1024 hPa
47 %
12 °C
Скопје - Чет, 12.03.2026 10:59
Јас сум невнимателно животно, животно кое
не се откажува од зборување
Јас сум невнимателно животно, животно кое
не се откажува од зборување, кое животински
силовито ветува дека ќе ја најде лагата макар
на нејзе го потрошило целиот свој животински век.
Животно со сронета книга во шепата, здробена
шепа во скутот, расточени крилја под непцата.
Животно на кое не му се приближил ни еден кафез.
Животно кое среќно го избира својот животински
јазик и своите животински книги. Животно
кое пишува како не е, како е, и како се чита
она што никогаш не било напишано, и како се
мириса на радост, и како со сета сила е потребно
спротиставување на светската поезија денес.
Превод: П. В.
Јагода Замода (1954) ‒ хрватска писателка, поетеса, новинарка... Се школувала во Вараждин и во Загреб на Филозофскиот и на Факултетот за политички науки. Живее и работи во Загреб како новинарка на неделникот Глорија. Нејзините песни се вклучени во голем број избори, панорами и антологии; преведени се на десетина јазици.