Боли глава

На пример

Имам деца, имам внуци, имам семејство, прекрасно големо семејство. Сум среќна што замислете некоја друга мерка да посакаше подносителот спрема мене. Тогаш ќе беше пострашно; на пример, ете, јас возам кола.

Виолета Дума, судија во Апелациониот суд; подносител на постапка против неа е Михајло Маневски, министер за правда; А1 ТВ, 11.03.10.

13.03 2010

Возбудливиот грандиозен проект „Скопје 2014“ е историска шанса на македонизмот, можеби единствен зафат и пресврт во современата македонска архитектура, кој ги почитува најкреативните традиционални дострели на најеминентните остварувања на македонската и македонистичката архитектонска мисла.

Васил Иљов, советник-конзерватор, Нова Македонија, 12.03.10.

12.03 2010
1
Калифорнија на Балканите

Кој како посеел така ќе си легнел, вика народот, за многу држави во соседството и во светот во овој момент Македонија е Калифорнија.

Крсто Мукоски, ВМРО-ДПМНЕ, во собраниска расправа; 11.03.10.

12.03 2010
Живи и здрави

Од владината служба за информирање јавуваат дека кон крајот на овој месец премиерот Груевски ќе присуствува на сечење на папочната врвца на првото живородено дете меѓу два смртни случаи на мајки во болницата во Прилеп. Со помош на менаџерите на болницата и на Републичкиот завод за статистика сега се прават анализи кој ден би можело да се случи тоа. Ситуацијата ја комплицира накнадното барање на премиерот: и родилката да биде жива и здрава, колку што се може.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 09.02.10.

10.03 2010
Сега

Сега кога ги видовме условите, ќе преземеме мерки.

Бујар Османи, министер за здравство, по смртта на седум родилки за неколку месеци; „Вест“, 06.03.10.

09.03 2010

Проектот „Скопје 2014“ е детерминација на сé што сме имале од неолитот, преку антиката, до денес. Ако тој не се направи, Скопје ќе остане паланка или касаба, која не може да биде пример за една голема и моќна цивилизација. Рушењето на храмот „Свети Константин и Елена“ е хендикеп за целото православно население во Македонија, особено во Скопје, а спорот што се води за изградба на „Бурмали-џамијата“ треба да се отстрани. Во Република Македонија има 585 џамии наспроти 950 цркви, а во Скопје 112 џамии и 111 цркви.

Валентина Божиновска, директорка на Комисија за односи со верски заедници; „Нова Македонија“, 06.03.10.

08.03 2010
1
Факти

Не е фер од страна на пратеничката да изнесува неаргументирани факти.

Трајко Велјановски, претседател на Собрание на РМ

04.03 2010

Значи се работи за подземни води, бидејќи водата има добиено многу вода, значи имаше обилни врнежи па водата не може повеќе да апсорбира и тоа се пред сè подземни води.

Миле Јанакиевски, министер, при посета на поплавената Пласница, 25.02.10., А1 ТВ

03.03 2010
1
Карикатури

Ако Македонците навистина одлучиле да направат карикатури од самите себе, нема потреба да бараме процент во таа нивна карикатуралност.

Теута Арифи, „Дневник“, 01.03.10.

01.03 2010
Сами со себе

Војната во Босна и Херцеговина Србите ја водеа самите со себе. Муслиманите во БиХ, всушност, се Срби, кои во текот на турското ропство преминале во ислам.

Радован Караџиќ, хашки затвореник

01.03 2010
Радост и гордост

Така, деновиве ги гледам Канаѓаните и од лицата им ја читам и возбудата, и радоста и гордоста што токму кај нив се одржува зимската олимпијада, што токму тие ја добиле довербата да изградат можеби и барокни или градби од непрепознатлив стил на кои ќе течат натпреварите.

Милан Банов, „Дневник“, 20.02.10.

25.02 2010
Името, името...

Пред некој месец бев во мојата родна Малешевија и спонтано разговарав на оваа тема со селаните во кои се уште не престанал да одѕвонува исконот. Едноставно самите тие ја начнуваа неа како отворена рана чија болка интензивно ја чувствуваат и покрај сета нивна сиромаштија и неволја во животот, фрлени и заборавени од сите некаде на крајот од оваа планета. Да. Но и такви тие не се поместиле од средиштето на Името, кое за нив е центарот на нивната душа и свет. За разлика од нашите трговци за триесет сребреници. Едноставно не се согласуваат автентичниот живот живеан од искона преку Името да го заменат со безименост и смрт за себе и за целиот колектив.

Евтим Клетников, „Дневник“, 20.02.10.

24.02 2010
Гарвани

...тогаш пред мене во епифаниска светлина се јави судбинската слика на Македонија како житно поле со гарвани, над кое се наднеле злокобните црни птици, готвејќи се да го исколваат житото и светлината до последно зрно. Денес тоа, и такво поле, е нашето Име. И тоа денес, слично на златното жито на Вангоговата слика, е нападнато од темни гарвани, како никогаш досега во историјата, и однадвор и однатре. И тоа во демократска Европа, која сè уште се двоуми да го тргне од нас и од неа тој злокобен црн облак.

Евтим Клетников, „Дневник“, 20.02.10.

23.02 2010

Каква Северна,
северот да ве однесе,
уџум што подалеку
некаде да ве одвлече,
каква Горна,
Горниот да им пресуди,
ова секогаш било
една Македонија.

стихови на Ванчо Тарабунов, кантавтор, прва награда на „Гоце-фест“, „Дневник“, 20.02.10.

22.02 2010
2

Препорачуваме

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

Истанбулското утро – кошмарот на Ердоган

Се олабавува рамката во која Турција живееше 22 години.

ОкоБоли главаВицФото