Боли глава

По една година или две кога ќе се соочиме со фијаското од тактиката, двете земји ќе бидат многу подалеку од решение, отколку што се сега. Ова прашање не се решава со сила, особено не на ваков начин, кога целиот притисок се става на едната страна, а на другиот скоро и да нема притисок. Нашиот народ вели: „не можат по атот, па по самарот“.

Никола Груевски најавува уште поголема тензија со Грција; „Вест“, 17.10.11.

18.10 2011
5

Македонците треба, час поскоро, да не ги повторуваат Србите, да го отфрлат ова популистичко руво од себе, а нивната идеологија да ја прележат како детска болест. Да ја отфрлат вампирската, исцицувачка дпмневштина , која глуми некаков балкански ЏУЏЕСТ ПУТИНИЗАМ во Македонија.

Љубомир Д. ФрчкоскиПлусинфо“, 14.10.11.

17.10 2011
1

Ако работиме макотрпно, а сме блокирани од виртуелен спор, сигурни сме дека сме вложиле не половина помалку, туку три пати повеќе во процесот на евроинтеграции. Не сме работеле со половина срце, туку со три срца.

Никола Груевски, реакција на европскиот извештај; „Плусинфо“, 12.10.11.

13.10 2011
2
Не ни треба признание

Не ни треба ниту признание, ниту потврда за тоа што сме. Сме биле и ќе бидеме Македонија.

Ѓорѓe Иванов, „Дневник“, 10.10.11.

12.10 2011
Комунисти

Опозицијата и власта си докажуваат кој е поголем комунист.
поднаслов во „Дневник“, уредуван од антикомунистичкиот „комесар“ кој прашува: „На чија страна е денес Сојузот на борците - на страната на комунизмот или на страната на Македонија?“, 10.10.2011

нема
10.10 2011
Име

Името е сè што имаш.

Драган Павловиќ - Латас, познат по „патриотската“ теза: „Да знаат: не ми смета, за надвор од овде, да имаме друго име.“; „Вечер“, 10.10.11.

10.10 2011
Леле, колку сум паметен

Со цел да се заштитат сите граѓани, а во склад со безбедносната проценка на надлежните, државата мора да ги одложи или забрани премногу ризичните настани. На тој начин се штитат граѓаните, припадниците на ЛГБТ заедницата и се превенираат последиците од насилство и можното губење човечки животи.

Борис Тадиќ, претседател на Србија, агенција Beta, 30.09.11.

06.10 2011

Никаде на светот, а најмалку во Македонија, не постои институција што има право да го цени мојот индивидуален чин. Тоа право го има само народот. Мојот народ. Македонскиот народ!

Миленко Неделковски, off-road возач; „Публика“, 30.09.11.

03.10 2011
1

Прво сакаат брак, па да посвојат дете, и на крајот, и да го обљубат истото?!

Бобан Нонковиќ, новинар, „Дневник“, 23.09.11.

28.09 2011
5
Помакедонски Македонци

Состојбите, кои досега редовно ги следеа масовните собири по повод новогодишни прослави и партиски митинзи, во последниве славенички искуства на Македонија целосно изостанаа, отворајќи го прашањето дали на улиците излезе некоја нова генерација на Македонци, потолерантна, посамоосвестена, помакедонска?

Александар Србиновски, Нова Македонија, 22.09.11.

22.09 2011
Туристи од целиот свет, дојдете!

Од туризам новото Скопје би го исплатиле во 2035 година.

Наслов на статија во Нова Македонија, 21.09.11.

21.09 2011

Изгради ја капијата, победите сами ќе дојдат!

Ивона Талеска, на телевизија Сител, пренос од пристигнувањето на кошаркарите, 19.9.11.

20.09 2011
1
Едно е сè

Да знаете дека оваа Македонија, нашата Македонија, е една и грчка и покрај тоа што на некои ова не им се допаѓа.

Антонис Самарас, претседател на Неа Демократија; „Плусинфо“, 19.09.11.

19.09 2011
Будали и споменици

А на кои сè будали луѓето им подигнаа споменик, дури и на мене, за време на животот!

Велимир Бата Живоиновиќ, актер, долгогодишен пратеник на СПС, на прашањето дали е време за подигнување споменик на Слободан Милошевиќ („Вечерњи новости“)

16.09 2011

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото