Боли глава

Спроведувањето на одредбите против концентрацијата на сопственоста во медиумите ќе се движи со тектонски промени во медиумскиот простор.

Роберто Беличанец, Центар за развој на медиумите

24.10 2009
1
Му вадат

Првиот ден ни го извадија Муратовски на штрајк, па денеска вадат некои студенти, се обидуваат од границата да направат баук, дека којзнае што сме направиле.

Никола Груевски, премиер, во изјава за ТВ, 20.10.09

21.10 2009
Сличности

Потврда на тоа е Библијата. Многу такви пораки стигнале од вашиот народ до нас и многу пријателски чувства не' преплетуваат како народи со слична судбина.

Ѓорге Иванов, претседател, 19. 10. 09, при посета на Израел

20.10 2009
Јавноста

Јавноста е премногу исполитизирана во однос на оцените што се дадени за нашата енциклопедија.

Георги Старделов, претседател на МАНУ

17.10 2009
Вмровец како стручна квалификација

Замислете, во Капетанијата имате човек со Земјоделски факултет, ама тој е вмровец и тоа е негова стручна квалификација.

Јани Макрадули, пратеник на СДСМ

16.10 2009
Не со жените, а камоли со мажите!

Вие не можете да се мерите со жените во ВМРО-ДПМНЕ, а камоли со мажите во ВМРО-ДПМНЕ.

Ивица Георгиевски, пратеник, на собраниска седница од 14.20.2009

15.10 2009
Ви го зачувавме Бранко!

„Факт е дека Бранко Црвенковски е единствениот претседател кој без последици за неговото физичко здравје, го заврши успешно претседателскиот мандат. Факт е тогаш кога вашите стручни лица го водеа Министерството за внатрешни, во неразјаснети околности, двајца претседатели настрадаа.“

Гордана Јанкуловска, 13.10.2009

14.10 2009
Стручна редактура

Јасно е ко ден дека на Енциклопедијата не и' треба хименопластика, туку темелна стручна редактура. И по сегашново „онадуење“ на МАНУ, џабе каење. Енциклопедијата треба да се ослободи од етноцентричност - дури и неолитот е дефиниран како „праисториски период во Македонија“. Треба да се „излечи“ од „етногенетски“ големи нарации и од политичка тенденциозност.
Жарко Трајаноски, „Дневник“, 14.10.09

14.10 2009

Интелектуалците од државните институции на државна (мизерна) плата мора да им се поклонат на безобѕирните невладини активисти кои од нив бараат да се повлечат од барикадите и да ја дочекаат смртта на својата институција.

Алекс Букарски, „Дневник“, 13.10.09

13.10 2009
2

Кузман мора да сноси најголема одговорност за пожарот. Манастирот датира од 11 век, а до почетокот на овој век црковните миси се одржувале на албански јазик. Во пожарот изгореа многу важни албански документи за кои се сомневаме дека се намерно уништени за да се прикрие вистинската историја за манастирот, односно дека тој отсекогаш бил албански.

Неби Дервиши, Нова Македонија, 08.10.09, нагласува дека не само што Јован Бигори бил албански манастир, туку дека албански биле и Свети Наум во Охрид, Калиште во Горно Нерези и уште многу други цркви во Македонија.

09.10 2009
2

Очи темносини. Класичен костум со цвет во реверот. Благ лиричен израз и совршен литературен јазик со беспрекорен акцент. Шарм ала Пол Њумен со таинственост на македонска мистерија на човекот кој знаеше премногу, со префинети манири на тореадор, кој со црвен плашт го намамува разјарениот бик да шлајфува во песокта.

Алекс Букарски занесено го портретира Блаже Ристовски, „Дневник“, 06.10.09

06.10 2009
1
Многу букви

Деновиве и Аеродром влезе во центарот на Скопје. Навистина не е во првата зона, во третата е, ама центар си е центар. За (не)среќа, Ѓорче е значително подалеку од централното подрачје, па веројатно уште некое време нема да влезе во ниедна зона на паркирање. Значи, скопјани, паркирајте се во Ѓорче Петров додека можете, таму засега е без пари. Зашто ништо чудно некои наредни денови и оваа општина да влезе во паркинг-зоната, оти тоа го барал градоначалникот. А, штом е така, тогаш сигурно и ќе биде, па ако треба и ќе се прошират зоните. Всушност, азбуката има многу букви, дури 32, не само три А, Б, Ц!

Билјана Ангеловска, Утрински весник, 5. 10. 09.

06.10 2009
Мајка го роди

Вардарци, Пиринци и Егејци. Една земја, едно име Македонци/ Никола, Никола мајка го роди /Народ да води кон светла иднина/ Никола Груевски господ го прати верба да врати во Македонија... целата песна на овој линк

строфа од сонг на Бате Геле

05.10 2009
Симбол

Неколку дена во непосредна близина на Транспортниот центар во Скопје, значи, железничката и автобуската станица, е распнат циркуски шатор. Како симбол за оние што пристигнуваат во метро(и)полата да знаат каде доаѓаат, а за оние што заминуваат, каде биле.

Јосиф Ќурчиев, Утрински весник, 02.10.09

02.10 2009

Препорачуваме

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото