Креативно-раскажувачка работилница за деца со „Сказнувалка”

14.02.2024 09:09
Креативно-раскажувачка работилница за деца со „Сказнувалка”

Утре, 15 февруари (четврток), со почеток во 18 часот, во Europe House Skopje, ќе се одржи првата интерактивна книжевна креативно-раскажувачка работилница за деца со издавачката куќа „Сказнувалка”.

Сликовницата „Кралот што имаше од сѐ по многу” од најдобрата грчка авторка за деца Марија Папајани е номинирана за наградата Ханс Кристијан Андерсен. Интерактивната работилница ќе ја водат Искра Димковска, Владимир Лукаш, Живко Грозданоски и Софија Григориду.

Работилницата е замислена на тој начин што со малку поинаков пристап, преведувачката Софија Григориду ќе ја прочита сликовницата на грчки јазик, додека Живко Грозданоски ќе ги презентира илустрациите. Слушајќи непознат јазик, децата ќе развијат љубопитност и креативност за приказна што не им е целосно позната . Со оваа друштвена игра, децата ќе бидат стимулирани да ја користат имагинацијата, да ги подобрат читателските навики и усното изразување.

Работилницата се организира за деца од 6+ години. Задолжително е пријавување на следниот формулар.

Сликовницата „Кралот што имаше од сѐ по многу” е дел од проектот „Да ти ја раскажам мојата приказна: протек на европски книжевни дела за млади“ што се спроведува во рамки на програмата „Креативна Европа”.

ОкоБоли главаВицФото