Боли глава

Субвенции за одгледување кози во урбани средини

Шетам денес низ град и гледам колку сè е зараснато и непокосено, џбуновите и дрвата неискастрени...

Со вакви градоначалници/началнички едини спас ни е министерство за земјоделие да почне да дава субвенции за одгледување кози во урбани средини.

Никола Писарев, Фејсбук, 11.05.23.

нема
12.05 16:49
Да не бидеме себични и да ја гледаме само ,,нашата" страна

Откако е почнат саемот на книга на социјалните мрежи читам колку е лошо. Немало воздух, немало попусти и избор, влезницата била покачена...

А никој не коментира дека сè е покачено освен книгите. Книгите уште се продаваат по исти цени (иако и печатењето и закупот на простор на саемот значајно се покачени).

Особено омилени ми се споредбите со саемите во Европа. И јас сакам да биде нашиот саем како во Европа, па наместо моите книги да се продаваат 300 денари (5 евра), да се продаваат за 20 евра, како што се продаваат во Европа. И јас сакам наместо пет луѓе во публика на саемска промоција да се плаќа 15 евра, колку што чинеше влезницата за моето гостување во Лајпциг.

Да не бидеме себични и да ја гледаме само ,,нашата" страна. Саемот трае уште два дена (денеска и утре), дојдете и дадете поддршка.

Петар Андоновски, Фејсбук, 09.05.23.

нема
09.05 09:34
Јас не простувам

ЈАС НЕ ПРОСТУВАМ. Јас сакам чесен суд. Јас сакам правда. Нема правда, нема мир. Мене тоа не ми значи ништо. Јас правда сакам, а мир, никогаш, ама никогаш, додека дишам, до последниот здив, е мир, мир нема да имате! За правдата ќе ви простам, но за тоа што ми го зедовте мирот не можам дури и да сакам да проштевам! Мирот ми го зедовте и мир немам, па мир не можам да ви дадам! Додека сум жив ќе живеете во немир. Помирете се со тоа. Мир нема да имате. Единствен начин да се спречи ново предавство и ново зло е да живеете обележано, во немир и страв.

Јани Бојаџи, директор на ТВ Алфа; Нова Македонија, 29.04.23.

нема
08.05 14:06
Белград не е далеку

Белград не е далеку. Имаме исти или слични вредности. Имаме исти или слични транзициски херои. Немаме извесност на казнувањето. Имаме исти пушки и пиштоли од кои пукаме на свадби, крштевки и празници. Децата ни растат со клуч од дома закачен околу вратот. Наставниците и учителите се гушат во администрација, пополнувајќи некакви бесмислени хартии. На ист начин ги тепаме жените дома. Истата корупција и истото судство е и ваму и таму. Исти ријалити програми гледаме. Не, Белград не е далеку. Белград е тука и треба да се замислими малку околу тоа.

Ѕвездан Георгиевски, Фејсбук, 04.05.23.

нема
04.05 15:36
Здружено спречија разрешување на апелациониот судија Енвер Беџети

Нема што многу да се трошат зборови и да се жалиме за состојбата во правосудството. Видовме дека во Судскиот совет, највисокото судско тело кое избира и разрешува судии, заменик-претседателот самиот си измисли процедура за разрешување на претседателката. Ај што си измисли процедура што нема врска со законот, туку доби и уште шест гласа од колегите во Советот таа процедура и да ја спроведе. По овој настан, веќе нема ни потреба од длабокоумни анализи за состојбите во правосудството, дебати за реформи и ветувања на патот за ЕУ. Нема тука ни муабет кој се меша во судските одлуки – дали СДСМ, ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ. Сè е јасно: здружено спречија разрешување на апелациониот судија Енвер Беџети, кој доволно долго го држел во фиока високопрофилниот случај против поранешниот директор на тајната служба Сашо Мијалков, за да му овозможи застарување на делото. Станува збор за случајот на поранешното СЈО „Таргет-Тврдина“ за незаконското прислушување на илјадници граѓани. Тоа е случај од кој што произлегоа сите други случаи и од каде што тргна заробувањето на државата, но никој за тоа нема да одговара.

Горан Михајловски, СДК, 28.04.23.

нема
03.05 11:58
Коцарев сака да нѐ вовлече во бунарот на поделбите

МАНУ ја преспа транзицијата и излегува од мракот на својата омерта со режимот на една партија само во мигот на клучните моменти, кога одново ќе се најдеме на некоја крстосница. Еднаш тоа го стори претседателот на таа институција Ефремов со најантимакедонскиот чин до сега во поновата историја (поделување на земјата меѓу Македонците и Албанците), а сега актуелниот претседател Коцарев одново сака да нѐ вовлече во бунарот на поделбите со своите ставови пред кои молчат и оние интелектуалци кои се избрани како врв на знаењето и – соодветно – подобро од другите да ја претскажуваат иднината?!

Љубомир Костовски, Фронт лајн, 28.04.23.

нема
28.04 14:22
Мостовите што ги горам...

Мостовите што ги горам, нека ми го осветлат патот!

Ирена Ристиќ, Фејсбук, 20.03.23.

нема
21.04 2023
Родовата еднаквост е богохулна, противприродна, изопачена

На нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост. Оваа идеологија, односно манипулативна терминологија, е богохулна, противприродна, изопачена. Господ ги создаде машко и женско; сè друго изменето, поинакво и поразлично од божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо.

Митрополит Преспанско-пелагониски Петар во велигденско послание; 16.04.23.

нема
18.04 2023
Енвер Хоџа јавно бричел и шишал мажи кои пуштале брада и коса

Инаку, меѓу другото, Енвер Хоџа јавно бричел и шишал мажи кои пуштале брада и коса. Пред да ги однесе во станица на претепување и/или затвор. А и не бил, да ви кажам, фан на џинс. Особено не на слим.

Така што, малку доследност, молам, како основна неопходност дури и во политичката шизофренија.

Катарина Синадиновска, 12.04.23.

нема
14.04 2023
25.713 км2. Ова е сè за кое треба да се грижиме.

Околу 25.713 км2 површина која ја нарекуваме Македонија - земјата каде живееме.

Со околу 40-тина планини, 24 котлини, 1600 реки и водотеци, (едвај) 3 природни тектонски езера, 4 национални парка, 1 вид рис, илјадници ретки, загрозени и важни видови растенија, габи и животни. Кањони, клисури, суводолици, ридови, чуки, ували, вртачи, сипари, пештери и јами. Шуми, ливади, полиња, пасишта, оризишта, овоштарници и ниви. Локви, бари, тресети, мочуришта и блата.

Мутаво мал дел од Земјината кора за кој треба да се грижиме. Тоа значи да не го: палиме, копаме, бушиме, загадуваме, сечеме, уништуваме, продаваме, раздаваме, злоупотребуваме, ебаваме.

Да не го даваме на криминалци, шверцери, дилери, курајбери, шалабајзери, терористи, министри со тупе и белосветски клошари.

Да ви се намочам на недомаќините, што не знаете грст земја да чувате! (Убаво го срочил ова Przo војвода.)

Ирена Ристиќ, Фејсбук, 09.04.23.

нема
12.04 2023
НЕ БИДИ ЃУБРЕ е култура на живеење

Со мојата работа сум ги понижувала комуналците.

Со мојата работа сум си ја чистела прљавата совест.

Со мојата работа сум се борела за фотеља.

Среќа, та не се доктори овие грандиозни мислители и дијагностичари, сите ќе испоцркавме...

Имајте убав ден, не фрлајте кај стасате, не ја чистете колата на семафори и по паркинзи, со гребло ќе ве мавам.

НЕ БИДИ ЃУБРЕ е култура на живеење и најмалку има врска со ѓубрето.

Ваша, #ПрваМетла

Ирена Ристиќ, Фејсбук, 20.03.23.

нема
07.04 2023
Се бориме за политики кои ќе дадат основа за идни законски решенија

Интересни ми се „обвинувањата“ од одредени групи дека организациите делувале политички и работеле на промена на закони за вклучување на ЛГБТИ луѓето во истите. Не ја разбирам екстазата небаре откриле долго криена тајна. Токму тоа е суштината на работата на организациите и истото се нарекува - застапување, што е клучна активност на граѓанското општество. Токму истото го прават и групите кои обвинуваат. Се застапуваат за закони кои ги исклучуваат ЛГБТИ луѓето. И двете форми на делување (и на организациите и на анти-родовите иницијативи) се апсолутно политички.

Ние се бориме за политики кои ќе дадат основа за идни законски решенија. Тие се борат за политики кои ќе дадат основа за идни законски решенија. Методот е ИСТ. Разликата е само во тоа што ние работиме за вклучување на сите луѓе во законската заштита, а тие работат за исклучување на одредени групи од истата.

Ирена Цветковиќ, Фејсбук, 27.03.23.

04.04 2023
Стигматизирањето на Славјанка е стигматизирање на мнозинството луѓе

Зборувањето јавно за нечие ментално здравје и вадењето на доверлива медицинска документација на увид на јавноста е еден од најгнасните чинови во нашето Собрание.

Пратеникот Драган Ковачки вчера на говорница извади медицинска документација од специјалист психијатар за министерката за одбрана Славјанка Петровска со која наводно докажува дека пиела седативи. Не само што е грозен чинот, туку е и казнив со закон.

Конечно, денес речиси да нема човек кој има потешкотии со менталното здравје, страда од анксиозност, депресија и слично. Стигматизирањето на Славјанка е стигматизирање на мнозинството луѓе, а стигматизирањето на обидите за надминување на овие состојби (меѓу другото и со медикаменти) е директен удар врз јавното здравје.

Ирена Цветковиќ, Фејсбук, 29.03.23.

31.03 2023
Реално немаме пари за да испечатиме учебници

Реално немаме пари за да испечатиме учебници по сите предмети во средното образование.

Јетон Шаќири, министер за образование; Детектор, 25.03.23.

нема
29.03 2023

Препорачуваме

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото