Боли глава

Обичаи од турско

Нашата полиција го прави она што било познато во турско. Пред да му биде утврдена вината, осомничениот да го „прошета по пазарот“ со табла околу вратот на која пишува „јас сум криминалец“.

Ѓорѓи Спасов, „Утрински весник“, 27.12.10.

28.12 2010
Новиот Саше Богородичка

Политиката каква-таква сме ја прифатиле и сме ставиле правила на игра, формата е еден од најзначајните делови на неа, формата, како ќе кажеш, што ќе кажеш, кога ќе го кажеш - императив на овој свет. Кај Бог е подвигот, подвигот на љубовта, ништо друго не се бара од нас, колку благ татко имаме, нели? Никој не е совршен но затоа, дури и на сила, плакнете уста со убави зборови, дури и да не го мислите тоа, ширете позитива... Среќна Нова година, Да сте живи и здрави, Се најубаво, Здравје, пари, среќа, Да ви се исполнат сите желби, ... верглајте го ова...цела година, но ако ви е премногу празно тогаш, одете право на изворот на суштината - љубовта, земете бројаница и само ова - "Господи Исусе Христе, помилуј нас" - бесконечно пати!

Јанко Илковски, „Вечер“, 24.2.10.

27.12 2010

Наместо да биде уапсен ко човек дома, Велија се обиде да отиде во А1 ТВ.
Драган Павловиќ Латас, „Сител“, 24.12.10.

Виц икона
24.12 2010
1
Греј гус

За време на последните собраниски расправи ја открив вотката „Греј Гус“ - феноменална пијачка која ми овозможи да ја гледам парламентарната помија, а да не се чувствувам како свиња.
Вината на „Тиквеш“ ме стимулираат да влезам во расправа. Пивото „Скопско“ ми прави стомачна сапуница од која ми доаѓа да повратам нови количества помија, а ракиите од Зелено пазарче ме тераат да го скршам телевизорот или да си ја задавам мачката.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 21.12.10.

22.12 2010

Вечерва ја правев картата на Македонија од брашно, проект на Илина за во училиште. Го гушкаме тестото македонско.

Валентина Божиновска; „Публика“, 18.12.10.

21.12 2010
1
Груевски го спасува СДСМ

Нека не се грижи, дека некој ќе му направел атентат. Не дај боже. Пу, пу, пу, на страна да е. Јас со задоволство ќе ја искористам шансата на наредните редовни избори да му помогнам на СДСМ да се ослободи од баластот на минатото на Бранко и на неговата дружина и конечно да почнат реформите и во таа партија.

Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на партиски собир; 19.12.10.

20.12 2010
Хосни и Николае

Побргу на избори ќе падне Хосни Мубарак отколку Николае Груевски. Имам најмалку три аргументи, односно групи аргументи, во прилог на оваа теза; мислам дека пред парите, институционалните ресурси и решеноста да ги употреби и злоупотреби толку колку што е потребно не само да ја задржи власта туку да ја задржи и комоцијата на власта, Груевски го фаворизира фактот (Звонимир Берковиќ) дека Внатрешната македонска контрареволуционерна инсталација најадекватно ги изразува инцестуозната коруптивност, ниското ниво на аспирациите, расипаноста и некултурата на народот; односно, таа организација ја претставува најприродната природа на народот кој се доживува себеси неприродно; го претставува народот кој не може да се поднесе себе си како модерност, односно како нација, и кој постојано тендира кон преднационалните и преддржавните форми.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 14.12.10.

20.12 2010
Крал

Го помагам ВМРО, го помагам СДСМ, е на што да се надевам - крал да бидам?

Велија Рамковски, во интервју за „Шпиц“, 17.12.10.

17.12 2010
Коледарски оган

Зошто најголемиот коледарски оган го направивте со материјалите за јавни набавки во Министерството за култура? Каде се парите?

Јани Макрадули, пратеник, во Собранието од министерката за култура бара одговор за уништените финансиски документи; 15.12.10.

17.12 2010
Метла за Собранието

Надвор пред Собранието не е исчистено. Ве молам можете таму да појдете, метлата да ја земете, да го исчистите Собранието пред дворот.

Трајко Вељановски, претседател на Собранието, им се обраќа на пратениците од опозицијата; 15.12.10.

16.12 2010

Да се кладиме дека доколку сега излеземе на улица мене ќе ме поздрават 100 луѓе, а тебе никој. Јас сум бре за тебе бренд, јас сум за тебе Кока-Кола.

Амди Бајрам во собрание му се обраќа на колегата пратеник Јани Макрадули; 14.12.10.

15.12 2010
1
Елита од обични луѓе

Во таа, нивна лева елита, нема место за обичните, нормални и просечни луѓе. Но за таа, нивна лева елита повеќе нема место кај обичните нормални и разумни луѓе. Јас не им забележувам за нив, нека бидат какви сакаат, но со полно право забележувам зошто оставаат лоши траги врз сите останати. Нека бидат барем малку помалку арогантни и малку повеќе умешни.

Илија Димовски, пратеник; „Дневник“, 14.12.10.

14.12 2010
Лебедово езеро

Половина од овие пратеници да ги викнете, да ги поканите на „Лебедово езеро“ ќе дојдат со костими за капење, толку знаете култура.

Емилијан Станковиќ, пратеник, во собраниска расправа; 08.12.10.

13.12 2010
Ѓубреџија

Се­ди долу, ѓубре!

Илија Димовски, пратеник на ДПМНЕ, и’ се обраќа во собрание на Радмила Шеќеринска, пратеник на СДСМ; „Вест“, 09.12.10.

10.12 2010

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото