Боли глава

Рускиот антисемитизам е одвратен, германскиот монструозен, но англискиот е најперфиден и најсуров

- Рускиот антисемитизам — дивјачки погроми на јуродиви разбојници со запуштени бради и со гранично пореметување на личноста.

- Германскиот антисемитизам — научно прецизен, инженерски оптимизирано истребување по индустриски маштап.

- Англискиот антисемитизам - ционизам, перфиден балфоровски пробритански Израел, дозвола за Евреите да ја легализираат својата месијанска утопија или етнонационалното уточиште, но во позиција на колонијално-воена испостава за империјална контрола на арапската нафта и Суецкиот канал.

Рускиот антисемитизам е одвратен, германскиот монструозен, но англискиот е најперфиден, најсуров, најарогантен, а на долг рок, се плашам, и најстрашен. Дали ќе биде и најуспешен, за тоа не сакам ни да да размислувам.

Урош Крчадинац, Фејсбук, 23.10.24.

нема
23.10 18:22
Способноста на неспособните

Неспособните се способни способните да ги направат неспособни.

Бројот Еден, од стрипот „Алан Форд“

нема
21.10 10:03
За геноцидот во Газа Израел на целата планета ѝ испорача сметка од 60 тони CO2 во атмосферата

За геноцидот во Газа Израел на целата планета ѝ испорача сметка од 60 тони CO2 во атмосферата. Тоа е повеќе отколку што 135 држави во светот заедно испуштаат за една година. Толку за екологијата, климатските промени, ураганите, поплавите и хартиените сламки.

Euronews

нема
18.10 14:50
Цивилните места тогаш можат да го изгубат својот заштитен статус

Се разбира, самоодбрана не значи само напад врз терористите, туку и нивно уништување. Затоа кажав толку јасно: ако терористите на Хамас се кријат зад луѓето, зад училиштата, тогаш ние доаѓаме до многу тешка област. Но, ние не бегаме од тоа. Затоа јасно им предочив на Обединетите нации: цивилните места тогаш можат да го изгубат својот заштитен статус; оти терористите тоа го злоупотребуваат. Германија стои зад тоа; за нас тоа значи сигурност за Израел.

Аналена Бербок, „зелена“ министерка за надворешни работи на Германија; говор во германскиот Бундестаг, 10.10.24.

нема
16.10 10:08
Порака за Денот на менталното здравје

Денес е ден на менталното здравје. На светот денес тоа му е сериозно нарушено. Неизвесен и длабоко поделен мене ми се чини дека светот е биполарен.

10-ти октомври потсетува да бидеме рационални, и со нозете на земја. Да не избрзуваме во заземањето страна; екстремите се опасни. Да се чуваме од ударите што ни ги задаваат просторот и епохата. Да имаме емпатија кон заболените. Оти секој од нас е потенцијална жртва, а колку е важно менталното здравје знаат оние кои го загубиле.

Да бидеме затоа трпеливи, рационални, силни, и заедно да ја надминеме глобалната криза!

Стефанија Граовац, Фејсбук, 10.10.24.

нема
10.10 12:25
Денес е најдобриот ден од сите што ќе му следат во иднина

Моето објаснување има неспорно оптимистичка физика: доколку темната црнотија што Тричко ја опиша веќе се има случено, а ние и да не спознаеме дека сме го допреле најлошото, тоа значи дека уште погрозните нешта што ќе ни се случат под тотално безумното водство на вемерето, ќе го доживееме само како релативно полошо од претходното, а ќе го спознаеме со безбедно задоцнување како и досега. Од ова произлегува суштинскиот оптимизам на моево непоколебливо гледање само на светлата страна од животот: несопирливото пропаѓање под водство на вемерето ни гарантира дека секој миг од нашите животи ќе го доживуваме како најдобриот од сите што ќе му следат во иднина. Има ли пооптимистичка слика на иднината, од таа дека секој ден од животот ќе ви биде најдобриот од сите што му следат? Нема, се разбира.

