Шокантно! Без протест организиран контрапротест!

22.02.2011 12:02
Шокантно! Без протест организиран протест

Скопје, Македонија - Невообичаена слика на скопските улици можеше да се забележи во текот на вчерашниот ден. Група спонтано собрани граѓани беше собрана на контрапротест пред седиштето на опозицискиот СДСМ.

И нормално дека ова не е невообичаеното, бидејќи контрапротестанти цело време спонтано се собираат пред зградата на опозицијата. Она што е невообичаено во целата ситуација е фактот што никаде на друго место во главниот град во тоа време немаше соодветен протест на кој би се однесувал контрапротестот. Зачудени беа и новинарите кои беа дојдени да го проследат.

Веќе стана тренд на секој протест да се организира и соодветен контрапротест, па во нашата редакција спремно ги дочекуваме и двата. Како што има новинари кои покриваат здравство или судство или црна хроника, така во нашата редакција има и новинари кои покриваат само протести или само контрапротести. Конкретно, кај нас еден од моите колеги е задолжен за протестите, а јас за контрапротестите. Сепак, мојата работа е повозбудлива, бидејќи најпрвин, многу нормално, се закажуваат протестите и колегата знае каде ќе оди и што ќе следи. Јас, пак, треба да се потрудам и да предвидам каде, кога и како можат сосема спонтано да се соберат група граѓани кои би протестирале против оние што протестираат. Денес додека пиев кафе со колегата ми јавија дека овде најспонтано си се собрале луѓево и решиле да протестираат против некои други што протестирале, по што се шокиравме и двајцата. Тој немаше информација дека за денес е закажан каков било протест, па веднаш заврти неколку телефони кај колегите од другите медиуми кои следат протести. Ниту тие немаа таква информација“, раскажува Софија Нефкова, новинар во една од националните телевизии. По ова таа веднаш заминала кон седиштето на СДСМ каде што се случувал контрапротестот, а нејзиниот колега останал без прилог.

Слично како и новинарите, така и контрапротестантите беа збунети и не беа баш најсигурни, како и зошто се собрале и против кого контрапротестираат.

„Не знам. Навистина не знам. Мислам... и обично кога излегувам на контрапротест не знам точно зошто протестирам против тие што протестираат, ама барем знам против кого протестирам. Денес апсолутно ништо не знам. Не знам ниту како и кога се собрав спонтано и излегов од дома. Не знам ниту која е темата за која се протестира. А бе, ако ми верувате, ама баш ништо не знам“, раскажува еден од контрапротестантите.

Сличен одговор добивме и од неколку останати контрапротестанти, по што дојде еден дечко кој ни кажа дека луѓето не биле добри оратори и токму затоа не знаеле да ни одговорат против кого протестираат. Кога истото прашање му го поставивме и нему ни одговори:
„А бе, како да ви кажам... знаете... ниту јас не сум нешто толку многу добар оратор, па токму затоа и не би можел да ви дадам конкретен одговор на вашето прашање“.

Додека траеше контрапротестот меѓу присутните се појавија повеќе претпоставки и верзии за причината. Според една од нив, контрапротестот бил против некој од протестите на стечајците од пред неколку месеци, кога било пропуштено и не се направил соодветен контрапротест, па се направил вчера, чисто колку за да не остане некој протест без свој контрапротест. Имаше и претпоставка дека луѓето спонтано се собрале за да протестираат против вестите на А1 кои се прават на отворено од пред владата, но таа за кратко беше отфрлена бидејќи беше дојдено до логичниот заклучок дека соодветно за нив би биле контравести на отворено, а не контрапротест.

Ваквата ситуација каде што контрапротестантите не знаат против што протестираат, но, сепак, се пред седиштето на СДСМ, се чини, најголеми маки им зададе на луѓето кои беа внатре во зградата, во Центарот за комуникација со јавноста на СДСМ. Гордан Георгиев, кој требаше да држи прес-конференција, беше посебно изнервиран бидејќи иако знаеше дека треба да излезе пред новинарите и да ги обвини контрапротестантите дека се организирани од ВМРО-ДПМНЕ, сепак не знаеше за што да ги обвини бидејќи никој не знаеше да каже против кого протестираат.

По подолго време размислување реши да излезе надвор меѓу контрапротестантите за да дознае подобро која е нивната цел, но кога излезе тие веќе си беа заминати. Така неславно заврши овој вчерашен контрапротест.

слики: Four Color Process

„Шпиц“, 19.02.11.

Пред две недели Милчин пишуе

Пред две недели Милчин пишуе колумна за Јофе сега Јофе пишува колумна за Окно. Идила!

Јофе е еден од најинтересните

Јофе е еден од најинтересните нови колумнисти (и не само колумнисти) што се појавил во нашата јавност изминативе години. Духовит, храбар и паметен.
(За разлика од, на пример, ужасниот Букарски, една од најмалигните јавни појави, кој прави идиотски курташаци - меѓу многуте други тресења од ракав - со Блаже Конески и со „алкосот“ Петре М. Андреевски, на пример.)
Јофе со задоволство го преобјавуваме на Окно. Изворно, колумните му се појавуваат во Шпиц (како и оние на Милчин, кои исто така гордо повремено ги преобјавуваме на Окно).

а као демек шпиц е репер за

а као демек шпиц е репер за добра колумна, ха смешни сте, се ова еден ден ќе ви се удри по глава

Колумните на Јофе и Милчин се

Колумните на Јофе и Милчин се одлични, според нас! Затоа ги пренесуваме. Што ќе ни се удри од глава, Столе?! Тоа што мислиме дека колумните на двајца колумнисти на „Шпиц“ се меѓу најдобрите во нашата јавна сфера?!

Шпиц, Време, Коха... ги

Шпиц, Време, Коха... ги издава Рамковски и ја вади телевизијата А1 +, што е против законито. Тешка фарса е барањето за одмрзнување на сметките, бидејки сметките на тие три весника се блокирани повеќе од една година и сите тие функционирале преку една сметка, со цел неплаќање на судските забрани и побарувања од доверители. А1, со и без блокирана сметка работи за Црвенковски, а Јофе и копанија, треба да бидат свесни дека Рамковски никогаш повеќе не ќе може плата да му даде, му дојде крајот на неговиот криминал! Медиумите ќе мора да ги продаде, но прашање е тоа дали ќе може он да го изведе! Забавата заврши Јофе! Ниту Бранко, ниту избори не ве спасуваат. Бранко бара да продолжите да работите како до сега што сте работеле. Бранко бара криминалот да си тече, бидејки е во негова корист. Незнам само дали има некој паметен во сдсм или сите мора да играат по орото на БЦ. За греота сте...

За тоа и служи еден обичен

За тоа и служи еден обичен агрегатор, да преобјавува статии. :)

Штета што на окно немате

Штета што на окно немате специјални ефекти, како во емисијата.Без компјутерско смеење и аплаузи уште полошо е.

Јофе е цар! Секоја поддршка,

Јофе е цар! Секоја поддршка, младичу! Дур Трендо ги крцка златниците, редно беше да се појави некој нов урбан духовит и храбар дух! А знаете, ако од нешто изродбеникот добива сипаници, тоа се урбаниот дух и хуморот!

Јофе бил урбаниот дух, да

Јофе бил урбаниот дух, да непукнеш од смеење :))).. која си ти градска фацо, од кој подрум си излезен леба ти?! Тренадо и Јофе ги споредуваш?! Вака ли бе на власт ќе доете, со Јофе на чело...До некаде и разбирам зашто ќе ги бојкотирате изборите.. Бреееј да се немало три чисти...

Градскава фаца изгледа е од

Градскава фаца изгледа е од Дебреште (родното место на пиљарот Велија).

Tokmu taka .., kako i sekoja

Tokmu taka .., kako i sekoja pateticna faca koja ocajno se obiduva da izgradi img na pozitiven lik ., navidum sovremeni razbiranja za rabotite i liberalni pogledi zacineti so kvazi komicni izjavi i statii za totalno " nebitni" situacii.,Jofe opinok si obuj i na pazar v vtornik v selo si gi sobuj ta da ti zasmrdat nonzete more i te pofalat seljacite so seljance pravo si :)

Се шушкала. Џеро шушка, Јофе

Се шушкала. Џеро шушка, Јофе шушка, саде шушкала, што носат шушкавци. Се шушка ќе имало и избори...

А Грујо пак чисто збори. Без

А Грујо пак чисто збори. Без говорна мана. Додуша тој и поим нема од говор за да има мана. Мрш таму бре сељак, да даде, мајка ти да ти шушка.

Сметам дека Јофе и прави

Сметам дека Јофе и прави контрауслуга на македонската опозиција со неговите емисии и колумни, реакциите се повеќе од лоши. Многу мразам нарачани колумни и емисии, на Јофе на чело му пишува дека е платен, за разлика од споменатиот Трендо кој беше објективен и реален. За жал од немање идеи се врзуваaт со секакви ликови кои ни под разно не можат да и помогнат. Жално е да се гледа до кое ниво се спушта опозицијата.

Да живее другар Јофе ! Можеби

Да живее другар Јофе !

Можеби не најдобриот колумнист,но секако политички најкоректниот !

ОкоБоли главаВицФото