Боли глава

Ќе мора да се пее и албанската химна

Ако се донесе законска одлука за интонирање на државната химна, сигурно ќе мора да се почитува и мнозинството граѓани, кои се од албанска етничка припадност, па ќе мора да се пее и албанската химна.

Билали Касами, градоначалник на Тетово, ТВ 21, 25.10.23.

нема
29.10 19:26
Ги сакате нашите пари, а не ги сакате европските вредности

Сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да станат членки на ЕУ. Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство? Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години, како овие други земји? Слушам дека Европската унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас нѐ оставате да ве чекаме премногу.

Јан Коп, холандски амбасадар, Окно, 24.10.23. 

нема
25.10 10:42
Не знам како не разбирате, вие јавачи на регресот и блокадите!?

„Становите на Груевски проценети на 1,9 милиони евра, приближно 2 милиони евра - како со премиерска плата заработил толку пари само за станови?!”

Е како де?

Ништо, луѓе, нема како да откриеме, ова е толку комплицирано, одговорот толку непознат, нема друго чаре, ќе мора значи да се врати човекот, во наш интерес е да се врати, најдобро е тој да си биде во Македонија, има човекот информации…

Не знам како не разбирате, вие јавачи на регресот и блокадите!?

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 21.10.23.

нема
22.10 17:51
Немам зборови за ѕверството врз македонската правда и држава

Цел ден немам зборови за ѕверството врз македонската правда и држава, за ова немилосрдно корнење на столбовите на земјава во која криминалци и бесрамници, заедно со нивните бедни поданици, се обединети во обидот да ни ја уништат секоја надеж за подобро утре.

Сите вие кои молчите за ова, кои се дрзнувате нам да ни зборувате за дефетизам, спамирате со партиски стокмени пусулчиња, сите кои немате срам да браните очигледни ортаци збратимени во ова зло, сите кои ослепевте од блеењето во „големата слика”, сите просјаци на трошки милостина од газдите и лидерите ви, сите вие овци и овчички - не давам бре да бидете блиску до мене, ни физички, ни виртуелно.

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 17.10.23.

нема
18.10 15:32
Луѓе мои, каква беља! За газ ми срасна фотелја!

Луѓе мои, каква беља!
За газ ми срасна фотелја!
Морам сега да се смирам:
без функција - не функционирам.

(Мартијал од Долно Гаштани, 10.14.23)

нема
14.10 13:22
Треска напредува

Поминав сабајле покрај Треска и видов колку напреднала работата со градбите таму. Растат грдите скелети на комплексот кој шит портали како Либертас, како платена реклама на владата, го претставуваат како „модерен и урбан“ со „уредено зеленило“, што од лично искуство знам дека значи 4 метра квадратни трева пред зграда додека на двајца од станарите не им текне дека им пречи земјата ради бубачки и ја бетонираат.

Значи, добиваме уште станбени згради наместо парк што можеше да му даде воздух на ова преизградено маало да подише. Децата немаат ни тротоар за да играат (тротоарите се на колите), а улиците се секако на колите. И после - зошто седат дома? Надвор едино може во кафич да седнат. Нека се навикнат на што ги чека. И така, маалово, по која уличка и да свртам, нови темели, нова прашина, нови материјали.

Нема везе, поентата ми е -

На 99 проекти произлезени од корупција и ненадмината алчност, ЕДЕН (1) да правеа за луѓето, ќе беше оваа држава многу поубаво место за живеење.

Хана Корнети, Фејсбук, 10.10.23.

нема
10.10 14:23
И јас би правел интервју со Гордана Јанкулоска

Пред прашањата за актуелните теми, најпрвин би ја прашал:

– За затворањето новинари, бркањата новинари од работа и заканите кон колеги новинари („ќе лета од работа“ и сл.), а и за клиентелистичката мрежа на нејзината партија во медиумите за која ја чувме како зборува во прислушуваните разговори;

– За „тефтерчето“ и местењето партиски подобни судии и обвинители;

– За „Диво Насеље“, за „Монструм“, за случајот Мартин Нешковски;

– За „мвро-вмро“, односно претворањето на МВР во штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите;

– За „тепачите“ на партијата во полицијата, кои жареа и палеа, втеруваа страв меѓу граѓаните, особено за време на изборните процеси;

– За „да ги сотреме“, односно злоупотребата на положбата за справување со неистомислениците меѓу полицискиот кадар, а и во други институции;

– За сите коруптивни зделки на нејзините сопартијци за кои си муабетеше со Ставрески, ама не поведе ниту една кривична пријава.

Би ја прашал, дали се кае за тоа што го правела и дали би им се извинила јавно на своите сограѓани за соучесништвото во претворањето на земјава во „заробена држава“?

Петрит Сарачини, ИМА, 07.10.23.

нема
09.10 09:45
Секој понеделник да одржат минимум хигиена во тоалетите

Секој понеделник, во училиштата на една наша општина, ќе биде интонирана државната химна. И тоа е, вака, врвен чин на патриотизам и демонстрирање национално достоинство.

Јас би го прогласила за врвен патриот оној градоначалник којшто ќе издејствува неговите поставени директори на основните училишта, секој понеделник, да одржат минимум хигиена во тоалетите. Значи, минимум: цел ден да не мириса и да нема измет по кабините. Само во понеделник.
А ако успеат да спроведат минимум хигиена во тоалетите цела недела, да се прогласат за народни херои. И директорите и градоначалникот.

Татјана Б. Ефтимоска, Фејсбук, 10.04.23.