Мирослав Грчев, Слободен печат, 04.10.24.

нема
07.10 11:30
Тоа што ни се случуваше по ветото за НАТО, сега ќе ни се случува по ветото за ЕУ

Ќе си се вратиме во 2008, кога после грчкото вето за НАТО Груевски почна најбрутално да си ја заробува државата и да си се богати. Штом не нѐ примате во ЕУ, нема што да ни кажувате како да владееме.

Тоа што ни се случуваше по ветото за НАТО, сега ќе ни се случува по ветото за ЕУ. Видовме колку беше добро тоа за државата. Со истата партија на власт.

Горан Михајловски, СДК, 27.09.24.

нема
30.09 09:53
Реакција по непримерените изјави и напади од страна на Мицкоски и Муцунски

По разрешувањето излеговте со јавна реакција за пропагандата кон Комисијата и за непримерни изјави и напади од страна на Мицкоски и Муцунски. Не се плашите ли дека некои кругови тоа ќе го сфатат како заземање страна во политиката?

-Практично бевме приморани да излеземе со таква реакција бидејќи кога премиер ќе даде суд дека досегашните членови на Комисијата „не ги штителе интересите на македонскиот народ“, тоа има сериозна тежина. Тие обвинувања, се разбира, се неосновани, и затоа одговоривме со заедничко соопштение. Впрочем, како што детално одговорив претходно, тројца од седум новоназначени членови биле дел од досегашната Комисија. Дали тоа значи дека и тие не ги штителе интересите на македонскиот народ кога во одреден период биле дел од Комисијата? Двајца, пак, од нив, се согласиле за текстовите на препораките усвоени во 2019 година. Дали тоа значи дека тие тогаш исто така не ги штителе интересите на македонскиот народ, посебно што тие препораки наидоа на остри критики од луѓе блиски до новата власт? Се разбира, воопшто не мислам дека е така. А ако е така, тогаш новиот состав треба да се огради и да ги поништи тие препораки од 2019 година, кои биле одобрени и од сега новиот копретседател од македонска страна.

Огнен Вангелов; интервју за Respublica, 17.09.24.

нема
22.09 12:13
Во Комисијата треба да членуваат и претставници од меѓународни тела

Зошто сметате дека во Комисијата треба да членуваат и претставници од меѓународните тела кои ги наведовте?

-Затоа што вакви комисии постоеле и постојат во Европа и бидејќи е очигледно дека со ваков начин на работа комисијата не може да дојде до резултати. И дополнително наместо да се намалуваат антагонизмите и тензиите меѓу двата народа и двете држави, тие периодично се интензивираат. Затоа сметавме и сметаме дека е потребно меѓународни експерти да навлезат подетално во работата на Комисијата – да имаат увид како се работи, што се очекува од неа и слично. И погоре реков дека тоа не гарантира успех, но дава можност, со помош на меѓународна експертиза, да се искористат некои позитивни искуства од слични комисии во Европа. Присуството на експерти од УНЕСКО или Советот на Европа според мене ќе ја намали можноста за политичка инструментализација на комисијата, пред сè од страна на Бугарија и токму затоа бугарските колеги резолутно беа и остануваат против вклучување на такви експерти.

Огнен Вангелов; интервју за Respublica, 17.09.24.

нема
19.09 14:31
Треба да се национализираат сите обложувалници и коцкарници

Двајца разговараат во кафеана, каков е твојот впечаток за Олимпијадата, мој впечаток е дека треба да се национализираат сите обложувалници, по ред, обложувалниците и коцкарниците, но тоа не е можно, што не е можно, се разбира дека е можно, тоа би било можно веќе утре, добар ден, добар ден, сопственичкиот статус на вашата обложувалница штотуку се промени, нов закон е донесен, имотот оди во рацете на локалниот здравствен дом и на јавниот базен, заборавете на судски процес, верувајте ми, само верувајте ми, не, нема да го правите тоа, не, туку своето дете ќе го запишете на пливање, од денеска е бесплатно за сите и условите за тренирање се подобри од било кога, но тоа не е демократски, што не е демократски, а народната демократија, а економската демократија, но тоа не е вистинска либерална демократија, е во вистинската либерална демократија ќе поверувам тогаш кога ќе го видам британското кралско семејство на шалтерот на бирото за вработување.

