1015 hPa
52 %

17 °C
Скопје - Вто, 13.05.2025 11:59
Утре во 12 часот, на плоштад во Скопје, најверојатно, збирштина од геј и атеисти ќе се обидат да шират гадости под закрила за грижа на архитектурата на градот, а против изградба на црква.
Јанко Јадибурек, 27.03.04, на својот блог
Клетиот Турчин против македонскиот народ, пак
Бараме веднаш да престане хајката против МПЦ и македонскиот народ.
МСУ никогаш не реагирала против изградбата на 8 џамии во Скопје и 51 џамија од Карпош до Кичево, само во последниве 10 години.
Затоа, бараме Ѓунер Исмаил, Ерол Ризов, Срѓан Керим и Велија Рамковски преку нивните медиуми да престанат да прават хајка поради изградба на 1 (една) црква.
Македонска студентска унија
Да беше опозицијата организатор, немаше да бидеме тепани, да нема дилеми.
Љубомир Фрчкоски (изјава по повод инцидентот на плоштадот на 28.03.2009)
Јанко, ти се восхитувам, од првиот момент кога го чув твојот глас знаев дека тоа не е глас на обичен човек, имаш непобитен Мартин Лутер Кинг квалитет, не е чудо што луѓето имаат потреба да ти се исповедаат. Те љубам.
(LOLITA 30 Март, 2009 - 01:29 |)
Јанко, исклучително те ценам. Особено со овој твој последен гест и држење околу целата ситуација уште повеќе ме фасцинира.
(aleks.bukarski 30 Март, 2009 - 01:48|)
Хал 9000 вели -
најдобро е едно битие што може да стори е да работи најдобро што може во склад на своите способности
(jadiburek 30 Март, 2009 - 02:20|)
коментари на блогот на Алекс Букарски
Хемијата меѓу Груевски и Караманлис е најлошото што го видел некој некогаш. Да ги имате овие двајца лидери на две критични позиции во исто време е еден вид инцидент на историјата. Сè што произлегува од нивната работа е многу фрустрирачко и не води кон решение.
Брус Џексон, одговорен за НАТО-проширувањата
„Па не оддалечија, затоа што како што спомнав додека другите со леснотија тоа го правеа и влегоа во лифтот и лифтот ги однесе во ЕУ и НАТО нашиот лифт го заглавија. Сега сме ние во еден заглавен лифт, блокирани сме и имаме некој статус на блокирана земја, тука е сега големата опасност...“
Интервју на Ѓорге Иванов на Радио Илинден во мелбурн, 15 февруари 2009
Нема инвентивност, едвај чекаат бисер од мене, па да ловат. Нека излезат со визии и концепти, а не со чаршиски муабет.
Ѓорѓе Иванов
На саемот на книгата (8-14 мај)ќе биде претставена книгата со раскази на Тина Иванова, Danse macabre, од која пренесуваме еден расказ.
30 фотографии на Ванчо Џамбаски.