Боли глава

Четирите основни столба на човештвото

Четири основни столба на човештвото се добро, зло, машко и женско.

Венко Андоновски на трибина во Струмица: „Зошто Не за сексуалното образование во училиштата“; 17.03.23.

нема
26.03 2023
Од вкупниот буџет за култура 51,3% оди за платите

Намалениот буџет на Министерството за култура за оваа година се должи на фактот дека моравме да ги обезбедиме платите на културните работници коишто се гарантирани со Колективниот договор.

Колективниот договор ги унапредува платите на културните работници и стабилноста на функционирањето на културните работници и културните установи беше предизвик кој го поставивме во фокус, бидејќи од вкупниот буџет 51,3% се препишува на платите.

Бисера Костадиновска-Стојчевска; Канал 77 Рацин.мк, 18.03.23.

нема
24.03 2023
И не туку се сили прчле едно, Костадинчо!

Ако веќе не го едуцирала партијата под чиешто знаме, односно идеолошки вредности и политички ставови, дошол на власт и градоначалничка позиција, тогаш некој треба да му каже на Костадинчо дека:

- православието може да биде негова слобода на вероисповед (определба тешка работа, ваљда не бил вундеркинд кога при крштевка го определиле други) кога лично, приватно, во свое име, како Коки, ќе оди на Црква, ќе се моли, ќе чита и верува во Библијата, во потопи, распнувања, воскресенија итн.

- А кога како градоначалник, во име на функцијата, канцеларијата која претставува граѓани, различни, плурални, сингуларни, а не верници на оваа или онаа вероисповест, ќе седи во прв ред на омразосеечки мизогини хетеропатријархални и христијански трибини, и како градоначалник ќе ги поддржува таквите собири во име на општината, ќе се влажни, восхитува, екстазира на секоја изречена глупост, тогаш, Костадинчо, тоа не е слобода, туку ја преоѓа границата накај теократско и фундаменталистичко политичко владеење, што е сè само слобода не. Крвта низ историјата и континентите ни е сведок за тоа!

И не туку се сили прчле едно, не туку претај ко рането маженце, туку сведни глава, ќути, и извини се кога граѓаните и целата платформа за родова еднаквост те искритикувала. Ако не иди си у ВМРО, Интегра или биди клисар.

Славчо Димитров, Фејсбук, 22.03.23.

нема
22.03 2023
Проблеми со кожа? Кај просурфав, кај се запустив!

Кај ми се јавија некои проблеми со лицето, кај просурфав кај се запустив! Знаете ли дека има лепенки за очни капаци, значи лепенки, ко селотејп, па да ти ги држат капаците демек подигнати, младешки изглед као, па врз селотејпот и шминка си ставаш! Па ботокс на трепки, па имаш руски усни (какви се тие усни побогу?), па имаш некои хемикалии за усните, да си ја смениш природната боја на усната, па веѓи јапонски корејски цртани полуцртани, па попусти на групер од само 48 илјади ботокс сега за 40.000! Серуми за масна кожа ама сува брада, масна Т зона а сува кожа, серум за сѐ, серум за лице ама не за околу усни, пептиди кои ќе те направат 20 години помлада, 584 видови хијалуронски киселини...

И ајде сѐ ова ок, иако сериозно можеш да збудалиш читајќи, туку ако имаш реален проблем, термин на дерматолог нема во наредни 2 недели! Никаде! Сѐ е посветено на пролетни разубавувања, преполни сме госпоѓо со третмани, докторката може да ве види дури во април. Им пишуваш, ти викаат, аааа ние не можеме совет да ви дадеме освен да ви ја предложиме козметиката со која работиме (читај: земаме процент). Ти иде на крај немиен да си легнеш и да оставиш сѐ на природата, а за свечени пригоди една точка Бекутан и ајт!

Мери Јордановска, Фејсбук, 19.03.23.

нема
19.03 2023
Ептен сте завидливи!

Секаде во светот, кога фирма што произведувала гашти ќе добие тендер за надзор на изградба на автопат, тоа се смета за успешна приказна, само кај нас за корупција.

Значит, ептен сте завидливи!

Иљче Затаракоски, Фејсбук, 14.03.23.

нема
15.03 2023
Прашање кое ме мачи

Како имаме кусок работници во градежништвото, па мораме да ги увезуваме, а имаме вишок станови? Ако се престане со градежната експанзија, можеби тие што сега работат на згради за домување ќе се префрлат на нискоградба и комерцијални објекти. Можеби затоа, при подготовка на политики за увоз на работници, не мора само со комори да се збори.

Миша Поповиќ, Фејсбук, 14.03.23.

нема
14.03 2023
Секаде е убава традиција, а кај нас е непотизам

Кога синовите и ќерките ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција, а кај нас е непотизам.

Елвин Вели, Претседател на Здружение на обвинители; Детектор, 04.03.23.

нема
08.03 2023
На 17 јуни 2018 г. македонскиот народ целосно исчезна од меѓународната сцена

Би сакал уште еднаш да потсетам, за што сум говорел многупати, дека до 16 јуни 2018 година за повеќе од 130 држави и за речиси 80 проценти од жителите на планетата Земја ние бевме Македонци што живеат во Република Македонија, а веќе на 17 јуни 2018 г. – само еден ден подоцна, македонскиот народ целосно исчезна од меѓународната сцена. Затоа, повикувам: одговорните за овој грозоморен чин јавно да им се извинат на Македонците, договорите со Грција и со Бугарија, коишто претставуваат културен геноцид на Македонците, во колективната меморија на македонскиот народ да се именуваат со синтагмата „македонски холокауст“.

Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ; годишно Собрание на МАНУ, 21.02.23.

нема
05.03 2023
Бугарија планира да пушти владин авион полн со леб?

Бугарија планира да пушти владин авион полн со леб за Бугарите во Македонија или немо ќе ги гледа нивните страдања?

Иљче Затаракоски, Фејсбук, 01.03.23.

нема
03.03 2023
Уште нема финансиска децентрализација

Кога сме кај финансиите на општините, 18 години по воведувањето, финансиската децентрализација не е искористена. Не е мрднато чекор напред и тука најиздашниот извор на приход, данокот на имот, е најмалку искористен. Се смета дека повеќе од 70 отсто од објектите не се евидентирани за да се оданочуваат. Комуналиите кои општините ги доживуваат како најинтересен извор на приход кога се бара дозвола за градење, се исти веќе 20 години, а гледаме дека околу нас се градат екстремно профитабилни објекти. Цените на становите растат, а комуналиите не успеваат дури ни да ја финансираат обврската на општината за дадениот објект и се држат на ниско ниво. Да не говорам за цените на комуналните услуги каде што има чист популизам.

Во такви услови, спасот се бара во „дајте ми државни пари“, „дајте ни можност да се задолжуваме“, а сопствените ресурси кои стојат на располагање воопшто не се обидуваат да ги искористат.

Ристо Пенов, на конференцијата „Година на нови можности“; Окно, 06.02.23.

нема
01.03 2023
Лелемајстор

Лелемајстор - мајстор кој ќе дојде да ти поправи нешто дома, ќе ти го утепа цел ден и на крај ќе ти расипе уште барем две работи.

Милан Дамјаноски, 22.12.22.

нема
27.02 2023
Не е точно дека синот на Талат Џафери треба да се третира како секој друг

И не, не е точно дека синот на Талат Џафери треба да се третира како секој друг.

Токму зашто е син на висок функционер мора да се внимава на можноста да бенефицира од позицијата на таткото.

Токму заради тоа постојат и членовите 56 и 74 од Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Ама, како што реков, не можам да очекувам од човек кој дошол на функција како награда за своите терористички активности и останува на функцијата заради припадноста на мафијашката организација ДУИ, да го знае, а камо ли да го спроведува правото.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 23.02.23.

нема
24.02 2023
Државата немала механизам

Државата немала механизам да казни злоупотреба на пари за патни трошоци на пратеници; немала механизам да казни полагање правосуден испит пред диплома; немала механизам да казни користење државни ресурси лично од министрите, за доброто на нивната партија; немала механизам да казни незаконска распределба на милиони евра народни пари преку т.н. спортски ваучери…

Државата има механизам само како да го толчи граѓанинот претходно ограбен и понижен од немање механизми.

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 23.02.23.

нема
23.02 2023
Војната во Украина многу сериозно ги погоди општините во земјава

Војната во Украина, која предизвика економска и енергетска криза, многу сериозно ги погоди општините во земјава и им ги зголеми трошоците и поголем дел од буџетите за финансирање на трошоците за енергија.

Во анализата на UNDP со податоци од деветте месеци, констатирани се ефекти кои говорат за катастрофално лош однос на општините во услови на енергетска криза. Со бројки, трошоците за енергија вкупно во општините во деветте месеци од 2022, се зголемиле за една милијарда денари.

Општините тој трошок се обиделе да го надоместат со намалување на капиталните инвестиции, но таа милијарда ја надоместиле со намалување на капитални инвестиции за 1,9 милијарди или двојно повеќе, и притоа ги зголемиле долговите за дополнителни 800 милиони денари, што говори за еден катастрофално лош или нерационален однос кон развојот на општините и кон граѓаните.

Ристо Пенов, на конференцијата „Година на нови можности“; Окно, 06.02.23.

нема
21.02 2023

Препорачуваме

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

Во потрага по изгубеното Скопје во Скопје

Градежниот метеж, во кој е претворено Скопје, е најјасната слика за алчноста и трката по материјален престиж, кои владеат во Македонија.

ОкоБоли главаВицФото