Ја буткаат варијантата како да ќе владеат 100 години. Нив ќе им се случи напролет крах. Ние нема да им дозволиме до пролет. Ние на 22 март мораме да им скршиме нога.
(изјава на митингот на градскиот плоштад во Прилеп, 02.03.2009.)
13.03 2009
Хуманитарен автогол
Ги замолив сите мои студенти да му помогнат, бидејќи човекот е сепак поранешен амбасадор, политичар, и на што ќе личеше тоа да не ги собере потписите, да го исмејуваат.
Ѓорѓе Иванов
(Изјава по претседателскиот појадок во Тетово, 12.03.2009)
Скопјани и особено центарци, треба веќе да се плашат Водно да не им падне на глава
Социјалдемократите и демохристијаните заедно сметаат дека правото на сопственост и на градење на Водно е поважно од правото на граѓаните да бидат безбедни од тоа Водно да не им се сруши на глава.
Двете најголеми партии (без поединци) си го изгласаа Нацрт-ДУПот за Барутана со кој на подрачје на Водно кое е означено како подрачје под влијание на ерозија се планира изградба на уште 25 големи објекти од кои 24 се приватни куќи - хациенди.
Советниците на Шанса за Центар, Левица и ЗНАМ и уште двајца поединци од големите партии беа против ваквото искористување на падините и шумите на Водно.
Ако Галите во стрипот „Астерикс и Обеликс“ се плашеа „небото да не им падне на глава“, скопјани и особено центарци, треба веќе да се плашат Водно да не им падне на глава.
Не може да се задоволи огромниот апетит за разјадување на шумата на планината која треба да го штити градот од поројни поплави и лизгање на земјиште.
„Шанса за Центар“, Совет на Град Скопје, 15.07.26.
Алек Букарски во „#Антианархистички манифест“ низ тринаесет фрагментарни, автобиографски и алегориски текстови ја испишува мапата на личните и општествените противречности на современа Македонија. Меѓу анархизмот и припадноста, провинцијата и главниот град, интимното и политичкото, оваа книга е немирен запис за осаменоста, идентитетот и потрагата по слобода.