нема
04.10 10:37
Не е точно дека жената не може да прифати да биде со маж кој нема пари

Не е точно дека жената не може да прифати да биде со маж кој нема пари. Жената не може да прифати да биде со маж кој е мрзлив, немотивиран, без амбиции, цел и план во животот. Тоа не ја прави „спонзоруша“! Кога ја прашале познатата холивудска актерка Елизабет Тејлор зошто има само богати сопрузи таа одговара дека може да биде во брак само со вредни, интелигентни и амбициозни мажи, а таквиот маж не може да не направи пари. Пејачка Шер во 1996 на интервју ја кажува познатата реченица „Мамо јас сум богат маж“ откако мајка и ја замолила да најде богат маж со кого ќе се омажи и ќе формира семејство и со ова застанува зад борбата на угнетувањето на жената и учењето дека сами не сме способни да направиме пари, успех и напредок.

За крај за мажите кои тврдат дека сите жени се спонзоруши – во животот привлекувате жени кои сакаат да го имаат тоа што го нудите. Доколку имате да понудите само пари и ништо друго, не е ни чудо што привлекувате само такви жени.

Ивана Наскова, Трн.мк, 29.09.23.

нема
02.10 14:25
Веста дека Скопје е Европска престолнина на културата ја дочекав резигнирано

Веста дека Скопје е Европска престолнина на културата ја дочекав резигнирано, небаре над мене виси еден голем чудилник. Шиканирањето со Фејсбук статуси почна од личности кои своевремено објавија дека Скопје „си фати девојка“ во моментот кога оној „џинџер Мефистофел“ Данела стана „градска мајка“. Кога ѝ ги видов сотонските веѓи и брадичето кое се слева до вратот на бронтосаурус, додека се завива со знаме како Цеца на концерт во Арена Армеец, богами малку и ми се слоши.

Не дека не се случувало и едните и другите да позирааат пред туѓи проекти, ама ова беше како Капо од Треблинка да е знаменосец на манифестација за еврејски права.

Игор Пачемски Џонс, Сутерен, 26.09.23.

нема
27.09 14:04
Во Македонија не се градат споменици по регуларен пат

Една мала група луѓе формиравме невладина организација со единствена цел во Скопје да подигнеме споменик на Кемал Ататурк кого го врзуваат многу работи со Македонија. Тропавме залудно речиси две години од врата на врата, запазувајќи ги сите законски прописи и правила. Како донација добивме и споменик од Турција, транспортиран до Скопје. Но не се најде парче земја, неколку квадрати, да се постави споменикот, кој на крајот заврши во дворот на амбасадата на Република Турција.

Во Македонија не се градат споменици по регуларен законски пат, како и многу други зданија, туку на диво по демократски пат. Навечер почнува, наутро осамнува, па ако смееш, обиди се да го урнеш.

Ерол Ризаов, Слободен печат, 16.09.23.

нема
21.09 08:43
Место Србин ставете Македонец и видете дали одговара

Повторно кисело се смеам на извонредната книга на големиот драматург Душан Ковачевиќ за „20 српски поделби“ (Срби против Србите). Кисело оти ние имаме четири пати повеќе македонски поделби. Еве неколку наслови на поглавјата каде што зборот српски може да се замени со македонски, па просудете сами: Небесни и овоземски Срби, Происточни и прозападни, Патриоти и предавници, Рационални и ирационални, Монархисти и републиканци, Четници и партизани, Ослободители и ослободени, Срби и Југословени, Богати и сиромашни, Газди и раја, Србин поделен на самиот себе и уште девет поделби. Место Србин ставете Македонец и видете дали одговара.

Ерол Ризаов, Слободен печат, 16.09.23.

нема
18.09 09:08
Храната е зголемена 11% во Европската Унија, овде е зголемена 46%

Отидов во Комисијата за заштита на конкурентност. Разговарав со нив за да поведат иницијативи во неколку сектори за да видат дали евентуално можеме да докажеме дека има договарање за она што се случува. Ќе ги видите набргу податоците што ќе ги изнесеме.

Ако го видите зголемувањето на цените поради инфлацијата на светските берзи, тие се една четвртина помали отколку што се во Македонија. Нешто се случува. Не може нашата земја да е уникатна, изолиран остров, кога е составен дел од цела Европа. Ако храната е зголемена 11% во Европската Унија во берзанските цени, овде е зголемена 46%. Извинете, ама тоа не е етички.

Фатмир Битиќи, Зелена берза, 15.09.23.

нема
15.09 08:51
Во собрание трeба да се донесе закон: ако си член на партија, не можеш да идеш у затвор

Во собрание трeба да се донесе закон: ако си функционер, член на партија и слично - да не можеш да бидеш тужен, гонет или да идеш у затвор.

Ваков закон лесно ќе донесат не со двотретинско него со четиричетртвртинско мнозинство и акламација.

Нѐ има доволно што живееме надвор од партија за да одиме по судови и да плаќаме казни.

А да, и Мијалков вратил 244.000 (со букви двесте четириесет и четири илјади евра), а украде пола милијарда, ако не и више.

Тоа ќе му дојде ко сеа да ми го вратат ретровизорот од ладата што ја украдоа 2014.

Никола Писарев, Фејсбук, 07.09.23.

нема
07.09 08:53

Препорачуваме

23 начини на кои феминизмот ги подобри животите на мажите

Феминизмот сè уште често се смета за грд збор, а ретко се спомнуваат неговите позитивни учиноци, во корист и на мажите.

Деликатниот ромор на исраните овчи брбушки

Историскиот миг во кој се наоѓаме е повторување на малоумната атмосфера во изборната година 2006.

Петнаесет години Окно

Насловна на Окно од 13 март 2009.

ОкоБоли главаВицФото