Боли глава

„Кога ќе бидете на Монт Еверест, ако го направите тој знак, ќе знаат дека сте Албанец“

Ме изненади вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, со начинот на кој ги објасни вкрстените дланки со кои деновиве го „летаа“ двоглавиот орел по фотографии и тв-емисии.

„Демантирам дека тој знак рефлектира некаква националистички Големо-албански претензии. Тоа е порака – јас сум Албанец. Кога ќе бидете на Монт Еверест, ако го направите тој знак, ќе знаат дека сте Албанец“, вели Османи.

А зошто се мачат со дланките? Зошто не го истетовираат симболот на челото, ако тоа е знак за идентификација на секој Албанец?

Катерина Блажевска, Призма, 18.01.19.

нема
22.01 22:24
Направивте Скопје да е лидер

Она што не ви успеа во ниту една друга сфера, во ниту еден друг сегмент на живеењето во 21 век, ви успеа вчера: направивте Скопје да е лидер, да остави зад себе 4.415 градови (според World atlas) и биде НАЈЗАГАДЕНИОТ ГРАД НА СВЕТОТ.

O2 Иницијатива, Окно, 21.01.18.

нема
21.01 11:24
Требаше FYROM да си останеме. Кога веќе не сме бановина.

И по 27 години независност, уште Белград е прозорец кон свет за македонските медиуми. Исто ко најгнасните српски пропагандни медиуми. Па кај нас Тереза Меј и Ангела Меркел не се следеа толку од минута во минута како Путин кај Вучиќ. Сосе фанфари, сосе мигови, сосе подароци, сосе што ќе јадел...Требаше FYROM да си останеме. Кога веќе не сме бановина.

Горан Михајловски, Сакамдакажам, 17.01.19.

нема
18.01 21:09
Најди го натрапникот

Најди го натрапникот:

СДСМ

ВМРО

ДУИ

БЕСА

Правда

 

Владимир Лукаш, Фејсбук, 18.01.19.

нема
18.01 13:55
Пред да се решите да живеете во Македонија...

Пред да се решите да живеете во Македонија, консултирајте се со вашиот доктор или фармацевт.

Брадестиот Џо, Фејсбук, 14.01.18.

нема
17.01 19:09
Пред да почнат да се менуваат називи и да се бара употреба на албанскиот јазик, треба да се докаже дека тие сочинуваат 20% од населението

Објавувањето на Законот за употреба на јазиците воопшто не значи дека тој може веднаш да се примени во пракса.

Пред да почнат да се менуваат називи и да се бара употреба на албанскиот јазик, треба да се докаже дека тие сочинуваат 20% од населението.

Процедурата за донесување на Законот е соодветна, што воопшто не го прави помалку несоодветен самиот закон.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 15.01.18.

нема
15.01 21:21
Архимедов закон

Еден неспособен човек вработен преку партија, истиснува барем десет паметни луѓе од државата!

Народна мудрост

нема
15.01 12:11
Вакцинирани и невакцинирани

Уште на вакцинирани и невакцинирани не се имавме поделено.

Блек Флеш, Твитер, 12.01.19.

нема
14.01 11:59
Не го знаеме квалитетот на вакцините!

Пошто диазепамите, кетоналите и хелексите ги тестираме дома, со епрувети и колби, бунзеновиот пламеник со денови и ноќи не згаснува, а белиот мантил е целиот со дамки од кафе...

Брадестиот Џо, Фејсбук, 11.01.19.

нема
11.01 13:14
За многу години 12-те дена!

Од безбедносни причини, како и секоја година, мое е да ве предупредам. Пошо и вие сте луѓе. За многу години 12-те дена! Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл., кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето.

Нита Муча, Фејсбук, 07.01.19.

нема
08.01 15:22
Kolede, lede

Macedonian Christmas eve day traditional money, candy and general goods extortion song:

Kolede, lede
A wooden beam fell
Killed grandpa
Grandpa is struggling
Grandma is sitting on top of him
For four eggs, Goose (eggs), duck (eggs), duck synonym (eggs)
Today is Kolede
Tomorrow is Christmas
We will slaughter a calf
The calf cries "Ow Don't slaughter me, I will buy you greens
So we can make pita
And all of us can eat."
Kolede!

Брадестиот Џо, Фејсбук, 06.01.19.

нема
07.01 15:26
Шекеринска самата ја расчисти речиси сета „женска понуда“ околу себе

Го поздравувам ставот на Шекеринска во кој „жали што сė уште се прашуваме дали е време за жена претседател на Македонија“ и што „само во Македонија може сė уште да се видат фотографии од политички активности на кои не може да видите ниту една жена“.

Истовремено, жалам што самата не се смета себеси за речиси најодговорна за таквите состојби, откако како креатор на политиките на највисоко ниво, ја расчисти речиси сета „женска понуда“ околу себе.

Софија Куновска, Фејсбук, 03.01.19.

нема
04.01 17:56
На нашите пазари се продаваат лажни конектори за сигурносни појаси за кола

На опустошениов простор преостанаа само уште „ортаците“ од различни видови, иако ни во нив не треба да се има безгранична доверба, и водачите, кои ќе ги славиме, а потоа ќе ги фрлиме под нозе. Многумина скапоцени луѓе упорно ја избегнуваат секоја форма на јавно делување плашејќи се да не бидат, „во друштво во кое децата врз сијалици се учат да гаѓаат“, прогласени за авторитети, што е потенцијално субверзивно и опасно. Институциите како да не умееме да ги градиме или ги рушиме често и поради тоа зашто се пречка за персонализираната власт. Одредено влијание во сето тоа има и нашето историско искуство кое вели дека во некои времиња државите во кои сме живееле, а со тоа и најголем број од институциите, ни биле туѓи. На нашите пазари се продаваат лажни конектори за сигурносни појаси за кола, а не сме расчистиле кого всушност со тоа лажеме.

Владимир Костиќ, претседател на САНУ; Време, 27.12.18.

нема
02.01 16:05
Каков прекрасен ден

Каков прекрасен ден: се разбудив во рацете на мојата драга, на мајка ми ѝ е роденден, сончево и чисто е, ми се погодија наочарите од 400 денари ептен, купив поклони, јадев хот дог, ѝ најдов на Џеки храна во вреќа од 13.5 кила, си купив менгеме, за ручек ќе јадам џигер, а осеќам и ќе се мава дремка!

Брадестиот Џо, Фејсбук, 31.12.18.

нема
31.12 19:39

Препорачуваме

Тамара во челустите на политиката

Целиот успех не беше доволен за најзадртите македонски националисти кои го прославија фактот што таа вечер Тамара не победи.

Шест месеци книжевна критика

Каква е општата состојба на домашната критичка сцена?

И министрите од ДУИ одговараат пред Собранието, а не пред Ахмети

Ставот на вицепремиерот Бујар Османи, дека „за смена на кадрите на ДУИ кои се дел од Владата може да одлучуваат само Али Ахмети и партијата“, е неточен.

Зошто сè уште постои стигма околу вирус кој можеме да го контролираме?

 Тешко се добива и јасно се третира. Тогаш, зошто општеството сè уште ги казнува луѓето инфицирани со ХИВ?

ОкоБоли главаВицФото