Боли глава

Структурното насилство станува емоционална некомпетентност

Ако си лут, тогаш си непрофесионален, ако си критичен, тогаш си токсичен намќор, ако си изморен, тогаш си слабак, ако си песимистичен, тогаш си неодговорен. Структурното насилство така станува емоционална некомпетентност. Па така, не само што од нас се очекува да работиме повредно, туку и да се чувствуваме подобро, да се смееме почесто, да веруваме долго токму во она што постојано нè изневерува.

Ирена Цветковиќ, Призма, 06.01.26.

09.01 22:42
Мицко и Муцко, стратегиски партнери

Трамп нема да го нападне Грендланд без поддршка од стратегиските партнери Мицко и Муцко.

Бранко Тричковски, Фејсбук, 06.01.26.

нема
06.01 14:33
Живееме со толку потиснато разочарување што понекогаш единствениот издувен вентил ни е вака да го искажеме тоа што ни тежи

Вчера на јутјуб каналот ‘Во центар’ имаше интервју со двајца мажи што загубиле дете во пожарот во Кочани, од кои едниот го загубил единственото дете што го имал, неговиот син. Што ми требаше да гледам. Скроз ме потресоа и ме разгневија интервјуата.

Меѓу другото, беше кажано и од двајцата дека кога имале средби со премиерот, почнал да им вика, ете, јас сум крив, јас сум ви крив, во некој пасив агресив стил и, како врв на сè, кога зборувале за првото барање за еднократна финансиска помош им рекол „одредете си цена за вашите деца, колку сакате да потпишам?” Тие изреагирале бурно па им било викано „знаете ли со кого зборите“ и слично. Ниту сочувство им изразил, ништо.

Пред некој ден кога имало комисија на која биле присутни родители и роднини на погинатите премиерот се смешкал и си седел на телефон. Никаква политичка или морална одговорност. Во други земји цели влади паѓаат за многу помали работи. Тука имаме власт врзана во криминални дејствија што себеси се штити а ги понижува и заплашува тие што го загубиле најмилото.

Не го споделувам ова ниту некој да лајкува или споделува. Живееме со толку потиснато разочарување што понекогаш единствениот издувен вентил ни е вака да го искажеме тоа што ни тежи.

Александар Маџаровски, Фејсбук, 23.12.25.

нема
30.12 11:49
Треба да зборуваме за убави работи

Јас ќе останам на својот принцип и покрај притисоците од тој талог на општеството, а тоа е дека треба да зборуваме за убави работи. Ова се убави работи, ова се убави приказни, ова се луѓето кои што треба денеска да бидат - не пледирам да бидам режисер и уредник - што треба да бидат прва вест денеска.

Јас разбирам дека притисокот кој што го прави тој талог на општеството и се обидува да гради новинарски кариери на основа на некои недоследности кои што се случуваат, и природно е да се случуваат, такви има и во Стокхолм, такви има и во Њујорк и во Вашингтон и во Хаг и во Утрехт и во Амстердам и во Милано и секаде. Такви има и во Скопје и во Блатец во Виница и во Градец во виничко и во Битола и насекаде буквално ќе ги има.

Христијан Мицкоски, Мета, 24.12.25.

нема
25.12 14:09
САМО Македонија нема модерна опсерваторија

Денес, на краткоденица, Кокино ми го спомнуваат како „астрономска опсерваторија"! Кокино да ти имало процеп низ кој сонцето се гледало на рамноденичен изгрев - и тоа било (за денес!) една опсерваторија, една гордост, страшна!
А, бре луѓе, САМО Македонија нема модерна опсерваторија, не зборуваме за камења со процеп! Разбирате ли каков технолошки симбол е опремена опсерваторија, каква индиректна корист општеството влече за технолошки напредок со вистинска, а не пештерска опсерваторија ала Кокино?

