1003 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:59
Да се кладиме дека доколку сега излеземе на улица мене ќе ме поздрават 100 луѓе, а тебе никој. Јас сум бре за тебе бренд, јас сум за тебе Кока-Кола.
Амди Бајрам во собрание му се обраќа на колегата пратеник Јани Макрадули; 14.12.10.
Во таа, нивна лева елита, нема место за обичните, нормални и просечни луѓе. Но за таа, нивна лева елита повеќе нема место кај обичните нормални и разумни луѓе. Јас не им забележувам за нив, нека бидат какви сакаат, но со полно право забележувам зошто оставаат лоши траги врз сите останати. Нека бидат барем малку помалку арогантни и малку повеќе умешни.
Илија Димовски, пратеник; „Дневник“, 14.12.10.
Зошто тогаш го правите споменикот?
- А зошто да не?
А зошто да, ако нешто правите, претпоставувам дека имате идеи зошто го правите тоа?
- Па, Александар Велики е позната личност во светската цивилизација и оценивме дека треба да се направи.
Никола Груевски одговара на прашањата на новинарка на Б92 ТВ; 06.12.10.
Првиот контакт со него го имав кога беше седмо одделение и кога едно дете во училиште му го украде пиштолот – италијанска Берета. Тогаш со еден мој колега од Едиицата одевме на задача во училиштето да го најдеме тоа дете и да го вратиме пиштолот.
Насер Ориќ, мафијаш и недокажан воен злосторник, го објаснува својот прв контакт со Марко Милошевиќ (проблематичниот син на Слободан Милошевиќ) додека бил во служба во полицијата; Sarajevo - x.com, 2.12.10.
Немој вакви стресови да му правиш на гласникот. Стар човек е, може лесно да се возбуди и да те напише во наредниот извештај дека вршиш притисок спротивно на Виенска конвенција за дипломатски односи, член 29. Ќе си пише рапорт дека прашањето му предизвикало непријатност и црвенило на лицето.
Мартин Мартиноски, портпарол на Владата, на Фејсбук; „Утрински весник“, 01.12.10.
Присутните коментираа дека Златко (бизнисменот Калеников) не можел подобро да избере - невестата е како бонбонче, шеќерче, како Снежана од Снежана и седумте џуџиња... Двојката се венча во црквата „Св. Богородица“, а благословот го доби лично од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, кој е нивен семеен пријател. На венчавката и' претходеше и регистрација во Матично по што сè било подготвено за големата прослава на љубовта.
Катерина Шекеровска, „Утрински весник“, 01.12.10
Во тие 4 милиони имаше и партиски пари од буџетот што ми ги плати. Тоа го знае и тој. Не правам јас криминал, тој го правеше криминалот. Борчи партијата. Ме замолува, не можам да ти платам, можам да ти платам преку фактурите од владините пари.
Велија Рамковски, во интервју за А1 ТВ; 28.11.10.
Господинот Груевски, владата и МВР нека одат да ги апсат „Викиликс“. Гледајте малку повеќе во компјутер, „Викиликс“ објавува страшни документи за сегашната влада. (...) Нека одат да ги присвојат компјутерите на „Викиликс“ и на ЦИА и тогаш ќе полемизираме.
Мендух Тачи, А1 ТВ, 28.11.10.
Треба почесто да се организираат вакви хуманитарни акции, бидејќи мислам дека граѓаните многу сакаат да купуваат износена облека.
Коце Трајановски, градоначалник на Скопје; „Фокус“, 26.11.10.
Веќе има група „Да се собереме 2.000 луѓе да ја ослободиме А1“ која за кратко време, од вчера, има над 27.000 фанови. (25.11.10.)
Извор: http://it.com.mk
OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.
Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.
Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.