Боли глава

Факти од македонската политичка историја

- Најдолга функција Претседател: Ѓорге Иванов;

- Најдолга функција Премиер: Никола Груевски;

- Најдолга функција Пратеник: Ѕинго и Амбди Бајрам.

Сакате нешто повеќе да ме прашате?!

Владимир Штериовски, Фејсбук, 24.09.18.

нема
24.09 19:19
Ти прај го тоа, а ние...

Ти рани ги,
облакај ги,
купувај памперс,
креветчиња,
дубала,
играчки,
носи ги по болници,
купуј сирупи, кашички,
капчиња,
тропатала,
плаќај градинки,
чоколатца, балони, лижавки,
облеки и кондурчиња секој месец нови
пошто брзо растат па све им омалуе
за 1 до 2 месеца, значи
ти тоа прај го,
а ние ќе се пуштиме у жесток секс без заштита,
сперма нека лета на сите страни,
јбг, Влатче е тука,
он ќе се погрижи
за последиците.

Стихо Политико, 22.09.18.

нема
23.09 17:48
Животот е гигантско тенџере со шпагети

Животот е, уствари,

едно гигантско тенџере

со милион компромиси

испреплетени еден со друг

како шпагети,

и од тоа колку повеќе шпагети

има у тенџерето

зависи колку далеку

ќе стасаш во животот.

Стихо Политико, 20.09.18.

нема
20.09 12:08
Кинески летечки автомобили за Србија

Во текот на актуелната посета на Кина претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе го замоли кинескиот колега Сији Џинпинг да ги поддржи најиновативните и најмодерни технолошки проекти, меѓу кои се развојот на вештачката интелигенција и летечките автомобили – неофицијално дознава „Блиц“.

Блиц, 18.08.18.

нема
18.09 15:28
Лудница за сите оние на кои им остана барем малку разум и совест

Кога веќе дошло време камчевци, бајрамовци, мијалковци слободно да се шетаат и да ни ја носат Европа, тогаш пратете го тоа комбето, што не успеало утрово да ја спроведе Ирена Ристиќ до лудница, да сврти уште еден круг и да ги собере сите оние на кои им остана барем малку разум и совест во државава.

Драган Дацко Додевски, Фејсбук, 17.09.18.
#‎поддршказаристиќ‬

нема
17.09 10:47
Парите им се толку валкани што ни УЈП не смее да ги праша за потеклото

Имаме квази интелектуалци од сите области купени односно поткупени од богаташи на кои парите им се толку валкани што ни УЈП не смее да ги праша за потеклото на капиталот.

Сабина Факиќ, Фејсбук / Окно, 15.09.18.

нема
16.09 18:01
Ептен сме јаки следачи на економија

Во моментов сум на настан во Тетово и ни претставуваат резултати од национално истражување, според кое на прашањето какви новости следите на интернет, на прво место е политиката која ја следат 48,7%, забавата е на второ место со 39,1%, а економијата е на многу високо трето место за која велат дека ја следеле 34,1% од испитаниците. Економијата е дури и пред спортот за кој велат дека го следат 32,6%.

Абе, ајде. Од каде толку многу заинтересирани за економија? А, од друга страна, на прашање дали и каде имате профили, 51% велат дека имаат профил на Фејсбук, а само 1% на деловната мрежа ЛинкедИн.

Ептен јаки следачи на економија. Само немој да ги прашаш што е разлика меѓу долг и дефицит.

Владимир Петрески, Фејсбук, 14.09.18.

нема
14.09 16:04
Го сонував Мијалков. Имаше фризура како Бени Шаќири.

Го сонував Мијалков. Имаше фризура како Бени Шаќири, облечен во кожна јакна и кожни панталони. Бевме во некој ноќен клуб. Ми кажа: „Нема леб у Македонија... Да најдам нешо у странство - одма одам, ич не му ја мислам“. Одеднаш, од нигде никаде, се појави Ивона, нè фати под рака и ни кажа: „Дечки, одиме на друго место, тука стана досадно“.

Се разбудив со болки во стомакот како да сум изел расипана партиска книшка. Којзнае што имаше на другото место кое не успеав да го досонувам...

Владимир Лукаш, Фејсбук, 11.09.18.

нема
11.09 17:20
Иднината на оваа држава е крадлива

Наведнат меѓу рафтовите барајќи леб се слушна гласно и возбудено "Идат децата, брзо". Сите вработени, продавачи и продавачки се распоредија низ супермаркетот а најкрупниот од нив застана на излезната врата како обезбедување. За неполна минута влегоа петнаесеттмина средношколци кои очигледно овде пазаруваат за големиот одмор. Секој чекор на секој средношколец беше строго следен. Иднината на оваа држава е крадлива, ми шепна една од продавачките.

Влатко Деков, Фејсбук, 10.09.18.

нема
10.09 17:13
За утре да знаете, германското знаме не е со кукаст крст!

Ало, протокол, за утре да знаете, германското знаме не е со кукаст крст, црепови низаедни!

Gandalf the Ted, Фејсбук, 07.09.18.

нема
07.09 13:05
Гасоводно

Гасоводно: гас, Водно, дно.

Владимир Лукаш, Фејсбук, 06.09.18.

нема
06.09 15:41
Поодбивни ми се разните Силјановски и Солзи, отколку сите Мицкоски

Утешно и охрабрувачко е што политичка величина, како Ангела Меркел се ангажира за доброто на Македонија. Од друга страна, разочарувачко и депримирачко е што пола Македонија (се надевам, сепак барем малку помалку од пола), работи во корист на својата штета. Не само политичари, туку еден куп професори и „интелектуалци“. Поодбивни ми се разните Силјановски и Солзи, отколку сите Мицкоски (да не зборам за мафијата пред него) на светот. Мора на 30 септември да им покажеме дека не се само интелектуални, туку и општествени маргиналци.

Миодраг Мишолиќ, Фејсбук, 04.09.18.

нема
04.09 19:46
Браво УКИМ. Секогаш натртени, секогаш назад.

Партизацијата на УКИМ повторно е заведена, заскокан е од отровни реторичари... Овој пат Левица и првиот меѓу еднаквите од Президиумот беседат на Филозофски факултет (еј!), се пенават за последната партиска заложба на крајно десната Левица (Е. Михајлова) - бојкот, про-Русија (види: Ј. Бачев на оклопно возило), албанофобија (пр. Закон за јазици)...

Браво УКИМ. Секогаш натртени, секогаш назад, од глаучи (ВМРО ДПМНЕ) до главчиња (Левица).

Вики Младенова, Фејсбук, 03.09.18.

нема
03.09 14:27
Емотивен кич

Поседувам скапоцени емоции коишто не знам да ги носам, ниту да ги искомбинирам со моето едноставно сошиено секојдневие. Емоции што самата сум ги стекнала, сум ги нашла, сум ги добила на подарок или сум ги наследила. Златни, сребрени, бисерни, челични, пластични, скапи, евтини, за’рѓани, светнати и л’снати, непроменливи и незаменливи. Некои се и поткршени, на некои им фалат цели делови, најчесто најбитните, без кои не можат ни да се носат.

Многупати ги ставам на себе додека се подготвувам да излезам, се гледам – не се бендисувам и повторно ги оставам дома. Излегувам и се враќам, излегувам и се враќам без своите скапоцени емоции и кога ќе ми падне жал за нив што речиси секогаш се затворени, го отворам кафезот, ги ослободувам или одеднаш ги ставам сите на себе, седнувам на креветот сосе сиот тој емотивен кич и тивко полетувам во плач или гласно се суривам во смеа.

Оливера Ќорвезироска, Фејсбук, 01.09.18.

нема
01.09 11:54

Препорачуваме

Тамара во челустите на политиката

Целиот успех не беше доволен за најзадртите македонски националисти кои го прославија фактот што таа вечер Тамара не победи.

Шест месеци книжевна критика

Каква е општата состојба на домашната критичка сцена?

И министрите од ДУИ одговараат пред Собранието, а не пред Ахмети

Ставот на вицепремиерот Бујар Османи, дека „за смена на кадрите на ДУИ кои се дел од Владата може да одлучуваат само Али Ахмети и партијата“, е неточен.

Зошто сè уште постои стигма околу вирус кој можеме да го контролираме?

 Тешко се добива и јасно се третира. Тогаш, зошто општеството сè уште ги казнува луѓето инфицирани со ХИВ?

ОкоБоли главаВицФото