Варварите доаѓаат

22.02.2011 12:03
Варварите доаѓаат

Да се сфати релативната вредност на своите убедувања и сепак сè уште да се остане на нив, е она што го одвојува цивилизираниот човек од варваринот.

Јозеф Шумпетер


Однесувањето на Владата во нејзината досега најкрупна афера ("Прислушување") без какво било двоумење може да се оцени како катастрофално. И тоа на многу рамништа; не само во сферата на евидентната политичка одговорност, не само во сферата на моралната бесрамност, не само во сферата на затеченост и неснаоѓање; дури и на најелементарните естетски нивоа, однесувањето на Владата спрема јавноста, нејзините воинствени и радикализирачки соопштенија делуваат грдо, вулгарно и бескрупулозно.

Една од причините за таквото однесување на Владата е што ВМРО-ДПМНЕ и во третата година на своето неодговорно владеење - рефлексно, во секоја криза, прибегнува кон својот опозиционен, квази-дефанзивен, бујно разобрачен и експресивен вокабулар, кој, за жал, не е многу подобар од поетските сочиненија на денешните создавачи на сликата на Владата во јавноста, триото поети Георгиевски-Димовска-Милошовски. Нагласената естетизација на политиката фашистите не ги однесе само во кич туку последиците беа многу пострашни за целиот свет. За среќа, нашава марионетска Влада нема политички простор за создавање поголема регионална штета, но нејзините естетски перформанси опасно ја приближуваат до споредбите со гус(л)арските Влади на други неуспешни поети, каков што е, на пример, босанскиот воен злосторник, Радован Караџиќ. Рефлексното заземање на позицијата жртва, тоталното игнорирање на спротивната политичка опција, ирационалноста, тешката депресивна метафорика, епската широчина, нефокусираноста, нарцисоидноста, мегаломанијата, паранојата и неодговорноста - тоа се нешта што ги спојуваат небулозните пресови на Милошовски (кому сè нешто му е одвратно, како да е каприциозна и хировита средновековна дворска госпоѓица; нему извинувањата допрва му претстојат) со поезијата на неговите шефови со поезијата на Радован Караџиќ со најпосле сето она што го гледавме во Босна, како опомена дека фрустрацијата на лошите поети и сликари не секогаш е безопасна.

Уште пострашно е што неодговорноста и "милитаристичката опуштеност" на наброените тројца поети во Владата, ја делат и злокобно ноншалантните претставници на власта, на пример фриволниот Никола Груевски, уште еден, како Милошовски, од компанијата "паднати од Марс". (Патем, истото тоа неподносливо лежерно и неодговорно јапи секојдневно ги опустошува нашите џепови, сè објаснувајќи ни каде одат нашите пари! Според некои пресметки - дневно, и до пет страници по весник владина пропаганда во сите можни печатени медиуми; електронските се уште поскапи - Груевски за своите неподносливо волуминозни кампањи троши помеѓу 300 и 500 илјади германски марки даночни пари месечно! Освен што тоа може да се третира како купување на владино влијание во медиумите, и во секој друг поглед бизарното сфаќање на маркетингот од страна на Груевски е апсолутно недозволиво.

Но, во оваа Влада на несозреани и неодговорни политички пилиштарци бизарностите се правило; како во Владата да нема ниту еден единствен малку попромислен и посериозен човек кој на безгрижно заиграните деца би им објаснил каде се наоѓаат границите на некои потези. Уште една потврда на тоа е скандалозното именување на Филип Петровски - живописна фигура што произлегува од една културна матрица - бизнис, пиштоли и нааканост - што десетина година ја гледавме во соседството, околу претседателскиот син Марко Милошевиќ; но дури и во тотално криминализираната Србија типчиња ко Марко Милошевиќ не беа испраќани во дипломатија!). Значи, и во случајот на Груевски, но и на повеќето кадри од власта, моралната и естетската дезориентираност имаат политички импликации; на Груевски веројатно сиот рекламен циркус - од первертираните позиции на нашата власт - му изгледа убаво и, најверојатно, одговорно.

На едно малку поапстрактно рамниште, согледуваме дека таа "култура на нарцизмот" (кај нас прононсирана и од многумина други естрадни политички фаци) всушност води во потполн цинизам во јавните обврски и во едно речиси институционално понижување (Авишаи Маргалит филозофски докажува дека пристојно општество е она коешто настојува да го отстрани - или, барем, намали - институционалното понижување). Сите ние, заборавени пред шалтерите, ограбени во банките, осиромашени, болни и збудалени, под државниот терор на монополските фирми и навечер залепени за Бинго телевизорите, многу добро чувствуваме што е тоа институционално понижување. Бескрупулозноста на понижените и навредените расте правопропорционално со бескрупулозноста на моќта и власта. Па да видиме каде ќе се сретнеме.

Извор: Форум, 16.02.2001

Слики: James Bascara

„ Груевски за своите

„ Груевски за своите неподносливо волуминозни кампањи троши помеѓу 300 и 500 илјади германски марки даночни пари месечно! “

Гелевски, "груевизмот и фашизмот" оставаат трајни последици по твојот мозок :))) Посебно фашизмот хаха.. Веќе и смешен стануваш :))

Окнар, ТЕКСТОТ Е ПИШУВАН ПРЕД

Окнар, ТЕКСТОТ Е ПИШУВАН ПРЕД ДЕСЕТ ГОДИНИ! Тема му е тогашната влада на Љубчо Георгиевски и нејзиниот министер за финансии, Малиот-Големиот, т.е. Златниот-Црниот, милиот наш Грујо.

Кој визионер!!!Сигурен сум

Кој визионер!!!Сигурен сум дека душите на Баба Ванѓа и Нострадамус живеат во Коља.

А имаш некоја жестока колумна

А имаш некоја жестока колумна во која го навредуваш Бранко додека бил на власт? I don't think so!

Шо ти е, Гелевси цветаше дур

Шо ти е, Гелевси цветаше дур беше БЦ на власт, те од Утрински лапаше хонорари, те од министерство за култура летаа паричиња по договорена линија, те сорос и Милчин проектчиња колку сакаш, и ти очекуваш он да пишува против БЦ. Гелевски е строго лево ориентиран и се бори за своите!(пари).
Едноставно, дали било пред десет или една година, тој обработува, т.е слугува, за ситна боранија.. Кој ќе му ги гледа гревовите после избориве.. :)

Од Министерство за култура

Од Министерство за култура никогаш не летале пари кон мене, а особено не за време на СДСМ.
Од Сорос во тој период (2002/06) не добивав пари за проекти оти бев во УО на ФИООМ.
Од Утрински хонорарите беа понижувачки ниски.
Ама, и да било обратно, стварно да сум земал некакви сериозни пари (коишто, за жал, не сум ги земал) - што ќе беше проблемот?! Оној што работи, што создава, што има идеи, добри проекти - треба да заработи, зарем не?!
Впрочем, еве, Златниот-Црниот заедно со Фамилијата потроши околу десет милијарди народни пари изминативе 4 и пол години. „Конкурирал“ (т.е. добил избори) и му ги дале парите на управување.
Еден просечен чиновник ја чини државата околу 10.000 евра годишно, само за плата и давачки. Знаете колку се грантовите за книги, од Министерството за култура? Од 500 до 1000 евра по книга! И тие пари треба да ги поделат авторот, преведувачот, лекторот, уредникот, печатарот итн.
Да резимирам: вие, изродбеници, сте болшевици во умот. Фанатични следбеници на пљачкашки водачи. Вистината не ве интересира. Газите луѓе, по наредба, зашто негде во штабовите ви рекле дека за секој скалп ќе добиете сендвич, а еден ден можеби парите ќе се ослободат за вас, само ако бидете доволно подли, ниски и борбени.

"Од Сорос во тој период

"Од Сорос во тој период (2002/06) не добивав пари за проекти оти бев во УО на ФИООМ"

Ова е најјако, не добивав пари за проекти, лапав само плата :))

Анонимен, ова ти го напиша:

Анонимен, ова ти го напиша: „те сорос и Милчин проектчиња колку сакаш“. Само ти одговорив дека проекти и проектчиња немаше во тој период, кога владеел СДСМ.
Што сакаш, Анонимен?! Не ти се свиѓаат моите текстови? Океј. Игнорирај ги или пишувај текстови со спротивни аргументи. Не ти се свиѓа она што го работам? (издавање книги, Окно, општествен активизам итн.) Тогаш, Анонимен, концентрирај се на твојата работа, напрај онака за да биде што подобро и за тебе и за општеството.
Но, зошто идеш на ѓон?! Тоа не го разбирам. Зашто треба да маваш по човекот ако не ти се свиѓаат неговите идеи или работа?
Башка, ако си стварно „револуционер по парите“, Анонимен, имаш цел куп луѓе во Македонијава, да им провалиш у стан и да им го „национализираш“ имотот. Голем дел од тие луѓе се членови на Фамилијата, зарем не?
А до Сорос што се однесува: годишниот буџет е околу 4 милиони евра. Годишниот буџет на Златниот-Црниот е 2,6 милијарди евра (и плус се земаат кредити). Еден споменик е минимум милион евра. Една кампања на владата е минимум неколку стотици илјади евра. Како не ти текиња, Анонимен, од кај да ја почнеш „револуцијата“?!

Еве текст од блог на Боцевски

Еве текст од блог на Боцевски (кој членот на владите го избриша, тогаш, во 2006):
Не ми се верува: Бучковски лови поени со Бил Гејтс! Се чатали, ко дел од идиотски осмислена предизборна кампања, земја која во Европа има најмалку компјутери и најмалку на интернет уштекани граѓани... Оди кај Атила Сендреи, Бучко, ако воопшто те прими тоа мизерно комуникациско газдиче на Македонија! Каков Бил Гејтс, бе! Ваше ниво се Ден Дончев, Атила, а богами и незаборавните Љубче, Ламбе, Војо... Дал е ова некој заговор сите да гласаме за Тито Петковски и Лилјана Поповска?! Има ли некаков ПР оваа заебана влада, т.е. има ли воопшто некакво пилотирање во тој комичен авион?! Бучковски кај Бил Гејтс?! Дали со парите што Атила му ги џитка на Бучко ко коски на дотрпезниот пес, Јани М. ќе ни обновува хардвер и софтвер?! Абе, како не ви е срам, арамии и шапшали! Децава немаат клупи и вецеа по школите, а вие се сликате со Бил Гејтс?! Третина земја тотално сиромашна, петина неписмена (буквално, не информатички!), а вие се сликате со светскиот џет сет ко некакви бедни африкански полковничиња! Боцевски, ако уште еднаш зуцнеш против комунизмот, ги обновуваме партизанските ќелии и кој урбана герила (во тројки), кој во планина со браќата Албанци да ве рушиме! (Формираме пак Македонско-Албанска бригада!) Абе, во однос на вашата влада, Боцевски, дури и Лазо Значката (бруталниот комунистички сељак) изгледа ко морална громада! Народов ви е спрострен по раскрсници (не по интернет магистралите, да се разбереме), имате куп очајници што тотално бесмислено и контрапродуктивно кобојаги протестираат (а само го запечатуваат општиот очај), а вие булазните за е-влада!? Или мислите да ги умрежите Водно и Бардовци (мислам на богаташите од Бардовци, иако не е лоша идејата и лудаците да ги уштекаме со Владата, белки некоја молекула преостанат здрав разум ќе се истркала од насока Бардовци кон ЦК... (с$ под земја, низ оптичките кабли на Атила Сендреи...)

Vtor del na tekstot na Kontra

Vtor del na tekstot na Kontra Bandash:

Уа, апаши! Уа бездушни шминкери! И затвореници ви се бесат по затвори, дур вежба владеење - ко стварно да сме сред некаква инсценација за приредба сред лудница! - таа одвратна класа (олицетворена, на пример, во министрите за правда или здравство, грозни капиталистички карикатури на безгрижна глупост, на испразнетост, на гола фасада...)... Владеете, пријатели?!
А за Бучко уште еден ПР совет од генијалната Микиева работилница: следниот пат да се слика со космонаутите; штавише, нека го катапултираат во некоја интернационална мисија, заедно со лудите богаташи, еве уште сега гласам од буџетот на РМ за следната година да одвоиме 20 милиони долари (може и Атила да одвои, нема везе, ситница, пиксла за нив), а с$ со цел Бучко да осети космичка технологија, доста више се заебааме со застарениве кабли на Атила, а и писијата, во однос на згодните ракети, почнуваат да личат на скопски контејнери (или на скопските камиони-прскалки... си ги видел ли, Трифуне, тие кршеви кои божем го чистат градов?! (...) )
Еееееј! Свестете се, моќници! Од срамот нема да можете да се скриете ни стварно да отидете на други планети!

