Оригинална јапонска монодрама на Филолошки факултет

15.02.2024 14:43
Оригинална јапонска модорама на Филолошки факултет

Денес, 15 февруари, со почеток од 17 часот, во Големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” ќе има неповторлива можност да се погледне оригинална јапонска монодрама во изведба на Шоко Ито, која е спој на класично ракуто и модерна манга.

Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 години настапила во осумдесет земји. Дипломирала на Универзитетот „Тама”, на Катедрата за јапонско сликарство.

Во 1986 г. го основала театарот „Ито-Гуми”, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц.

Актерската игра, според оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е високо оценета низ целиот свет. Меѓу најпознатите нејзини претстави се вбројуваат: „Гејша самурај”, „Нобунага Она”, „Баба самурај”, „Мајсторот Шоко и Маргарита”, „Балекендан”, „Пес и мачка”. Добитничка е на редица награди за театарските претстави, а активна е и на филмската сцена.

Во филмот „Цртање на небото” игра 18 улоги. Кусиот филм „Моментум”, во кој игра Шоко Ито, е награден со 10 меѓународни признанија. Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Јапонија.

 Извор: https://japan.net.mk

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Култура / Настан
Фотографија / Книжевност / Култура / Настан
Фотографија / Книжевност / Култура / Настан
Книжевност / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото