„Патина на љубовта” - изложба на Синиша Новески

13.02.2024 13:16
„Патина на љубовта” – изложба на Синиша Новески

Во галерија „Метаноја”, на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје, во четврток, 15 февруари од 19 часот, ќе биде отворена изложбата на скулптури на уметникот Синиша Новески насловена „Патина на љубовта”.

„Скулпторот Синиша Новески со овој избор на дела за изложбата „Патина на љубовта” зборува со уметнички јазик за животот и за љубовта како главен двигател. Соочувајќи се со неговите четиринаесет скулптури и „исчитувајќи” го поттекстот на творештвото на Новески може да се заклучи дека тој го разбира животот како „патина на љубовта”, а неговиот уметнички израз е посветен на „претставување” и толкување на оваа најголемо животно „таинство” - пишува Коста Милков, во рецензијата за изложбата на Синиша Новески.

Заинтересираните кои нема да можат да присуствуваат на отворањето, изложбата може да се погледне во текот на нејзиното траење до 6 март 2024 година.