1016 hPa
71 %
12 °C
Скопје - Сре, 22.04.2026 09:59
Кога вторпат ќе дојдам, ако дојдам,
ќе свирам рог. Ќе сакам да бидам како него,
голем воздушест полжав со питом темен тон,
задоволен со себе и со сè околу себе.
Однатре ќе бидам зелен, однадвор осетлив
и прибран, со граници за пред и после:
ќе бидам аутистична радост. На мојата летна
маица ќе пишува „Друштво на корнисти“.
Ќе се викам Шишко, како што и треба да се вика
некој кој свири рог, свесен за сите
разиграни последици.
Превод: П. В.