Урош Крчадинац, Фејсбук, 26.08.24.

нема
16.09 11:19
Од вестите за интегритет за денес издвојуваме точка од седницата на Судскиот совет

Судија 95 пати разговарал на телефон со обвинет кого го судел, за што има листинзи од телефонска комуникација како доказ. Обвинителката побарала изземање, ама судијата не се изземал и ладно си го судел предметот и си донел пресуда.

Васко Маглешов, Фејсбук, 11.09.24.

нема
13.09 12:33
Стапката на непланирана бременост кај малолетните девојки во Македонија е една од највисоките во Европа

Стапката на непланирана бременост кај малолетните девојки во Македонија е една од највисоките во Европа и таа изнесува 11%.

Стапката на малолетнички породувања е 15,7 на 1.000, што е речиси трипати повеќе од просекот од 6 на 1.000 породувања за земјите од Европската Унија.

Весна Матевска (ХЕРА); Цивил Медиа, 02.09.24. 

нема
10.09 20:25
Господин човек

Договорот со германската фирма за литиумски батерии го потпишал сдсмовецот Битиќи во септември минатата година, а еве, овој септември му падна честа на вмровецот Мицкоски да го стави камен-темелникот. При што, Мицкоски рече: „Фатмир Битиќи кажа тој е тој којшто ја донел, па еве јас од мое име да му се заблагодарам затоа што процесот го водел до каде што го водел, жалам што не успеал да го заврши до крај“. И, наместо да заврши тука, продолжи: „Претпоставувам не успеал да ги убеди граѓаните како што еве ги убедувал неговите сопартијци на осми мај, па доживеа дебакл каков што доживеа“.

Е што благодарност беше тоа? Толку ли Мицкоски не може да се издигне над ситуацијата, па мораше и благодарноста за една инвестиција да ја претвори во потсмев? Од каде му извира потребата постојано да го повторува тоа дека победил? Уште ли не може да си поверува дека е премиер?

Па ако е за честитање, честитај. Ако е за благодарност, заблагодари се, не се потсмевај. Биди господин. Ако е за фалење, пофали. Така ќе оставиш простор утре и тебе да те пофалат. Господин човек.

Горан Михајловски, СДК, 06.09.24.

нема
08.09 14:21
Премиер нема што да пријавува во Обвинителство

Од Обвинителството велат дека не добиле пријава оти некој сакал да го поткупи премиерот. Така што, сега би требало да отворат истрага по допрен глас. А, ако Мицкоски не соработува со нив да го гонат за попречување на правдата. Или да го држат одговорен за јавно изречениот збор, па да го гонат за лажна пријава.

Арно ама, бидејќи тој е премиер нема што да пријавува во Обвинителство. Па вели: „Јас одлучив со јавност да се борам со криминалот и корупцијата, и затоа ја дадов таа изјава и тоа е пораката дека времето за криминалците во политиката заврши“.

Оти, да пријавиш криминал во обвинителство не е доволно јавно. А не е ни некоја борба. Со изјави на прес-конференција ќе се бори.

Горан Михајловски, СДК, 30.08.24.

нема
04.09 12:02

Препорачуваме

Мали светлини

Четири микро раскази од новата книга во едицијата Магма.

Две старици на клупа пред „Буњаковец“

На саемот на книгата (8-14 мај)ќе биде претставена книгата со раскази на Тина Иванова, Danse macabre, од која пренесуваме еден расказ.

Темплум каталог 2025

Годинава јубилеи имаат фестивалот Друга приказна и наградата Новите!

ОкоБоли главаВицФото