Боли глава

Олимпијада на Марс

Спектаклот на осми септември ќе биде како да е отворање на Олимпијада во 2034 година на Марс.

Сташа Зуровац, кореограф од Хрватска; „Вест“, 03.09.11.

07.09 2011
Подароци

Најубавиот подарок за мојот роденден е најновата индиска инвестиција во Бунарџик. Исто така тоа е подарок од мене за македонскиот народ.

Никола Груевски, премиер; „Вест“, 03.09.11.

06.09 2011

Во Македонија има нагласен плурализам во медиумите, зашто работат над 100 информативни интернет-портали - oд кои 20 се национални, илјадници блогови и 600.000-700.000 корисници на Фејсбук. На овие мрежи се дискутира за различни настани, вклучително и за политичките.

Влатко Ѓорчев, пратеник, на собраниска седница; Плусинфо.мк, 05.09.11

05.09 2011
1
Наслов

Воинот на коњ сведок на победата на Македонија
Курир, 04.09.11

нема
05.09 2011
Од овде до вечноста

Вечерва, уште еднаш, на плоштадот Македонија, ќе оживее духот на Александар Македонски. Фонтаната, на која воинот на коњ од 8-ми месецов па се до вечноста будно ќе бдее над својот народ, вечерва ќе биде повторно пробно пуштена во употреба.
МРТ прилог, 02.09.11.

нема
03.09 2011

Ако ми речат дека сум антифашист, тоа за мене е навреда.

Томислав Карамарко, министер за внатрешни работи на Хрватска; tportal, 24.08.11.

02.09 2011
1

Тие немаат храброст да напишат писмо до „Дневник“, лично да ми се обратат, море ако треба и нос да ми скршат на улица, тие не се кадарни ниту „патлак“ да измерат како доблесни мажи. Туку тие, ѓоа мивки - тужибаби, решиле, а и табак свиткале богати, па напишале писмо еееееј - до Германија! Зашто, тие така си думаат - друг ќе реши за мојата кожа и за нивната бунда. Мене да ми се скине кожата, ним да им се наконти бундата.

Зоран Димитровски, главен уредник на „Дневник“; 28.08.11.

29.08 2011
1

Горда сум што сум послушник на премиерот Никола Груевски.

Бети Кузмановска, пратеничка, на собраниска седница; „Фокус“, 26.08.11.

26.08 2011
1

Исто така МВР во рамки на превентивните активности започна изработка на проект со кој министерството за информатичко општество, со кој треба да биде достапна на возач да има андроид апликација која што ќе може да биде симната на мобилните телефони на возачите и која што ќе ги предупредува кога ќе се доближуваат на местото каде што има радарска контрола.

Иво Котевски, портпарол на МВР; „МРТ“, 23.08.11.

24.08 2011
4
Суеверна младина

Според истражувањата, над 35 насто од студентската популација преземаат одредени ритуали пред да полагаат испит верувајќи дека тоа ќе им помогне да ја добијат фамозната шестка. Ако порано суеверието најчесто се врзуваше за возрасната и помалку образованата популација, сега состојбите се поинакви. Сè поголем број од младите влегуваат во лавиринтот на гатањето и ритуалите со кои сакаат да решат дел од актуелните проблеми или да си ја дознаат иднината.

МРТВ, 22.08.11.

23.08 2011

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија.

Соопштение на Министерството за труд и социјална политикаping.mk, 22.08.11.

22.08 2011
1
Пречек

Идните информатичари што ќе освојат злато или сребро лично ќе ги пречекам на аеродром.

Панче Кралев, министерот за образование не ги дочека македонските информатичари што се вратија со медали од три натпревари; Утрински весник, 22.08.11.

22.08 2011

Поп пејачката Каролина Гочева ќе се спушти со кран до споменикот на Александар на скопскиот Плоштад, на свеченоста на 8 Септември, по повод 20 години независност. Со тоа, дознаваме, ќе заврши официјалниот дел на прославата, и ќе почна забавата која ќе биде крунисана со отворање на споменикот, пуштање на фонтаната и со спектакуларен огномет.

вест во „Вест“, 19.08.11.

нема
19.08 2011
1
Среден прст за Грците

Ова е нашиот начин да им речеме „еве ви го средниот прст“.

Анотонио Милошоски, пратеник

Извори: Guardian, 14.08.2011; + Инфо, 15.08.2011

18.08 2011

Препорачуваме

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

Истанбулското утро – кошмарот на Ердоган

Се олабавува рамката во која Турција живееше 22 години.

ОкоБоли главаВицФото