Боли глава

Почеток и крај

Во основните црти на политиката на која било земја постојат континуитети (кои произлегуваат од положбата на земјата) и дисконтинуитети во политиката (кои произлегуваат од партиската изборна програма).
ДПМНЕ ги згреши и едните и другите! Неверојатно со каква доследност ги направија тие промашувања!
Имено тоа што требаше да го завршат од транзицијата - го продолжија, а тоа што требаше да го продолжат - го завршија!

Љубомир Д. Фрчкоски, „Дневник“, 14.09.10.

15.09 2010
Историчар

Јас тоа не го слушнав само од Иванов, го слушнав и од европратеникот Поселт, кој што колку што знам е 16 години во Брисел, како претставник на ЦДУ од Германија.

Никола Груевски се придружи на хорот на оние што тврдат дека македонската власт 1995 одбила прием во ЕУ и НАТО; А1 ТВ, 12.09.10.

13.09 2010
Фраер не објаснуе

Сметам и дека на гледачот не му треба толкување во примањето уметничко дело. Тоа е како да и' објаснуваш на девојка зошто си се заљубил во неа или - бетер - зошто таа треба да се заљуби во тебе.

Милчо Манчевски, „Дневник“, 07.09.10.

10.09 2010

И' благодарам на Македонија која засекогаш ќе остане моја инспирација.

Милчо Манчевски, „Дневник“, 07.09.10.

08.09 2010
1

Во изминатите 60 години во Македонија не се граделе споменици кои би го одразувале националниот идентитет.

Никола Груевски, BBC Macedonian, 03.09.10.

06.09 2010
1
Засади ја својата џунгла

Бајачката Мирка веќе ни објави дека Груевски ми ти бил национален водач на Македонците од рангот на Патрис Лумумба, Салвадор Аљенде, У Тант и Че Гевара! Ја пресолила манџата Мирка, ама барем сега стана јасна намената на повторуваната масовна акција „Засади ја својата иднина!“. Тоа Груевски ми ти ги садел идните џунгли македонски во кои ќе се повлече откако ќе му се збоктиса од кабинетот на Илинденска бб и од напорната работа 24/7 и од таму ќе војува на чело на Македонците кои меѓувремено „ќе ги извадат кубурите што ги носат за зорт заман“.

Владимир Милчин, „Шпиц“, 01.09.10.

03.09 2010
Глава

Му честитам на скулпторот, кој за една наша телевизија даде одлично објаснување: „Не е лав ако нема голема глава“. И наместо граѓаните да го прифатат тој целосно аргументиран, издржан и релевантен скулпторски став, тие му реплицираат дека „не е скулптор ако немал празна глава“. Уште и цинично го прашуваат: „А, зошто и лавовите не ги качивте на коњи“?

Катерина Блажевска, „Дневник“, 27.08.10.

01.09 2010
Само Сонцето е постаро од Македонија

Тоа е повеќе милениумски симбол на Македонија и Македонците, а реченицата што стои зад тоа може да се каже дека е “затоа што само Сонцето е постаро од Македонија“.

Влатко Ѓорчев им објаснува на играорците од Леринско за 16-кракото сонце од Кутлеш; „Канал5“, 29.08.10.

31.08 2010
Национален глодач

Груевски не е само лидер на ВМРО, туку национален водач на Македонците од рангот на Патрис Лумумба кај Конгоанците, Салвадор Аљенде кај Чилеанците, У Тант кај Мијанмарците, Че Гевара за латиноамериканските автохтони Индиоси - сите ликвидирани од специјалци, најмени од инспираторите на новоколонијалниот милитаризам.

Мирка Велиновска, „Нова Македонија“, 27.08.10.

30.08 2010

Кога ја градевме Климентовата црква откривме гробница во која сакавме да го сокриеме Љубе Бошковски од хашките истражители.

Паско Кузман, АЛФА ТВ, 26.08.10.

27.08 2010
1

Три ипол килограми јогурт, шестотини грама шунка, петстотини грама кашкавал, нешто повеќе сирење или пак три конзерви паштета - од сето ова едно четиричлено македонско семејство би можело на пример, цел месец да појадува. Така пресметала државата.

Сашка Цветковска, А1 телевизија - целиот текст тука

Виц икона
24.08 2010

Поважно да има компјутери во училиштата, отколку да има саглам клозети во училиштата, оти просперитетот не зависи директно од училишните клозети.

Никола Тодоров, министер за образование; Нова Македонија, 17.08.10.

17.08 2010
3

Рамковниот договор е скап проект чие одржување бара 8 илјади долари годишен приход по глава на жител, а Македонија засега едвај исполнува половина од таа сума.

Ѓорѓе Иванов, на 9-годишнината од Рамковниот договор наоѓа дека Рамковниот договор е скап проект, а Скопје 2014 евтин; Утрински весник, 16.08.10.

16.08 2010
1
Заблудило

Насерението симболедува од идентитетанус, но владее заблудило дека станува збор за обична навистинка. На пазарот се нудат заразлични вакцени, а задолжителите на државата се амбалажат со крадити по заебанките и се законвертираат по именувачниците.

Пропагандимитар, во расказ на „Окно“,

13.08 2010

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото