Боли глава

Но, ние имаме нови идеи. Во шлеперот може да има помал шлепер, а во него уште помал, како мафијашки, нели!

Александар Станковски, македонски претставник на биеналото во Венеција; „Утрински весник“, 21.01.11.

Виц икона
22.01 2011
Луѓе низ медиумите

Си размислувам, зошто луѓето не работат на издигнување на својата култура, поединечно. Веројатно бидејќи се „замасавени“ од досадните коментирања на „експертите“, НВО и сл. Оваа појава на луѓе низ медиумите ги влече надолу корисните и конструктивни коментари.

Зоран, коментар на „Окно“, 21.01.11.

21.01 2011
Држава-фамилија

Она што е константа е перманентната љубов на луѓето спрема Република Српска, без неа нема ни семеен живот.

Милорад Додик, претседател на Република Српска; „Е-Новине“, 18.01.11.

20.01 2011
Три стила

Од друга страна, стиловите на зградите кои се градат се главно три и ниту еден не е антички. Тоа е современиот стил, барокот и неокласицизмот.

Никола Груевски, во интервју за МИА; 13.01.11.

18.01 2011
Овци, мажи и жени

Ако се дозволи брак на маж со маж или на жена со жена, тогаш нека се женат и мажат и со овци, крави, со сите животни. Тоа нè води близу до пропаста на светот.

Петар, владика преспанско-пелагониски, на предбожикна средба со новинарите; „Утрински весник“, 14.01.11.

17.01 2011
Културен напредок

Културниот напредок е само дел од сеопштиот напредок на кој работиме.

Никола Груевски, во интервју за МИА; 13.01.11.

17.01 2011
Б. Ц. контра десет илјади

Нема да дозволиме кариерата на Бранко Црвенковски да е побитна од судбината на десетици илјади земјоделски семејства. Ако потклекнеме тука, сме погрешиле. Ако истраеме, сме ја направиле правилната работа.

Никола Груевски, во интервју за МИА; 13.01.11.

15.01 2011

Замислете Господ да создал два мажи или две жени. Или да создал два машки мајмуни или два женски мајмуни, па од нив да се направеше човек. Тогаш историјата ќе траеше многу кратко. (...) Неприродно е да има брак меѓу луѓе од ист пол. Општеството, државата треба да ги згрижи хомосексуалците.

Г.Г. Стефан, aрхиепископ Охридско–Македонски, во божиќна литургија; „Кирилица“, 08.01.11.

14.01 2011
2
Асанж тужител

Депешите се мои и ќе Ве тужам ако ги објавите без мое одобрување.

Џулијан Асанж, сопственикот на „Викиликс“ му се заканува на „Гардијан“, кој стигна до тајните документи преку извор од „Викиликс“; „Утрински весник“, 10.01.11.

13.01 2011
Предавникот мора да се пријави самиот

Калкулантството, комодитетот и апатриотските чувства се далечни и не се дел од македонскиот вредносен систем. Барем оној кој го паметиме од нашите предци. Сите имаат право да размислуваат и поинаку, но тоа мора да го споделат и да го соопштат на македонската јавност.

Илија Димовски, „Дневник“, 11.01.10.

12.01 2011
И Господ е Македонец

Веруваме дека Божјата правда и вистина се на наша страна и затоа да не се плашиме од никаква сила и закана, туку да опстоиме на нашето право да го браниме своето.

г.г. Стефан, поглавар на МПЦ; „МИА“, 05.01.11.

11.01 2011
Рождение без скончание

Христовото Рождение нè научи да го следиме кон совршена добрина и совршена премудрост на милостието Божје, на благодатта и смирението што ни ја всели во душата. Бог е совршена Љубов без скончание. Ако Он ги зголемуваше своите милости кон оние што живееле, што живеат, и ќе живеат, светот не би можел да продолжи.

Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, во божиќна честитка до граѓаните; „Курир“, 05.01.11.

11.01 2011
Национална инсомнија

-Проблемите кои ги има нацијата, го мачат и Иванов.

-Не е лесно да се заспива со проблемите на нацијата.Некогаш поминувам цели ноќи во размислување и во читање на книги и разни анализи.

Ѓорге Томиќ, новинар, и Ѓорге Иванов, претседател, во прилог на „Канал 5 ТВ“, 06.01.11.

10.01 2011

Вранишковски не беше актуелен случај ни тогаш кога беше актуелен случај. Како што уште пред неколку години една ваша колешка, жал ми е што во моментов не можам да се сетам за нејзиното име, убаво го опиша скандалот со Вранишковски: тоа е како сообраќаец да казни возач на „фиќо“ затоа што возел со брзина од 300 километри на час.
Митрополит Методиј, „Дневник“, 06.01.11.

Виц икона
08.01 2011

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото