1021 hPa
76 %
11 °C
Скопје - Пон, 14.09.2026 01:59
Четири дена откако Русија ја започна војната во Украина, FIFA и UEFA ја суспендираа Русија. Сега сме 700+ денови во она што Amnesty International го нарече геноцид, а сепак на Израел сè уште му е дозволено да учествува.
Зошто?! Зошто постојат двојни стандарди? FIFA и UEFA мораат да го суспендираат Израел. Клубовите насекаде мораат да одбијат да играат против израелски тимови. Сегашните играчи ширум светот мораат да одбијат да играат против израелски тимови.
Сите се сеќаваме на апартхејдот во Јужна Африка. Спортскиот бојкот беше клучен за негово завршување. Ние имаме моќ. Вие имате моќ. И фудбалските навивачи ширум светот имаат моќ.
Ерик Кантона, поранешен фудбалер, еден од ретките спортски борци против геноцидот, во говор во Лондон, 19.09.25.
Живеам во Еквадор за да се вратам еден ден во Македонија, но не ме сакаат овде... Како да има меѓу мене и Македонија и Скопје некоја невидлива бодликава жица за повторно силно и страствено да се прегрнеме, само како што ние знаеме... Во време на ВМРО ДПМНЕ си заминав од Македонија, во време на СДСМ иако бев повикан да се вратам, не ми се овозможија услови да останам овде... Шест месеци сум тука, никој не ми тропна на врата за да почнам со работа во театарот. Ме излажаа.
Кирил Поп-Христов, Канал 5, „Само вистина“ 11.04.18.
Канцеларијата на UN Women Skopje организираат панел во партнерство со Правниот факултет на УКИМ, по повод 8ми март, чијашто цел била да разговараат за родовата еднаквост, за Истанбулската конвенција, нејзината имплементација, во контект на евроинтеграциите. И на таа дебата, агенцијата се сложила со Факултетот главна панелистка да им биде проф. Тања Каракамишева.
Онаа која, на страна историјата на хомофобија и националистичко труење, учествува како „интелектуален“ глас на настаните на анти-родовите анти-демократски про-фашистички движења, јавно давајќи им совети како да ја укинат Истанбулската конвенција во Македонија.
На истиот тој „авторитет“ му дале дополнителна платформа, од таа позиција да ги труе и студентите кои ќе ја слушаат, и да ги осакатува сите долгогодишни напори против родовото насилство и за родовата еднаквост.
Па јас разбирам дека се заглавени во бирократија и празен легализам, ама дајте бре малку осет! Ај што со децении тотално деполитизирано квазифеминистичко делување ги создадовте условите за антиродовите актери, ама дека и на маса ги седнувате денес, е тоа стварно е брука од епски размери.
Славчо Димитров, Фејсбук, 06.03.26.
Сулејманија, Ирак, 1991 година. Курдите беа повикани да се кренат на востание против режимот на Садам Хусеин, само за подоцна да бидат напуштени кога се променија приоритетите. Никој не застана во наша одбрана кога режимот распореди хеликоптери и тенкови за да го задуши востанието. Тие сеќавања сè уште се живи и длабоко врежани во нашите мисли.
Денес тоа поглавје го одбележуваме како Рапарин и не го забораваме наученото.
Неодамна видовме што се случи во североисточна Сирија, односно во Рохава. По сите ветувања што беа дадени, откако сириските Курди застанаа на првите линии на војната против Исламската држава, сведочевме како беа третирани.
Ирачките Курди денес конечно вкусија одредена мера на стабилност и достоинство во животот. Затоа за Курдите е многу тешко, всушност невозможно, да прифатат светските суперсили да ги третираат како пиони.
Искуствата се тука. Празните ветувања се тука. Премногу често на Курдите се мисли само кога е потребна нивната сила или нивната жртва. Затоа апелирам до сите страни вклучени во овој конфликт: Оставете ги Курдите на мир. Ние не сме оружје за изнајмување.
Шаназ Ибрахим Ахмед, првата дама на Ирак, му праќа порака на Трамп; FoNet, 05.03.26.
Кратко прашање до оние кои ги добиваат информациите од CNN, а потоа ми се навртеа после мојот последен пост: дали навистина мислите дека го нападнаа Иран затоа што го спасуваа народот од режимот? Исто како што ги спасија Ирак, Либија, Виетнам, Авганистан, Панама, Венецуела... исто како што наскоро ќе ја „спасат“ Куба.
Па зошто не ги спасија децата во Газа кога се такви „спасители“?
Бранко Ѓуриќ Ѓуро, Фејсбук, 02.03.26.
Во токсичните односи зависноста е клучен механизам на одржување на моќта: „јас ти требам“, „само јас можам да те заштитам“, „без мене нема достоинствен живот.“ Во политички контекст, тоа значи дека само власта може да обезбеди стабилност, дека секоја критика води кон хаос и дека преиспитувањето е опасно. Така, наместо рационална проценка, доминира стравот, а граѓаните постепено се позиционираат како зависни.
Тоа функционира затоа што граѓаните веќе однапред се социјализирани во емоционално незрели политички односи. Тие очекуваат грижа и признавање од лидерите, ги вреднуваат емоционално и развиваат лојалност или разочарување во рамки на својот личен регистар.
И политичките, како и секои други односи, имаат свој почеток и крај. Релациите што се хранат од силен емоционален набој, зависност и вина, не се расплеткуваат мирно, туку пукаат нагло и драматично. Во такви краеви, речиси никогаш нема победници затоа што емоционално нерегулираните партнери едноставно избираат да влезат во нова еднакво токсична врска. Со други зборови, партнерите драматично ќе се менуваат, а ние ќе продолжиме политички да живееме една бесконечна токсична интимност без последици.
Ирена Цветковиќ, Призма, 24.02.26.
И сеа Брисел, ако иаме среќа, ќе каже: елате 2027 у ЕУ без право на глас. А нашиве од СДСМ ВМРО ДУИ ВЛЕН одма почнаа да рикаат: „ааа не сакаме да влеземе без право на глас, сакаме со полноправно членство и со право на глас“.
Ма, ко што глеам ја, ку..ац сакате да влеземе у ЕУ! Вие само сакате да ја пљачкате државава и да се иживљавате врз сите нас! Без разлика на верска и национална припадност.
Сакале они да гласаат у ЕУ ццц. За што сакате да гласате бе?! За 78% поголеми плати на сите у ЕУ парламент? За закони со кои ЕУ криминали застаруваат за три години?! (додека сметките за струја од ’87 за народот никогаш не застаруваат.)
Дај боже да влеземе и никад да намаат нашиве право на глас. Какви се и ЕУ ќе ја опљачкаат и растурат за 3-4 години.
А и вие од ЕУ кажете ако треба на улица да искачаме - ќе искачаме со плави знамиња, со звездички и со срциња и со јебем ли га што ќе мавтаме. Греота сме више душа на памукче нашиве ни извадија, дајте спашавајте, мислам глупо е миљон и пол луѓе сам по сам да влагаме у ЕУ.
Никола Писарев, Фејсбук, 22.02.26.
Доколку се урнеме некаде и доколку починеме, тогаш претпоставувам дека ќе им стане јасно на сите дека оваа дебата за некоја идна влада и за некои идни премиери е одвишок и дека е беспредметна.
Христијан Мицкоски на прес конференција; СДК, 18.02.26.
Во Македонецот се борат два волка: едниот се прекрстува на семафор, другиот врти лево и влегува во Клинички во лента за амбулантни возила.
Трајко Џиков, Фејсбук, 17.02.26.
Кога и да отворам социјални мрежи ќе ми се појават Видиноски, човекот на годината, деценијата, векот бре, кој прави кариера шетајќи по улици и снимајќи кај има ѓубре. Оној адвокатот со просек 6 на факултет, значи едвај што завршил, Јанаки, чие мислење е релевантно очигледно. Боки 13 и цела серија крајно исфеминизирани геј типови, фризери, шминкери, кои се главни забављачи со одвратни поткасти, Игор Џамбазов со мрсната коса кој тера вечито одмори по селата, Тони Михајловски со она гровтање од смеење, неколку женички кои прават досадни поткасти со фолкерки, некој Бомбакис со глупостите пишани на картон, оној ужасниот тропач на безвесни вицови Бојан што пресадил коса, кој е интересен нормално на IQ 81, ина многуфина која нема фаца. Некоја што пишува на фб.
Скоро ништо во оваа средина не ми е ни убаво, ни симпатично, ни паметно, ни креативно. Мочвара.
Томислав Каранфиловски, Фејсбук, 08.02.26.
Не е на одмет да се види што навистина направи овој министер, Никола Селаковиќ, во својот мандат од нецели две години. Го воведе најмалиот буџет за култура во поновата историја на Србија; финансирањето на театрите го сведе под секој минимум, реномираните, не само српски, и не само балкански, туку светски културни манифестации практично ги укина: во Србија повеќе ги нема музичкиот фестивал „Егзит“, меѓународниот театарски фестивал „Битеф“, филмскиот фестивал „Фест“…
Лично не знам што точно содржи таа петгодишна рамковна програма за соработка меѓу Србија и Македонија (освен музејски работилници и музички концерти засновани врз народната традиција), ама кога подобро ќе размислам, во суштина не би сакал ниту да знам.
Ѕвездан Георгиевски, Призма, 04.02.25.
Јануари е и зима е, и неколку луѓе што ги знам се преселија на оној свет. Ми се чини дека луѓето најмногу умираат ова време од годината. Среде зима или среде лето, кога е најстудено и најтопло. Починаа Васе Рингов, Драган Б. Костиќ, Зоки Панкер и Мижи. Бог да ги прости и лесна им земја.
Има денови кога и мене ми доаѓа да кренам раце и да оставам сѐ. Да ги спуштам ролетните, да ги навлечам завесите и да си легнам. Поразен. Така, во темница и зад затворени врати се вежбаме за времето што ќе го поминеме в гроб. Мислиме дека душата не го напушта телото со умирањето, инаку зошто би оделе на гробишта и би палеле свеќи над нечии останки што гнијат? Оваа морбидна гимнастика е oпштоприсутна во животот на секој што бил длабоко разочаран барем еднаш, а има ли таков што не бил? Се надеваме дека спиењето ќе ја избрише тежината што нѐ притиска, и тоа е надеж во преродба, или воскресение. Во обновено постоење со реновиран дух и варосани ѕидови што светат. Секое заспивање е мала смрт, и секој кревет е ковчег без капак, и тоа не е ништо страшно.
Тихомир Јанчовски, Економија и бизнис, 01.02.26.
Љубител сум на убави часовници и немам причина да се срамам. Со тоа се занимаваат оние од талогот на општеството.
Христијан Мицкоски во интервју за ТВ 21, 27.01.26.
Во град - до 10km/h - 15 евра, од 10km/h-30km/h - 50 евра.
Ако треба да се вози 50 ти возиш 80 и казна 50 евра, 3,000 денари. Со 80 можеш да оставиш некого на место, ама ОК, 3,000 денари, ќе си возиш ќе си платиш, ќе ги прежалиш. Каква генијална логика.
На автопат - до 30km/h казна 20 евра. Треба да се вози 80, ти возиш 110, 1,200 денари, ништо страшно. Од 30-50km/h над дозволеното казна 50 евра. Треба да се вози 100, ти возиш 150, 3,000 денари, чиста работа, ќе ги платиш.
Александар Маџаровски, Фејсбук, 28.01.26.
Краток извештај за тридневната програма на регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“. Фото: Јелена Белиќ.
Списанието Маргина #98 ќе биде промовирано на книжевниот фестивал Друга приказна #11.
Маргиналната уметност е главна тема на книжевниот фестивал Друга приказна #11.
Во „Центар Јадро“ во Скопје од 4 до 6 септември 2026 г.