Боли глава

Училишта и болници

Да ги плател кланот на Велија тие 20 милиони евра, кои се наши, подвлечено наши буџетски пари, ќе се изградеа најмалку пет училишта, најмалку две болници... наместо тоа, Велија ни ги земал и градел за себе. И своите. Ние, убедливото мнозинство кое ги плаќа своите даноци, баравме Владата и Судот да се справат со ваквите кланови. И, сега, тие го прават тоа.

Драган П. Латас, „Вечер“, 31.01.11.

31.01 2011

Се апелира до одбраната на обвинетите во овој судски случај да ги почитуваат и штитат правата и интересите на обвинетите во законска и судска постапка, за што не се потребни мислења на самопрогласени експерти кои даваат паушални оценки и мислења без увид во конкретниот предмет во кој впрочем и неможе да имаат, туку примена на пропишани правни институти согласно законот.
од Соопштението за јавност за случајот „Пајажина“; Основен суд Скопје 1, 25.01.11.

Виц икона
29.01 2011
Штета за имиџот на Владата

Цениме дека протестот пред објектот на Владата што го организираа група лица вработени во компании коишто имаат седиште на улицата Перо Наков" бб, е манипулација и злоупотреба на медиумот за нанесување на штета на имиџот на Владата, во функција на остварување на лични и политички интереси на поединци и партии.

Влада на Република Македонија, соопштение до медиумите, 28.01.2010

29.01 2011
Џвакање кока

Пред три години, кога боливискиот претседател Моралес му подарил на Чавес листови кока, тој почнал да ги џвака пред присутните. Велат, предизвикал бурен аплауз. Не е ли крајно време Чавес и Моралес да ја посетат братска Македонија? Ако притоа дојдат и Мугабе заедно со Кралицата Шиба Трета од Нубиа (Гана) и Хунзите од Пакистан, белким ќе се создаде критична маса за севселенски македонски конгрес. Конечно би се обединиле движењата „Граѓани за јужноамериканска Македонија“, „Граѓани за африканска Македонија“ и „Граѓани за азиска Македонија“. Што ќе се случи ако на конгресот Моралес му подари лист од кока на поранешниот социјалист Иванов? Кој традиционален антидепресив ќе му биде понуден на нашиот пријател - валандовска тревка или чај од афион?

Жарко Трајаноски, „Дневник“, 26.01.11.

27.01 2011
Гебелс од народот

Илјадапати повторена лага станува вистина, вели народот.

Никола Груевски за „народна“ ја прогласува славната изрека на Гебелс; од интервјуто за МИА (долго 53 страници!), 13.01.11.

26.01 2011
Козите, зелката и тунисот

Главната коза ги викнала другите кози на лидерска средба на која требало да се договорат како да ја чуваат зелката. Средбата се одржала во Јасен.

Луѓето што ја грицкаат супстанцата на Македонија како што црвите ги грицкаат столбовите на една дрвена куќа се собрале да се договорат како да го заштитат предметот на својата деструкција. Тоа не е бесмислена работа. Треба да се обезбеди материјалот за грицкање да трае колку што е можно подолго. Во комуникацијата со простата маса тоа го викаат заштита на националните интереси. Малку-помалку, простата маса, меѓутоа, вика: овие не’ ебат у здрав мозок, бе, луѓе. Да му пукне на човека тунисот.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 25.01.11.

25.01 2011
Внесување забунa

Тасева внесува забуна и се умилкува на Бранко Црвенковски и СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ гледиштата на Слаѓана Тасева се нерелевантни и ги прифаќаме како став на политички субјект, а не како експерт од невладиниот сектор.

Александар Бичиклиски, портпарол, „аргументира“ против Слаѓана Тасева која најави кривична пријава за вицепремиерот Ставревски поради огромните суми кои од државниот буџет ги префрлил на сметката на владеачката партија

24.01 2011

Но, ние имаме нови идеи. Во шлеперот може да има помал шлепер, а во него уште помал, како мафијашки, нели!

Александар Станковски, македонски претставник на биеналото во Венеција; „Утрински весник“, 21.01.11.

Виц икона
22.01 2011
Луѓе низ медиумите

Си размислувам, зошто луѓето не работат на издигнување на својата култура, поединечно. Веројатно бидејќи се „замасавени“ од досадните коментирања на „експертите“, НВО и сл. Оваа појава на луѓе низ медиумите ги влече надолу корисните и конструктивни коментари.

Зоран, коментар на „Окно“, 21.01.11.

21.01 2011
Држава-фамилија

Она што е константа е перманентната љубов на луѓето спрема Република Српска, без неа нема ни семеен живот.

Милорад Додик, претседател на Република Српска; „Е-Новине“, 18.01.11.

20.01 2011
Три стила

Од друга страна, стиловите на зградите кои се градат се главно три и ниту еден не е антички. Тоа е современиот стил, барокот и неокласицизмот.

Никола Груевски, во интервју за МИА; 13.01.11.

18.01 2011
Овци, мажи и жени

Ако се дозволи брак на маж со маж или на жена со жена, тогаш нека се женат и мажат и со овци, крави, со сите животни. Тоа нè води близу до пропаста на светот.

Петар, владика преспанско-пелагониски, на предбожикна средба со новинарите; „Утрински весник“, 14.01.11.

17.01 2011
Културен напредок

Културниот напредок е само дел од сеопштиот напредок на кој работиме.

Никола Груевски, во интервју за МИА; 13.01.11.

17.01 2011
Б. Ц. контра десет илјади

Нема да дозволиме кариерата на Бранко Црвенковски да е побитна од судбината на десетици илјади земјоделски семејства. Ако потклекнеме тука, сме погрешиле. Ако истраеме, сме ја направиле правилната работа.

Никола Груевски, во интервју за МИА; 13.01.11.

15.01 2011

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото