Пронајден е најсветлиот објект во универзумот

22.02.2024 12:55
Пронајден е најсветлиот објект во универзумот

Истражувачите од Универзитетот во Канбера, Австралија, заедно со експерти од други институции, го открија, како што тврдат, најсветлиот објект некогаш забележан во универзумот, таканаречениот светол квазар.

Астрономите го пронајдоа објектот користејќи голем телескоп на Европската јужна опсерваторија (ESO) и заклучија дека е 500 трилиони пати посветол од Сонцето. Според истражувањето објавено од гореспоменатата опсерваторија, масата на овој објект е дури 17 милијарди пати поголема од онаа на Сонцето, а се движи со помош на супермасивна црна дупка.

Квазари, како што објаснуваат научниците, се светлите јадра на одддалечените галаксии, а црната дупка во која е пронајден овој објект расте со голема брзина.

„Покрај најсветлиот објект во универзумот, ја откривме и најбрзо растечката црна дупка досега забележана со телескопски набљудувања. Таа секој ден голта простор поголем од површината на Сонцето”, вели Кристијан Волф, астроном од Австралискиот национален универзитет (ANU) и главен автор на студијата на Австралискиот државен универзитет, Универзитетот во Мелбурн, Сорбона и Европската јужна опсерваторија, објавена во „Nature Astronomers”.

Според студијата, квазарот наречен J0529-4351 е толку далеку од Земјата што на неговата светлина ѝ биле потребни повеќе од 12 милијарди години да стигне до нашата планета.

„Изненадувачки е што до сега остана непознат, кога веќе знаеме за милион помалку впечатливи квазари. Не го забележавме, иако до сега буквално нѐ гледаше во лице”, објаснува коавторот на студијата Кристофер Онкен, астроном од АНУ.

Тој додаде дека овој објект се појавил на фотографии од истражувањето на ЕСО спроведено во 1980 година, но тогаш неговото значење не било забележано. Неколку децении подоцна, беше утврдено дека се работи за светол квазар, а не за светла ѕвезда, како што до неодамна мислеа експертите.

Меѓутоа, минатата година научниците го проучувале овој објект со моќен телескоп во Австралија и утврдиле дека се работи за квазар, а потоа го продолжиле истражувањето со помош на спектрографи и други попрецизни инструменти сместени во чилеанската пустина Атаками, благодарение на што дошле до клучни податоци.

Пронаоѓањето и проучувањето на далечните супермасивни црни дупки би можело да расветли некои од мистериите на раниот универзум, вклучително и тоа како тие и нивните галаксии- домаќини се формирале и еволуирале.

Извор:https://edition.cnn.com