Боли глава

Треба почесто да се организираат вакви хуманитарни акции, бидејќи мислам дека граѓаните многу сакаат да купуваат износена облека.
Коце Трајановски, градоначалник на Скопје; „Фокус“, 26.11.10.

Виц икона
27.11 2010

Веќе има група „Да се собереме 2.000 луѓе да ја ослободиме А1“ која за кратко време, од вчера, има над 27.000 фанови. (25.11.10.)

Извор: http://it.com.mk

Виц икона
26.11 2010
Поместен и изместен

Мисирков не треба да се помести. Груевски е тој што треба да се премести, бидејќи е изместен во мозокот.

Слободан Угриновски, претседател на партијата Титови леви сили, протестира против поместувањето на споменикот на Мисирков; „Шпиц“, 24.11.10.

25.11 2010
Шконтерот со парите

... Средноталентиран лик со натпросечен талент за манипулации... и склоност кон грабање туѓи пари. ...Лош ученик и непримерен другар... Шконтер, никогаш не практицирал вредности, како пријатели, семејство, татковина, соработници. ... Море, марш од тука! За мои пари ќе ме бламираш пред цел свет?!

Драган Павловиќ Латас го опишува Милчо Манчевски; „Вечер“, 22.11.10.

24.11 2010
Рака на лаење

Иако Скопје продолжува да лае, јас два пати ја пружам раката на пријателството.

Димитрис Друцас, грчки министер за надворешни работи; „Дневник“, 23.11.10.

23.11 2010
Сè по пропис!

Нема зошто денеска да се солидаризираме со колегите од светот, ние работите ги решаваме институционално.

Иван Жежовски, „институционализиран“ студентски лидер, „Шпиц“, 20.11.10.

22.11 2010
Оштетени

Но ние долго памтиме за да не би знаеле дека и кога би постоеле вонземјани кои праќаат енергија преку некој, нас овде таа среќа не би нè зафатила, бидејќи нам ништо не ни се подарува. Од нас само се зема од памтивек. Ни ги одземаат и си ги присвојуваат природните богатства од расните коњи до расните пци, од уметничките дела до вкусните босански јадења. Ни ги одземаат и за своите потреби ги натурализираат човечките таленти од врвните интелектуалци до врвните спортисти.

Мустафа Цериќ, босанскиот реис-ул-улема; Sarajevo-x.com, 16.11.10.

19.11 2010
Тежок избор

Левицата постојано ми вели дека треба да си одам дома, но ме става во сложена ситуација, бидејќи имам дваесетина куќи и не знам која да ја изберам.

Силвио Берлускони, премиер на Италија; Утрински весник, 18.11.10.

18.11 2010
Колку чини ноќта?

Инаку, по втор пат во помалку од еден месец премиерот престојува во најелитниот белгиски хотел - „Конрад“.Цените кои ни ги соопштија на рецепцијата на хотелот се движат од 800 до 4.500 евра по соба.Од македонската делегација сè уште немаме информација колку троши Владата при секоја посета на Брисел, само за ноќевањата.

Тања Милевска, дописник на А1 ТВ, 16.11.10.

17.11 2010
Патување

На патот до Брисел, Македонија лани стигна до Будимпешта, а годинава е во Виена. Ниту остана во Будимпешта ниту се врати во Белград.

Васко Наумовски, вицепремиер за евроинтеграции; Дневник, 12.11.10.

12.11 2010
Четири лаги во една реченица

ВМРО-клеветничка обвинува дека „Најмалку 310 илјади евра за оваа година им се дадени на пет новинари што ја формираа ГЕМ, кој држи трибини низ Македонија и јавно се залага за промена на името на државата.“ Како се конструира „големата лага“ со гебелсовски методи? Во една клеветничка реченица - четири лаги. Иницијатори на „Граѓани за европска Македонија“ не се петмина, туку шестмина. Повеќето не се новинари, туку колумнисти (еден е уредник, еден е блогер). Учеството на трибините е волонтерски граѓански активизам. Граѓани за европска Македонија не се за промена на уставното име, туку за замена на привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“...

Жарко Трајаноски, „Дневник“, 10.11.10.

11.11 2010
Лаже и трепка

Замислете, за организација од околу пет луѓе, 310 000 евра или по 60 000 евра од човек. Тоа е вредност на еден голем стан во Скопје. Дали овие пари се оданочени, г-дин Милчин? Дали овие пари се пријавени во УЈП? Г-дине Милчин, дали парите им ги давате на сметка или им ги давате на рака?

Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ, 06.11.10.

08.11 2010

-Имаше соработници на СДБ во раководството на овие партии и се уште има. Но, уште пострашно е што во нивните раководства има соработници на странските служби. За мене тоа е многу поголем проблем од процесот на лустрација. Македонија е издупчена од 15 големи разузнавачки служби.

-Па, каде е нашето МВР? Контраразузнавањето?

- Ги нема професионалците. Ставени се на маргините. На цена се лепачите на плакати. Јас не велам да не ги вработуваат и нив. Ама нека ги сместат во „Паркови и зеленило“, во „Водовод“, а не на вакви чувствителни места.

Иван Бабамовски, поранешен начелник на УДБА, во интервју за „Време“, 04.11.10.

04.11 2010
1
Ах, тој Берлускони...

Како и секогаш работам постојано и може случајно да ми се случи да погледнам убава девојка во лицето. Сепак тоа е подобро. Подобро да ми се допаѓаат убави девојки, отколку да сум геј.

изјава на Силвио Берлускони; Милано, 02.11.10.

03.11 2010
ПрилогГолемина
Преземи24.1 KB

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото