Боли глава

Пакет за ОНА

Владата е подготвена да понуди работа и пари на лицата што ги предложила ДУИ, но доколку биде прашано, Владата на Македонија јавно ќе одрече секаква вмешаност во таков договор.

Никола Груевски, на средба со американскиот амбасадор во февруари 2008 година; според „викиликс“ документ, „Утрински весник“, 24.03.11.

01.04 2011
Батали политика

Ајде на садење, батали политика бар денес!

Слоган на владата на РМ, по повод „Денот на дрвото“; 31.03.11.

31.03 2011
Строго за економијата

Вие прашавте дали ќе бидат искористени за македонското стопанство. Да преку сè што исплаќаме од буџетот, било да се тоа капитални инвестиции коишто директно завршуваат во стопанството или пак исплата на плати и пензии кои што индиректно завршуваат во економијата, значи повторно ја поддржуваат економијата. (...) Јас се обидов стручно, научно да ви одговорам на прашањето и мислам дека на голем дел од новинарите им е јасен мојот одговор, ако вас не ви е јасен, немам други зборови со кои што можам да ви објаснам дека парите ќе завршат за поддршка на македонската економија.

Зоран Ставрески, министер за финансии, во разговор со новинари; А1 ТВ, 29.03.11.

30.03 2011
Демијурзи

Дали сме виновни ние што првпат во историјата на плурална Македонија, власта почна да гради и да создава?

Илија Димовски, „Дневник“, 29.03.11.

29.03 2011
Ленин и Путин

Благодарение на нашиов Ленин и на поговорката на неговиот балсамиран истоименик, „Учи, учи и само учи“, еве, разбрав дека Путин бил и моторџија. Знам дека лови тигри, птици во лет, риби, дека е џудист, дека тестира нови модели возила, пилотира во воздух, жонглира на вода, под вода, но не знаев дека бил и виртуоз на две тркала. Тој уште како претседател на Русија заедно со наш Ленин рамо до рамо возеле мотори на бајкерско дефиле во Севастопол. А такви ситуации раѓаат заедништво.

Катерина Блажевска, „Дневник“, 26.03.11.

28.03 2011

И ко ќе умрам ако ве убедва некој дека сум бил вмроец да знајте го згрешил погребот...
@Marjan_H

Како знаеш дека се ближат избори!? - По тоа што се оди и по гробишта за гласови.
@NovinarkaSkopje

Не го утнале они погребот. Бранко ги сменил мртовците! #vmroDoSmrt
@Brajan_Pesot

Твитовите се поттикнати од текстот од Вест: ВМРО-вци кај пог­ре­шен мр­то­вец

Виц икона
25.03 2011

Ние ќе направиме сè како во текот на три години, со нашите зборови да укажеме дека оваа работа не е наивна и дека оваа работа е опасна, на крајот ние од зборовите ќе прејдеме на песни и можеби ќе организираме свечено пеење на нов ремикс „Ко не слуша песму, слушаче олују“ пред Владата на Р.Македонија, па можеби така со песна ќе нè разберат подобро.

Рамадан Рамадани, од Одборот за возобновување на Бурмали џамија; А1 ТВ, 21.03.11.

Виц икона
23.03 2011
Пеперугата и цунамито

Кога Никола Груевски фрла лопата за изградба на некој објект во Македонија, гледаме дека во Чешка растат згради и објекти!

Љубе Бошкоски; „Фокус“, 18.03.11.

21.03 2011
Преку прозор

Ако министрите од ДУИ од владата ги избркаат од врата, тие ќе влезат преку прозорци!
Флора Кадриу, пратеник; А1 ТВ, 18.03.11.

18.03 2011
Турирање

Да изброиме – ова се веќе петти избори, во рок од пет години! Што претставува тоа? Демократија? Нема врска. Тоа е стил, тоа е начин на владеење. Да направиме една споредба: тоа е како да сте се качиле во некое такси со возач кој цело време „турира“ и ви зборува или за неговите наводни квалитети и успеси или ве советува што е најпаметно да направите! Човекот цело време дава гас докрај, колата „вреска“ и се распаѓа, а тој на цел глас не престанува да се фали како е многу убав, најубав, најпаметен, највреден, најчесен... дека сите останати таксисти (освен, се разбира, оние од неговото здружение), се никакви, ништо не знаат, поим немаат, лажат, крадат ... а дека за вас е најпаметно да учите, да не абортирате, да си посадите дрвца во дворот... Како ќе се чувствувате во тоа такси? Е па – како што се чувствуваме сите ние секој ден!

Ванчо Узунов, професор по економија; „Утрински весник“,17.03.11.

17.03 2011
Харли Девидсон

Очигледно е дека оваа власт е евроатланска, колку што баба ми знаеше да вози мотор „харли девидсон“.

Љубомир Фрчкоски, „Дневник“, 15.03.11.

15.03 2011
Свињокол

Човекот не гледа во изборите политички процес туку свињокол. Тој го има казанот, ги има ножевите, ја има дружината што ќе го брка животното по дворот, има врела вода и престилка од бела пластика, ченгели обесени под стреата, малку страв и многу стрв и ја има војската на која ќе и’ ги продаде паштетите, шварглите и чварките. Проекцијата не се однесува само на Бранкота. Секој што ќе излезе на избори ризикува да заврши како свиња ако претходно некој не му ги собере ножевите на нашиот мераклија.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 08.03.11.

09.03 2011
Средство за лична комоција

Ако на сето ова се додадат и хајките што се прават против луѓето кои ќе се дрзнат да кажат макар и по еден збор со резерва или критика, ќе дојдеме до вистинската ситуација. Медиумот како средство за лична комоција. Нема разлика дали тоа е бизнис-интерес, политички интерес или суета. Сè е исто.

Илија Димовски, пратеник, не зборува, се чини, за ДПМНЕ, МТВ, Сител, Канал 5 итн.; „Дневник“, 08.03.11.

08.03 2011

Во последно време лица со помрачени умови продуцираат мрачни сценарија за изборите.

Ѓорге Иванов, претседател; А1 ТВ, 07.03.11

07.03 2011
1

Препорачуваме

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото