Боли глава

Љубители на предизвици

ВМРО-ДПМНЕ сака предизвици, ама, зарем мораше да го добиеме најголемиот - светската економска криза....

Никола Груевски, на промоцијата на Манифестот, 14.05.11.

16.05 2011

За тие па­ри (500 ев­ра за гроб­но мес­то) и Шем­са Су­ља­ко­виќ ако са­кам ќе ја вик­нам да пее на пог­ре­бот и ни­кој не­ма пра­во да ми ка­же кој тре­ба да го пог­ре­бе мо­јот тат­ко.

Мо­на­хи­ња­ на ПОА на погреб на сопствен татко им се обраќа на попречувачите на погребот; „Вест“, 13.05.11.

13.05 2011
14
Пусти желби...

Зголемување на економскиот раст, одржување на макроекономската стабилност и стабилноста на девизниот курс, изградба на инфраструктурни проекти, како и зголемувањето на странски и домашни инвестиции, интеграцијата во ЕУ и НАТО, како и решавање на спорот со Грција, но без загрозување на националниот идентитет, борбата против криминалот и корупцијата, реформи во судството, инвестиции во образованието и здравството, воспоставување на одржливо ниво на јавниот долг преку одржување на умерено ниво на буџетски дефицит, спроведување на активни политики за вработување...

Од Одлуката за утврдување на стратегиските приоритети на Владата во 2012 година; Утрински весник, 13.05.11.

13.05 2011
Списоците или мотивите?

Слични списоци имало на сите досегашни избори, но за волја на вистината никој немал таков политички мотив како телевизиската партија со газда зад решетки, која влезе во чевлите на опозициската СДСМ за да ја истера аферата „до крај“.

Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник на Дневник, 10.05.2011

11.05 2011

А1 не е телевизија. А1 е политичка партија во коалиција со СДСМ, А1 учествува со кандидати со пратеници на листите на СДСМ. Затоа А1 со ниска вулгарна и безобразна пропаганда мора да си ја одработи улогата што ја има добиено од Бранко Црвенковски. Жалиме што луѓето што се претставуваат како новинари, всушност, ја злоупотребуваат новинарската титула, всушност, тие се партиски активисти.

Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ; Утрински весник, 10.05.11.

10.05 2011
1
Не признавам

Не го признавам овој закон за „лустери“, го признавам само судот на мојата партија и законите на СФРЈ и СРМ.

Слободан Угриновски, претседател на Титови леви сили; „Шпиц“, 07.05.11.

09.05 2011

Зарем сакате багреми да посадиме?! Палмите асоцираат на море, на плажа.
Коце Трајановски, најсрамниот градоначалник во историјата на Скопје!; „Утрински весник“, 28.04.11.

30.04 2011
7

Добра е кантата.

Зоран Ставрески, вицепремиер; А1 ТВ, 29.04.11.
Овој човек е веројатно е еден од ретките, ако не и првиот Македонец кој ја имал честа неговата нова канта за ѓубре во дворот да му ја пуштаат во употреба министри, градоначалници и директори.
Најпрво вицепремиерот Ставревски ја потчукна кантата од грчкиот производител за да види дали е квалитетна.
„Добра е кантата“, рече Ставревски.

29.04 2011
1
Помош за Бранко

Независно дали се дава гласот за ВМРО Народна, дали се дава гласот за ОМ или за некоја друга од помалите партии, индиректно на тој начин му се помага на Бранко Црвенковски, што со тој глас не се поддржува ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски, премиер на Р. Македонија, А1, 27.04.11.

29.04 2011

Со ова централното градско подрачје ќе добие нов лик, еден класичен лик, еден лик на старо Скопје, што ќе значи нов имиџ на градот Скопје.

Коце Трајановски, градоначалник, „Кајгана“, 27.04.11.

28.04 2011
1
Прецизно на крај

Кога ќе заврши изградбата, ќе ја знаеме точната цена на патеката.

Миле Јанакиески, министер; „Вест“, 23.04.11.

27.04 2011

Нашата намера е да ја воскреснеме Македонија.

Љубе Бошковски; А1 ТВ, 25.04.11

Виц икона
25.04 2011
Квантитетот во квалитет

Ако во минатото суштината беше како да го подигнеме квантитетот во смисла на учеството на граѓаните во образовниот процес, (...) од овој момент главната битка ќе се води за квалитетот на образованието.

Александар Спасеновски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ; „Шпиц“, 22.04.11.

нема
23.04 2011
Квантитетот во квалитет

Ако во минатото суштината беше како да го подигнеме квантитетот во смисла на учеството на граѓаните во образовниот процес, (...) од овој момент главната битка ќе се води за квалитетот на образованието.

Александар Спасеновски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ; „Шпиц“, 22.04.11.

нема
23.04 2011

Препорачуваме

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

Истанбулското утро – кошмарот на Ердоган

Се олабавува рамката во која Турција живееше 22 години.

Мирко Попов, денди во паланка

Дендизмот беше една од поголемите причини за неговите не(до)разбирања со околината.

ОкоБоли главаВицФото