Дојди со мене во митологија

10.02.2024 19:35

 

Дојди со мене во митологија
која зборува за мене, та затоа е ризична.
Двополово сум суштество, то ест лажливо. Значи, искрено.
Самото за себе давам информација
која секого го интересира; таа, значи, има општ значај.
Јас сум плод на себе-мачење, то ест себе-љубов.

Дојди со мене во времеплов
кој е дел од творечкиот механизам.
Јас сум уметнички предмет, то ест кентаур.

Дојди со мене во митологија,
каде што пропаѓа целата моја досегашна работа,
оти не сакам да бидам уметнички предмет. Ги разбивам прангите
и самостојно егзистирам во митологијата.
Створителот веќе нема над мене никаква моќ.
Немам никакви шанси. Значи, јас сум актуелното.

Превод: П. В.

Каталин Ладик (1942) е новосадска, унгарска, српска и југословенска уметница која делува во областа на поезијата, експерименталната композиција, глумата, перформансот, телесната уметност...

 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото