Љупопитни ликови во надреални сценарија

12.02.24 13:37

Без разлика дали лебдат во базен со дождовница во јадрото на хризантема или се движат низ хаосот на аквариум, ликовите во цртежите на Фелисија Чао се соочуваат со надреални околности кои предизвикуваат комплексни емоции. Нејзините илустрации ги следат искуствата и интеракциите на малите пастелни фигури кои трагаат по сонцето, се нурнуваат во цветовите и делуваат љубопитни, но и обземени, па и по малку зашеметени од огромниот свет околу нив.

„Плачливи хризантеми”

Фелисија Чао инкорпорира антропоморфизирани елементи на природата за да претстави различни расположенија, каков што е случајот во „Обид”, каде што е претставено оптимистичното, сончево највисоко ниво на станот во контраст со меланхоличното пониско ниво во кое влегува малку светлина.

Лево: „Раст”. Десно: „Подуеност”

Во „Подуеност”, темното, внатрешно чудовиште - сениште е распрснато од сјаното сонце. Ѕиркајќи покрај огромните цветни ливчиња или опкружени со љубопитните очи, нејзините фигури изразуваат универзални чувства на стравопочит, вознемиреност, неизвесност и радост.

„Аквариум”

Чао долго време користи копични маркери за своите цртежи, кои продолжува да ги користи за лична работа, но од неодамна се префрла на акварел за галериски дела, одржувајќи сличен стил на пастелни нијанси, постигнувајќи подобар архивски квалитет. Во тој контекст, уметницата вели: „Новиот медиум, сепак, ми овозможи да ги поместам границите на обемот и примената на бојата”.

„Хризантемиум”

Некои од овие парчиња беа дел од New Normal, самостојната изложба на уметницата во галеријата Giant Robot во Лос Анџелес каде што беа изложени нејзините нови акварели. 

„Обид”

Минатата година Чао исто така беше дел од групната изложба претставена од магазинот Hi-Fructose во Arch Enemy Arts во Филадефија, а таа со нетрпение очекува уште едно самостојно шоу оваа година во Њујорк во соработка со Harman Projects.

„Цветно бело”

Нејзините настани и новитети можат да се следат на Instagram и Patreon, а нејзини принтови можат да се најдат на Society6.

„Гераниуми”

„Справи се со грижа”

„Црви со патерни”

„Видено”

„Чекање”

„Богот Сонце”

Извор: https://www.thisiscolossal.com

Слични содржини

Уметност / Око / Историја
Стрип / Култура / Уметност / Око
Уметност / Око
Уметност / Око
Уметност / Око
Квир / Книжевност / Уметност / Око
Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото