Денес се одбележува Светскиот ден на социјалната правда

20.02.2024 10:15
Денес се одбележува Светскиот ден на социјалната правда

Денес во светот се одбележува Денот на социјалната правда. Со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации, одржано во ноември 2007 година, 20 февруари беше прогласен за Светски ден на социјалната правда.

Со тоа, меѓу другото, Генералното собрание ги покани земјите-членки да се посветат на активности кои ќе ја сензибилизираат јавноста за важноста од унапредување на социјалната правда, елиминирање на проблемите со сиромаштијата, исклученоста и невработеноста и да укажат на потребата од обезбедување еднакви можности за сите.

Резолуцијата на ОН укажува на потребата од обединување на меѓународната заедница за искоренување на сиромаштијата, зголемување на вработеноста и достоинствената работа, обезбедување родова еднаквост и овозможување еднакви можности, социјална благосостојба и правда за сите.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на социјалната правда, ОН нагласуваат дека социјалната правда е камен-темелник на мултилатерализмот, кој им овозможува на општествата и економијата подобро да функционираат и игра важна улога во обезбедувањето инклузивен и одржлив социо-економски раст.

Слика: Thomson Reuters

Извор: https://novatv.mk

Слични содржини

Општество / Активизам / Свет / Книжевност
Општество / Активизам / Свет
Општество / Активизам / Свет / Теорија
Општество / Активизам / Европа / Свет
Општество / Активизам / Свет / Теорија
Општество / Активизам / Свет

ОкоБоли главаВицФото