Најстарата гејмерка наполни 94 години

21.02.2024 10:46
Најстарата гејмерка наполни 94 години

Хамако Мори е најстарата гејмерка која неодамна наполни 94 години. Таа има свој Јутјуб канал со пола милион следачи и во 2020 година влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Хамако игра игри повеќе од четириесет годни и е навистина добра во тоа, а на нејзиното интервју по добивањето на признанието кажува дека игрите многу ѝ го подобриле квалитетот на животот.

Таа започнала да игра на конзолата Cassette Vision која беше официјално објавена во Јапонија на 30 јули 1981 година. Потоа преминала на класичниот јапонски Nintendo Entertainment System за потоа се впушти во PlayStation во деведесеттите.

Мори започнала со играње видео игри сама, а потоа лансирала гејмерски канал на YouTube под името Gamer Grandma во 2014 година со цел да се поврзе со други гејмери од различни делови на светот.

Таа го отворила каналот YouTube на мајчин јапонски јазик и од своите игри објавувала најмалку четири видеа месечно, честопати добивајќи популарност со преку милион прегледи на страницита. Исто така, започнала со пренос во живо на игри како што се Call of Duty: Modern Warfare и GTA 5 преку нејзината официјална страна на YouTube. Хамако открива дека често во просек поминува најмалку три или повеќе часа дневно играјќи ги нејзините омилени игри како што се The Elder Scrolls V: Skyrim, Super Mario BrosDragon Quest, Final Fantasy, Call of Duty и Grand Theft Auto V.

Нејзиното последно видео на платформата е од пред девет месеци и се надеваме дека и понатаму ќе има што да се види од неа.

Извор: https://japan.net.mk/

ОкоБоли главаВицФото