Боли глава

Добар ден. Го добивте бројот на МПЦ

Добар ден. Го добивте бројот на МПЦ.
За купување гробно место, одберете 1.
За купување стан карши ГТЦ, одберете 2.
За другите црковни услуги, одберете 3.
За донации одберете 4.

Goran_Man, Твитер, 26.11.18

нема
30.11 01:10
Има разлика

Во времето на ж, МПЦ сакаше да гради црква на плоштад.
Сега сака да гради облакодери кај ГТЦ.
Има разлика.

Билјана Бејкова, Фејсбук, 27.11.18

нема
29.11 01:29
Кога железничарите со голем железен чекан ги удираат тркалата на вечерниот воз

Горан ми откри дека копнежот да замине во непознатото за него бил звукот што се создава кога железничарите, стоејќи на перонот, со голем железен чекан ги удираат тркалата на вечерниот воз. А патниците спијат во своите вагони со кревети. Тогаш посакувал да е со тие во возот. Тие што патуваат кон Париз, кон Лондон, кон Прага, кон Хајделберг... Тој копнеж добро го познавале поетите на германскиот романтизам. Горан беше македонскиот Хелдерлин.

Кица Колбе, за Горан Стефановски; Фејсбук, 28.11.18.

нема
28.11 11:48
Македонија не е Швајцарија, затоа си министер!

На муабетот на министерот за животна средина дека Македонија не е Швајцарија, еден дечко вели:

Па, не е Швајцарија, затоа си министер! Да е Швајцарија, ќе работиш у Комуналец.

Шо не е јасно?!

Ирена Ристиќ, Фејсбук, 23.11.18.

нема
26.11 12:20
Јас не се бавам со граѓаните

Јас не се бавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат.

Садула Дураки, министер за животна средина, одговара на прашање на ТВ Сител, кој е неговиот став за најавите дека граѓани ќе ја тужат државата за аерозагадувањето; 21.11.18.

нема
23.11 11:28
Зошто злото и лагата полесно се лепат за нас отколку вистината и чесноста?

Всушност, сè што навистина вреди во земјава успеавме да го тргнеме на страна, да го премачкаме со отров и да му ја наполниме устата со земја. Хиерархиите се така создадени за на врвот да бидат оние што немаат никаков квалитет освен зло замаскирано во моќ. Треба само да си расипан до коска за да можеш да балансираш низ тие отровни пирамиди. Но и тоа се учи. Ние актерите тоа градиво добро го знаеме. Прашање е зошто би го правел тоа кога имаш дарба, знаење и љубов за прекрасни работи кои би можеле само да облагородуваат? И зошто злото, подмолното и лагата полесно се лепат за човечкото тело отколку вистината, искреноста и чесноста?!

Синоличка Трпкова, Фејсбук, 20.11.18.

нема
22.11 12:51
Не сте свесни колкаво разочарување создадовте со пуштањето на Груевски

Не сте свесни, вие од власта, колкаво разочарување и колкав гнев создадовте од тоа што го пуштивте Груевски. Не нè интересира да си префрлате одговорност на судство и други инстанци. Башка имате лекција од Неџби и Христо.

Оној што беше алфа и омега на целото злосторничко здружување, што нè покраде до гола кожа и ни остави лош кич од стиропор, а си собра милиони, што се ситеше кога им течеше меѓу нозе на оние врз кои тренираше строгост, кој ги ничкоса медиумите, воведе пропаганда и владееше со закани, апсења и корупција, сега пие винце на Дунав. 

Важно вие во притвор си ја чувате девојката што пушела канабис. Абе ние не заслужуваме да се викаме држава, без оглед како ѝ е името.

Ида Протуѓер, 13.11.18.

нема
20.11 20:24
Од кога се извини Гордана...

Од кога се извини Гордана, се осеќам како после гилотина главата со фластер да ми ја лепат за телото.

Александар Дојранлиев, Фејсбук, 14.11.18.

нема
19.11 10:43
Единствено погадно и помизерно од бегството на Грујо е...

Единствено погадно и помизерно од бегството на Грујо и срамната неспособност на нашата власт ми е бедното кукање без трошка самопочит дека ништо не чини, дека сите треба да си одиме од овде, дека сите други се подобри и секаде другде е подобро од овде.

Румена Бужаровска, Фејсбук, 14.11.18.

нема
16.11 13:47
Орбан

Пушташ кучиња и лути специјалци против гладни деца од бомбардирани градови и села отруени со бојни отрови, креваш зидови против мајките од уништениот Алепо, не ти се трпат други вери и нации, бои на кожата, ја уриваш Европа на хистеризираната тема за имигрантите, а примаш бандити, криминалци и мирновременски злосторници какви Европа не видела во последните сто години, кој курац си ти, бе, Орбан да ја обесчестуваш Унгарија, да ја срамиш Европа и да му плукаш в лице на човекот!?

Бранко Тричковски, Фејсбук, 15.11.18.

нема
15.11 12:36
Они нас јуре ко ку*ве, а ми бежимо ко соколови

Они нас јуре ко ку*ве, а ми бежимо ко соколови (стара црногорска, сите сличности се случајни).

Ѕвездан Георгиевски, Фејсбук, 14.11.18.

нема
14.11 16:30
Доналд Трамп во Париз со Емануел Кант

Американскиот претседател Доналд Трамп во Париз се сретна со неговиот француски колега Емануел Кант, кој се трудеше да покаже дека добрите односи и понатаму опстојуваат.

Денешен весник (портал), 12.11.18.

нема
13.11 13:29
Го чекаме да иде у затвор

Го чекаме да иде у затвор ко Нова година.

Марина Мици Трајкова, Фејсбук, 08.11.18.

нема
12.11 11:00
Во ист момент сите во Скопје да ги отворат на 1 минута прозорците од домот

Во ист момент сите во Скопје да ги отворат на 1 минута прозорците од домот и топлиот воздух од домовите ќе се крене и сите честички ќе ги крене високо во облаците, а ладниот и свеж воздух полека ниско ќе навлезе и ќе се реши проблемот веднаш.

Иван Исцелител, Фејсбук, 03.11.18.

нема
08.11 12:23

Препорачуваме

Тамара во челустите на политиката

Целиот успех не беше доволен за најзадртите македонски националисти кои го прославија фактот што таа вечер Тамара не победи.

Акробатската мува

 Краток филм на природонаучникот Ф. Перси Смит од 1910.

Шест месеци книжевна критика

Каква е општата состојба на домашната критичка сцена?

И министрите од ДУИ одговараат пред Собранието, а не пред Ахмети

Ставот на вицепремиерот Бујар Османи, дека „за смена на кадрите на ДУИ кои се дел од Владата може да одлучуваат само Али Ахмети и партијата“, е неточен.

ОкоБоли главаВицФото