на Александар Велики имале симпатии кон истиот пол, ама, како што велат во серијалот, тоа биле неверодостојни извори. Од сево ова можеме да заклучиме дека Грците биле (а веројатно сè уште се) геј, додека ние сме и сме биле супер и океј.

„Фокус“, број 1, 16.11.11.

16.11 2011
1
Али и Никола, поза 69

Али вели дека Никола има силна политичка волја. И внимавајте, Ахмети нè убедува дека имале заеднички ставови со Груевски од интерес на државата! Аууу! Е ова е пресврт! Поза 69 или - јајце на око!
Не знам што да кажам. Немам зборови! Комплименти за Никола Груевски! Како ги вози Албанциве и странциве, како да полагал на 16 години! Ова ни во „школата на Велија“ не се учи. Ова, бре, или е некоја виша математика, што јас едноставно не ја разбирам, или, сепак, Латас е во право кога вели: „После Демаќи, Ругова и Арбен Џафери, Албанците во регионот немаат политичари. Бивши шверцери, тепачи, пукачи и избацивачи не се за политика“.

Бранко Героски, „Фокус“, 11.11.11.

15.11 2011

Нека се знае јавно и само нека проба некој да ме демантира! Култот на Никола Груевски, изграден во тие три години, подоцна проширен и надграден, е директен производ на пропагандата, која во голем дел се темелеше не само на „школата“, туку и на логистиката на Велија Рамковски. На А1 телевизија и на весникот „Време“. Кој му стиска, нека каже дека лажам, па да ги распостелам аргументите и податоците и да му опнам една компаративна анализа. Тврдам дека за она што е денес, Никола до гроба му е должен на Велија! И сега, слушам, ќе се раздолжи, со една петнаеска во „Идризово“!

Бранко Героски, „Фокус“, 11.11.11.

14.11 2011
2
Да не се разбереме

Суштината е Србија да го задржи идентитетот на Косово и Метохија и да го добие она што и’ припаѓа како на држава, а тоа е правото на зачувување на сопствениот интегритет. Тоа не е можно во конфронтација со целиот свет.

Борис Тадиќ, претседател на Србија, e-Balkan.net, 06.11.11.

11.11 2011
Народ со ваква телевизија треба да се загрижи за својата иднина

Премиерот Никола Груевски станува најдобриот телевизиски продукт во македонскиот медиумски простор.

Катерина Нешкова; Нова Македонија, 08.11.11.

09.11 2011

Кој имал дилема за трансформацијата на албанската политика, од воена кон цивилна употреба, сега дилеми веќе нема. Пораката е: или ќе ми дадеш, или ќе те ебам. Па ти, сега, бирај.

Драган Павловиќ - Латас; во колумна во весникот Вечер, 07.11.11.

08.11 2011
1

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото