Отворање на изложбата ,,Интимност и интерконекција”

20.02.2024 10:12
Отворање на изложбата ,,Интимност и интерконекција”

,,Интимност и интерконекција” е насловот на биеналната изложба на „Зимски салон 2024” која Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе ја отвори во четврток, 22 февруари, во 20 часот во „Чифте амам”.

Изложбата ,,Интимност и интерконекција”, како една од традиционално најзначајните групни изложби, претставува селекција на ликовна продукција на тема одредена од интернационален куратор.

Историски гледано, оваа изложба е клучна во однос на смелите уметнички дебати и поставки со кои се потврдува улогата на визуелните поставки како рефлексија на општеството, со независност која служи како платформа за експериментирање и предизвикување на постоечките конвенции во потрага по нови идеологии и начини на израз.

Оваа 2024 година, селектор на дела е г-ѓа Оксана Карповец, кураторка од Украина чиј концепт „Интимност и интерконекција” (Intimacy and Interconnection) претставува истражувачко поле во кое уметниците ги претставуваат сопствените релации со оваа тема во различни ликовни медиуми. Селективноста на изложбата од куратор со значајно интернационално реноме овозможува во просториите на националната галерија „Чифте Амам” да се изложат дела со висок квалитет.

ОкоБоли главаВицФото