i tretiot del na Kontra

i tretiot del na Kontra Bandash (eden od vishe-manje poznatite psevdonimi /od otprilika 1993/94/ na Nikola Gelevski:

И пак да кажам: толку ли ви смислија махерчињата за маркетинг?! Кој ти прави ПР, Бучко, за избориве, прати го во Гулаг, а кај е тоа нек ти објасни Ивица Боцевски! Кој е следниот за сликање: Боно, можеби?! Да не ја решавате гладтта во Африка можеби заедно?! А после Боно? Директ на свадбата на Анџелина и Бред! Знаеш колку поени ќе земеш, Бучко! Ти кажуам, сум студирал политички маркетинг, сум бил и на курсеви! Цела тинејџерска популација од 8 до 18 гласа за тебе, а нивни омилени фигури ионака се двете велелепни СДСМ фигури од твојот кабинет, Мери и Димов, ко Кен и Барбика! Нив да ги стаиш во први редови за избориве, гарант добивате, а во позадината (ко Жан Митрев морбидно што се слика со тие одвратните срца) една начичкана толпа од авети-мртовци, што испоцркнати по клиники што по затвори, колку за шмек, за контраст на толку симпатичниве ни Кен и Барби! Добивате гарант, Бучко, сум глеал, сум видел, антиципирам!
Срамота, бе, ропаци, пак да повторам и да завршам. Не знаете самите кои сте, не можете да ги процените капацитетите, целите, приоритетите, не ги препознавате ни луѓето околу вас... Четири години цел народ чека макар симболична конкуренција во телефонијата-интернетот, макар мало поевтинување, макар знак дека одвратниот Атила сепак не е газда на оваа разјебана земја - а вие, место да го направите тој минимален напор, дека кобојаги либерализираме, демонополизираме, кобојаги имаме контролни институции, демократија, закони, нема заебаање... вие, ко што сте недоветни, недоквакани, благ малограѓански ужас, само мислите на уште грабање! (...)

и да го прифатиме ова за

и да го прифатиме ова за вистинито иако мистериозно исчезнал овој текст, не е напишан во колумна и не е споменат БЦ.

Прогуглај малку, изродбеничко

Прогуглај малку, изродбеничко будалче... „Буквите горат, но напишаното останува!“ Тоа што Боцевски (портпаролот на Груевски, меѓу другото) ги избришал текстот, не значи дека не се појавил на други интернет адреси...

Ни сами не сте свесни колку

Ни сами не сте свесни колку сте бајати и во фаза на распаѓање

Коља, и да успеете насилно да

Коља, и да успеете насилно да се вратите на власт, СДСМ не знае за поинаков начин, од тоа нема да излезе ништо добро. Народот добро знае кој е Бранко Црвенковски и кои се луѓето од Сорос, и тоа што денес е летаргичен и безволен не значи дека утре нема, со сета сила, да удри по вашите скалпови. Веќе немате ситка во вашите лаги, што е огромна навреда за сите нас коишто ве набљудуваме отстрана.

Од друга страна, да го прочистевте СДСМ, а сите знаеме зошто тоа не можеше и нема да се случи, досега веќе ќе бевте на власт, зашто Груевски одамна го изгуби компасот. Но, дури и ваков - никаков, од вас е светлосни години понапред на полето на демократијата, толеранцијата и, воопшто, човечноста. И тука завршува приказната. Сето останато е мешање баби и жаби, и неконтролирана употреба на говорот на омраза, преку недолични навреди коишто не значат буквално ништо.

