Боли глава

Ролшуи

Со вкупно шест лекари на 240 болни во Демир Хисар, тие нема шанса да стигнат до секој болен и на ролшуи да се движат.

Ѓорѓи Чадловски, невропсихијатар; Дневник, 30.04.10.

30.04 2010

Нема да имаме подобро образование со тоа што ќе им купиме компјутери на професорите и на учениците. И со компјутер и без компјутер, оној што е ќутук - ќе си остане ќутук. На министерот за образование не му требаат повеќе пари за реформи во неговиот ресор. Му треба метла. Метла што ќе го смете ѓубрето закачено на буџет таму каде што му е местото: во контејнер. На улица. Време е таму да се најдат неспособните, наместо способните. За да се случи мала, ама важна промена.

Венко Андоновски, Нова Македонија, 28.04.10

28.04 2010
1
Битни работи

Не постои бесплатен ручек. Ние сме мала земја и репрезентацијата и галантноста се битни. Поубаво е кога вие ќе платите ако некој ви е потребен.

Невен Јурица, поранешниот амбасадор на Хрватска во САД и при ОН, кој потрошил 120 000 долари во приватни цели, поради што е повлечен од мисијата и кој поради тоа е осуден на една и пол година затвор, Jutarnji list, 21.04.10.

26.04 2010
Дивјачки пристап

Ваков тип архитектура се јавува многу често кога владејачкото тело на една држава ја држи целата моќ во свои раце и се поврзува со архитекти и урбанисти што пристапуваат многу дивјачки на професијата. Тоа, според мене, би била најдобра формулација на најлошиот можен вкус во секој смисла во однос на политиката и на оној што е градител на сево ова.

Ерих Рајт, виенски архитект, за проектот „Скопје 2014“; „Утрински весник“, 23.04.10.

23.04 2010
Не-сериозно

Ако некој седи во институт во Англија и со математички модели пресметува што се случува со ерупцијата на вулканот на Исланд и потоа ни објаснува што се случува во Германија, тоа не може да се земе за сериозно.

Волганг Мархубер, директорот на „Луфтханза“; „Утрински весник“, 20.04.10.

20.04 2010
Каша-попара

Отсекогаш било тешко да си Србин во ПЈРМ, почнувајќи од Втората балканска војна, кога голем дел од Србите биле асимилирани од Бугарите и од Македонците, кои до тогаш не постоеле, или постоеле како регионално определување.

Бојан Аврамовиќ, потпретседател на Форумот на млади на Демократската партија на Србите во Македонија; „Време“, 19.04.10.

19.04 2010

Доста збориш, оди раѓај.
Анита Стефановска, пратеничка на ДПМНЕ, и’ се обраќа на Радмила Шеќеринска, пратеничка на СДСМ, во собранието на РМ;
„Вест“, 14.04.10.

15.04 2010
3
Забранета музиката

Сите сомалиски радиостаници вчера го запреа емитувањето музика по наредба на исламистичките бунтовници, кои тврдат дека музиката му противречи на исламот. Само една радиостаница, контролирана од владата, не се потчини на забраната.

Тоа е последната непопуларна одлука на исламистите, кои исто така ги забранија женските градници, киното и мелодиите на телефоните.

МИА, 14.04.10.

14.04 2010
Ѓуле

Човек се чувствува како циркуско топовско ѓуле, со него пукаат евтини идеологии, кои го лансираат да лета ниско и неодредено, без можност да падне во каква било заштитна мрежа.
Алекс Букарски, „Дневник“, 13.04.10.

13.04 2010
Финеса во детаљ

Денеска една финеса ми западна во детаљ.

Александар Чомовски, ТВ водител, на дебата на А2, 10.04.10.

12.04 2010

Кога почнав да ја разлистувам, се фрапирав од неточната транскрипција на имињата на некои од најпознатите светски уметници. За почеток, Питер Бројгел беше преименуван во Пјетр Бругел. Зад псевдонимот Едвард Манч се крие Мунк. Мане и Моне, пак, имаат криза на идентитети. Лука Кранах стана Лукас Кранк, Де Кирико е Де Чирико, а Жерико - Герико. Некојси Густав Кобер требало да биде Курбе, а за Мајкл Дешамп немаше да знам дека е всушност Марсел Дишан, да не беше потпишан под „Голотија што слегува по скали“.
Јана Јакимовска во „Дневник“ го разлистува владиниот учебник за уметност; 03.04.10.

09.04 2010
1
Избори ќе има

Избори ќе има, прашање е кога ќе се одржат.
Бранко Црвенковски, „Нова Македонија“, 03.04.10.

07.04 2010
Пријатели

На стр. 56 од „Преродбата“ пишува: ВМРО-ДПМНЕ е пријател на малите и средните претпријатија. Значи, пријател ако не те заебе, нема кој!

апостолов80, на Твитер, 30.03.10.

нема
31.03 2010
Конкуренција

Не очекував дека мојот наслов 'Авантурите во плетењето на хиперболичните површини' ќе ја победи конкуренцијата.

Даин Таимин, летонската математичарка ја освои наградата „Дијаграм“ на списанието „Букселер“ за најнеобичен наслов на книга, победувајќи ги „Скриените мисли на еден ловец на глисти“; „Утрински весник“, 29.03.10.

нема
29.03 2010

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото