1015 hPa
86 %
1 °C
Скопје - Сре, 21.01.2026 15:59
Иванов во својата биографија ќе наведе дека „пред дваесет години имал храброст да се соочи со тогашната власт“, но прашањето сега е дали има храброст да се соочи со сегашната власт во која нема место за друга ѕвезда освен за Груевски.
Соња Крамарска, новинар на Утрински весник, во текст од 22 јули
Кога Грција се прошири на север, државата почна да прави националистички реформи и почнаа да зборуваат дека и античките Македонци се дел од тој грчки свет. Според таа логика, Александар и Филип биле промотори на грчката култура. Тоа е веќе аксиома во Грција. Тие не учат како настанувале современите нации, како се формирале јазиците, новите колективитети по пропаста на феудализмот како што прават образовни системи во други држави.
Павле Васкопулос, во „Дневник“, 27. 04. 09
Ако сметате дека градот треба да остане ваков каков што е сега, тогаш ќе ги оставиме сите трафики и бутки и никогаш нема да бидеме ниту малку блиску до Париз. Јас никаде, кога шетав низ Париз, не видов трафики и бутки.
Коце Трајановски, градоначалник на Скопје
Сите стари дрвја на Илинденска, околу триесетина, се исечени и тоа е.
Мичо Поповски, потпретседател на комитетот за урбанизам на град Скопје
Не одговарам на такви прашања. Како ќе предложат стручните служби така ќе биде. Јас сум политичко лице.
градоначалникот Коце Трајановски одговара на новинарско прашање: „А вие би сакале од влезот од вашиот дом да се симнувате директно на булевар?“
"За љубов се потребни двајца, освен ако едниот од партнерите не е настран во сексот."
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благородна Дулиќ, ја обвини опозицијата за неконструктивност.
Прашање што не е само прашање, туку повеќе коментар и парафраза на разговорот меѓу вас и господин Томиќ...
Слободан Томиќ,
авторот на ТВ- емисијата „Гласот на народот“си персира себеси и се самопарафразира во интервјуто со поранешниот генерален секретар на НАТО, лордот Џорџ Робертсон
Ние сме Гуливер! Т.е. Александар Македонски! А вие сте Лилипутанците што не’ развлекуваат и грицкаат ко мравки закопан шериф во пустина. Абе, у око ни лазите! Сте не’ имобилизирале, име сте ни земале, и нашето големо македонско тело им го даовте на грчките мравки, за неколкумилениумска зимница, да имаат што да сонуваат ем кркаат... Ебате западњаците!
Фиктивниот Ацо Станковски му беседи на фиктивниот Гистав Курбе во колумна на Пандалф Вулкански во Утрински весник, 13.07.09.
Кога министерот за образование на една земја ќе изјави дека нема вредносен систем без религија, тогаш ова зборува за две работи: или дека религијата западнала во голема криза штом неа треба да ја бранат министри или вредносниот систем западнал во голема криза штом дијагнозата за тоа треба да е од клерикална природа.
Теута Арифи, пратеничка
Мито Хаџивасилев Јасмин, Владо Малески Тале, Димитар Митрев, Славко, Блаже... и други.