Народ гласа на избори. На

Народ гласа на избори. На народ секој се повикува, и лев и десен и радикален и умерен... Според мене, треба да се мисли со своја глава, оти „народот“ многу често знае не само да се заебе (ко што се заеба со Груевски), туку знае да напраи крвав пичвајс во кој самиот страда (народот, дур големците го извлекуваат гзот, по обичај).
Ти, батка, Анонимен, гласај си по совеста. Агитирај за она за што мислиш дека е најдобро и за тебе и за општеството. Јас, на пример, за разлика од тебе, мислам дека баш ДПМНЕ е тотално нереформирано („неисчистено“, ко ти што велиш) и дека, на некој начин, за тоа зборува и актуелноста на текстот на Гелевски од пред десет години. Груевски се однесува речиси исто како Георгиевски! (кој земјата ја воведе во почеток на граѓанска војна) Со тоа што мое мислење е дека ГРуевски е бетер дури и од Георгиевски!
Мое мислење е дека дури и млакиот, безидеен и често кукавички Бранко е неспоредливо подобра варијанта за Македонија од сосема забеганите политики на груевизмот, на сите полиња.
Но, ко што рековме, народот ќе си ја избере судбината...

Освен ако не изберете вие

Освен ако не изберете вие наместо него, нели, на пример со демократичен бојкот на избори или со вештачка широка коалиција. :)

Имам слушнато дека има и

Имам слушнато дека има и други партии во Македонија.

леле... пак овој со тоа

леле... пак овој со тоа фашизмот...

Dobro bre malo covece neli ke

Dobro bre malo covece neli ke ima sega izbori...odi i glasaj protiv familijata na Grujo...koj ti e problemot

ФИООМ е една работа, СДСМ

ФИООМ е една работа, СДСМ друга, ВМРО трета. Јавната сфера е нешто сосема друго, таа служи за слобода, за критичност, за никој да не може да забега, колку и да е моќен. (Токвил велеше дека повеќе памет има кај берберите во слободни општества отколку кај академиците во деспотиите.)
Значи, изродбеници, не мешајте баби и жаби. За вас е непријател секој кој не мисли ко вас. Со умот вие сте на ниво пред просветителството (пред Токвил, пред настанувањето на јавната сфера и идејата за слобода).
ФИООМ, македонскиот Сорос, е една од најдобрите институции во Маскедонија од осамостојувањето навака. Со огромен придонес во каузата токму на слободата, човечките права и мониторирањето на моќниците, да не забегаат во тирании и сатрапии (ко што груевизмот забега). Да не беше ФИООМ Македонија ќе беше на нивото на Азербејџан и Туркменистан во сферата на човечките права. ФИООМ органски го мразат сите деспоти кои мислат дека со тоа што ги држат за врат сите други институции во МК (и имаат моќ да го скршат тој врат), дека со самото тоа и ФИООМ треба да биде дел од државниот репресивен апарат. А ФИООМ не е тоа, за среќа, велам, на слободата во Македонија.

Што знам, ја па све мислам

Што знам, ја па све мислам дека Црвенковски не го мрази. :)

за тоа пердаш го прават

за тоа пердаш го прават конзервативците во САД Сороса. Или и они се на ниво на азербејџан?

што ми требаше да кликам на

што ми требаше да кликам на time.mk. ова е значи сајтот на Сорос во Македонија???

каков мизерен текст, тотална мизерија. само за у окно си руда да копаш. вие соросоидите сте најмизерниот џган кој постои во светот. вие гнидите соросоидни,странските платеници кои земате пари од странство за да работите против Македонија,вие сте најдолното нешто од човечкиот род.

Ха,"Изродбеници",ме изнасмеа

Ха,"Изродбеници",ме изнасмеа терминов.Така сеопфатен збор одамна немам прочитано. Можеби подолго е во употреба но за мене нов е. Ама тој сум јас, се радувам на се ново, се обидувам да го разберам. Само едно не можам да разберам. Како вие не можете да сватите зошто овој термин ви го препишуваат па макар и да не се во право. Значи живо ме интересира дали воопшто разбирате.

-Ножот со две оштрици никогаш не бил згоден за ракување.

ОкоБоли главаВицФото