Косово веќе има мала, но модерна опсерваторија. Косово. Ние - не. Ние имаме коњ насред плоштад да му ги гледаме мадињата одоздола. За коњи, стиропор и Прометеи фрлија стотици милиони евра, а со тие пари, на овие планини можевме да го имаме Арецибо, всушност 3 Арециба, наместо Скопје 2014, со 600-те МИЛИОНИ ЕВРА, наместо штетен антиквизациски плагијат.

Сега веќе нема ни пари. Во длабок минус од „нема", поточно. Останавме горди со македонското пештерско време, Кокино да ни е опсерваторија. Не знам како не ви е срам, макар онолку срам колку да се оправдате и пред тие што го исклесале Кокино! Не да не го спомнувате, спомнувајте го, ама не како гордост, туку со национална самокритика што денес ниту знаеме, ниту можеме ниту Кокино да направиме.

Емилија Целакоска, Фејсбук, 21.12.24.

нема
22.12 17:00
Системот е следен?

Системот е следен
или системот нè следи?

Ѓоко Здравески, Фејсбук, 10.12.25.

нема
20.12 12:57
На пат од аеродром накај скопје, три ноќе...

на пат од аеродром накај скопје, три ноќе, жив чоек нема, лабаво, у трета, господски. чоек има време и да си спржне нешто по пат, да си подзачисти, да читне книга-две, да положи некој испит, да заврши факултет, да се вработи, да тркне до продавница... до следниот семафор, до следниот пешачки.

Ѓоко Здравески, Фејсбук, 04.12.25.

нема
18.12 17:45
Скопје не го заслужува ова. Ние не го заслужуваме ова.

Пред некое време наголемо ни беше ветувано дека Скопје ќе биде исчистено за 72 часа. Меѓутоа, ние згрешивме што не побаравме појаснување на еден многу важен поим: исчистено. Сигурен сум дека се работи за различно поимање на овој збор зашто Скопје и по 720 часа воопшто не е исчистено по никаков стандард, тоа е истиот валкан град. Контејнерите се секој ден преполни, (не сум фрлил ѓубре со денови во нормално испразнет контејнер), тротоарите се полни со скапани лисја, има ѓубре по тревниците, чопори кучиња се шетаат низ град. И тоа не е само на ниво на град, тоа се гледа и во општините. Пред изборите, во сите општини се водеше агресивна кампања, па луѓе од народот, па едни од нас, па се снимаа со селфи камери низ маало, па по цркви свеќи палеа, демек сите религиозни и семејни луѓе, ни се качија на глава, а кога победија, толку. Дали бевме излажани уште еднаш? Секако. Сакам да кажам дека се лажам и дека еве од утре ќе се потрудат и работите ќе се сменат, ама искуството не ми дава, особено што тие што се на власт преку нивната кандитатка четири години систематски го упропастуваа Скопје. Скопје не го заслужува ова. Ние не го заслужуваме ова.

Александар Маџаровски, Фејсбук, 14.12.25.

нема
14.12 23:00
Враќање

Македонските граѓани што ја напуштија државата полека почнуваат да се враќаат.

Христијан Мицкоски, 12.12.25, МИА

нема
12.12 15:44
Веќе 11-ти ден не поминуваат, а поминаа вкупно трипати од дроновите и видеата на Орце

Четвртина 21. век изминат. Луѓе зборуваат за вештачка интелигенција, за криптовалути, за скорешен лек за сите видови канцер.

Кај нас на локалните избори се смени една, седна друг, а Комунална хигиена пак не ни ги празни кантите за смет - си ги чуваме секојдневно претпорти, на и онака тесната улица, преполна со коли и канти. Веќе 11-ти ден не поминуваат, а поминаа вкупно трипати од дроновите и видеата на Орце. Веќе не се знае ни дали ќе биде четврток, понеделник или таму негде февруари-март.

Тукушто го наполнив багажникот со кеси со ѓубре, да го испразнам во некој од контејнерите кај комшиите од зградите. Декември, 2025. Немам што да додадам за оваа криза што ни се случува.

Всушност, сакав да додадам фотографија oд багажникот, но ми е срам од пријателите странци - вака, на македонски, барем нема да прочитаат.

Исто ко ни оние што ги плаќаме за да нѐ држат во оваа заложничка криза.

Татјана Б. Ефтимоска, 07.12.95.

нема
09.12 10:29
Тие креираат политичка култура во која минорните активности изгледаат како великодушност

Кога Мицкоски лета дронови додека чисти ѓубре и нè уверува дека во реформите сме далеку пред Црна Гора и Албанија, само ЕУ никако да види, тоа не е глупост на човек што страда од делузија, туку политичка тактика. Политичката стратегија на денешното ДПМНЕ не е ништо друго, освен менаџирање на очекувања (празни контејнери како ултимативна цел), превентивно смислување изговори (ЕУ не нè сака) и создавање илузија на напредок (наводно завршени ЕУ реформи).

Политичарите менаџираат со нашите очекувања, не само реторички, туку и структурно. Преку спуштање на критериумите, така што не се занимаваме со суштински теми, како сообраќај, инфраструктура, јавни површини и паркинзи, туку само и исклучиво со ѓубре. Тие креираат политичка култура во која минорните активности изгледаат како великодушност.

Ирена Цветковиќ, Призма, 25.11.25.

01.12 11:02
Ние сме само луѓе заробени во маѓепсаниот круг на разочарувања

Народот што аплаудира кога ќе слета авион, очекувано е да паѓа во транс кога локалната власт ќе ги испразни контејнерите. Не сме ниту најглупавиот, ниту најсиромашниот народ, ние сме само луѓе заробени во маѓепсаниот круг на разочарувања, кој нè држи укотвен во едно споделено чувство на она „ќути, може и полошо.“

Ирена Цветковиќ, Призма, 25.11.25.

28.11 13:46
Солна киселина од идиоти

Тој не тура идиоти за министри и директори на важни јавни претпријатија зашто има обврска кон нив или кон партијата, (тие мотиви се присутни, но се под бе) туку зашто тој смета - или некој му кажал - дека идиотите, лудаците, функционално неписмените, се најквалитетна солна киселина за растурање на институционалната арматура на државата. Идиотите во меѓувреме ќе опљачкаат што има да се опљачка, но и пљачката не е самата за себе цел, туку е инструмент за сјебување на системот преку финансиско и функционално истоштување. Како цреша на таа комитска торта доаѓа раширениот сомнеж меѓу луѓето дека Македонија како национална и државна реализација на македонскиот народ има смисла!

Бранко Тричковски, Фејсбук, 17.11.25.

нема
24.11 11:16
Уште колку живот ни останува?

Кога пола од населението ќе земе бугарски пасоши, а пола албански, каков пасош ќе земе жената чии марули на Водно годинава слабо родија.

Или ќе остане како апатрид во сопствената земја да ги проучува копенхашките критериуми, историјата на францускиот и на бугарскиот устав и критериумите на Венецијанската комисија, односно да не ги пушта Бугарите во уставот на државата што веќе ја нема.

Србија самата тврди дека без енергенти и со идиоти на чело на државата ќе колабира до крајот на годинава или еден месец подоцна, Ние, можеби, не сме така енергетски загрозени, но во идиотлукот ја делиме судбината на Србија, ако не ја и шиеме, па се поставува прашањето колку сме далеку од крајот.

Имаат ли надлежните органи елементарни проекции? Просто да знаеме уште колку живот ни останува. Година, две, три…И како да го поарчиме. На пијачка, секс или одмазди!

Бранко Тричковски, Фејсбук, 18.11.25.

нема
21.11 15:53

Препорачуваме

Да се мисли во лош свет (2)

Загадочна е неангажираноста, фалсификувачкиот стремеж кон некаква замислена неутралност.

Да се мисли во лош свет (1)


Да се изведе културата пред судот на општеството

Современата левица го напушти јазикот на солидарноста и колективната борба, а го прифати јазикот на траумата и идентитетот

За книгата на Кетрин Лиу: „Чувари на доблеста: Случајот против професионално-менаџерската класа“.

ОкоБоли главаВицФото