Боли глава

Детето-џин

Проектот „Скопје 2014“ изгледа како дете-џин да ги истурило тука своите Playmobil играчки од планетата Фантазија.

Adelheid Wölfl, DER STANDARD, 24.10.11.

26.10 2011
Моменти

Учеството на опозицијата во процесите не се мери со учество на вечери, модни презентации и коктели, туку преку учество на значајните одбележувања и моменти.

Илија Димовски, пратеник; „Дневник“, 22.10.11.

25.10 2011
Хитлер, Сталин и Хилари

Па, се разбира дека нема никаква разлика во моралниот образец помеѓу еден Нерон или Калигула, Хитлер или Сталин и Хилари, освен во перцепцијата, која е второ име за пропагандна лага. Сите тие во своето време манифестирале апсолутна слобода (лудило) во изразувањето на сопствената моќ.
Мирка Велиновска, „Нова Македонија“, 21.10.11.

нема
23.10 2011
Немам намера да проверам

Фокус: Колкава е вкупната вредност на сите тендери што „Република“ ги добила од државни институции и фирми во периодот од 2006 до денес, со оглед дека на сајтот Е-набавки нема податоци за тендерите постари од 2008, а ако добро пресметавме, во периодот по 2008 сте добиле сума од околу, 4,3 милиони евра?
Пешев: Ова е прашање за нашето сметководство и луѓето кои ги работат финансиите. Можеби е и точна сумата, не би знаел и немам намера да проверам.
Иван Пешев, сопственик на фамозната агенција „Република“, во интервју за „Фокус“; 20.10.11.

нема
22.10 2011
Калашите под закана

Некои од муслиманите се обидуваат да влијаат врз Калашите да ја сменат верата и им читаат одделни делови од Куранот, пренесува Ројтерс. Млад припадник на племето пред еден месец имал сообраќајна несреќа. Кога се разбудил во постела, видел 20-тина муслимани околу него кои го убедувале дека тој за време на комата го прифатил исламот и станал муслиман.
Курир го пренесува Ројтерс; 21.10.11.

нема
21.10 2011

Со оглед дека спомнатата личност (новинарот Борјан Јовановски) е добро позната на македонската јавност и инволвирана во низа скандали и афери, јас би се воздржал од коментар. Очигледно претходно нарачаното прашање беше во функција за подготовка на терен за следната година за повлекување на препораката, доколку до тогаш не се реши спорот за името.

Никола Груевски на пола страница „се воздржува од коментар“ со уште еден жесток напад врз новинар; „Плусинфо“, 18.10.11.

19.10 2011
6

По една година или две кога ќе се соочиме со фијаското од тактиката, двете земји ќе бидат многу подалеку од решение, отколку што се сега. Ова прашање не се решава со сила, особено не на ваков начин, кога целиот притисок се става на едната страна, а на другиот скоро и да нема притисок. Нашиот народ вели: „не можат по атот, па по самарот“.

Никола Груевски најавува уште поголема тензија со Грција; „Вест“, 17.10.11.

18.10 2011
5

Македонците треба, час поскоро, да не ги повторуваат Србите, да го отфрлат ова популистичко руво од себе, а нивната идеологија да ја прележат како детска болест. Да ја отфрлат вампирската, исцицувачка дпмневштина , која глуми некаков балкански ЏУЏЕСТ ПУТИНИЗАМ во Македонија.

Љубомир Д. ФрчкоскиПлусинфо“, 14.10.11.

17.10 2011
1

Ако работиме макотрпно, а сме блокирани од виртуелен спор, сигурни сме дека сме вложиле не половина помалку, туку три пати повеќе во процесот на евроинтеграции. Не сме работеле со половина срце, туку со три срца.

Никола Груевски, реакција на европскиот извештај; „Плусинфо“, 12.10.11.

13.10 2011
2
Не ни треба признание

Не ни треба ниту признание, ниту потврда за тоа што сме. Сме биле и ќе бидеме Македонија.

Ѓорѓe Иванов, „Дневник“, 10.10.11.

12.10 2011
Комунисти

Опозицијата и власта си докажуваат кој е поголем комунист.
поднаслов во „Дневник“, уредуван од антикомунистичкиот „комесар“ кој прашува: „На чија страна е денес Сојузот на борците - на страната на комунизмот или на страната на Македонија?“, 10.10.2011

нема
10.10 2011
Име

Името е сè што имаш.

Драган Павловиќ - Латас, познат по „патриотската“ теза: „Да знаат: не ми смета, за надвор од овде, да имаме друго име.“; „Вечер“, 10.10.11.

10.10 2011
Леле, колку сум паметен

Со цел да се заштитат сите граѓани, а во склад со безбедносната проценка на надлежните, државата мора да ги одложи или забрани премногу ризичните настани. На тој начин се штитат граѓаните, припадниците на ЛГБТ заедницата и се превенираат последиците од насилство и можното губење човечки животи.

Борис Тадиќ, претседател на Србија, агенција Beta, 30.09.11.

06.10 2011

Никаде на светот, а најмалку во Македонија, не постои институција што има право да го цени мојот индивидуален чин. Тоа право го има само народот. Мојот народ. Македонскиот народ!

Миленко Неделковски, off-road возач; „Публика“, 30.09.11.

03.10 2011
1

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото