1009 hPa
94 %
16 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 08:59
По големиот успех на меѓународни и домашни фестивали, документарниот диптих „Неврзаните” и „Филмски герили” на Мила Турајлиќ, ќе биде прикажан на 15 февруари, во 20 часот, во Културно информативниот центар - Скопје, Салон 19:19, со што започнува филмскиот сектор и филмската програма во КИЦ.
„Неврзаните” и „Филмски герили” се документарен диптих од два долгометражни филмови кои нè носат на архивски роуд-трип низ раѓањето на проектот „Трет свет“, базиран на досега невидени 35 мм материјали снимени од Стеван Лабудовиќ, снимателот на југословенскиот претседател Тито. Првиот филм од диптихот е посветен на појавата на Движењето на неврзаните и на Самитот што се одржа во Белград во 1961 година, додека вториот филм е возбудливо патување во архивските материјали снимени од Стеван Лабудовиќ во текот на трите години од Алжирската војна за независност.
„Неврзаните” одново го проследува раѓањето на движењето „Неврзани”, испитувајќи како еден глобален проект на политичка еманципација бил конструиран низ филмската слика.
Светската премиера на „Неврзаните” се одржа на Меѓународниот фестивал на документарен филм во Амстердам - IDFA, Ciné-guerrillas премиерно е прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (TIFF), додека македонската премиера на диптихот се одржа на фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс”.
Режисери: Мила Турајлиќ
Сценарио: Мила Турајлиќ
Камера: Мила Турајлиќ
Монтажа: Солви Гадмер, Мила Турајлиќ, Селин Дукро
Звук: Александар Протиќ
Музика: Џонатан Морали
Продукција: Pоppy Pictures, Survivance
Копродукција: Restart, Kino
Избрана филмографија:
Ciné-Guerrillas: Scenes from the Labudović Reels (2022)
The Other Side of Everything (2017)
Cinema Comunisto (2011)
Фестивали и награди:
DOK.fest München – DOK.edit Award, Germany (2023), Trieste Film Festival, Italy (2023), CPH:DOX, Denmark (2023), ZagrebDOX, Croatia (2023), It’s All True, Brazil (2023), HotDocs, Canada (2023), Underhill, Montenegro (2023) Grand Prix Festival International Du Cinéma D’Alger, Algeria (2023), IDFA, Netherlands (2022), Festival autorskog filma, Serbia (2022), Festival International Du Cinéma D’alger, Algeria (2022)