1020 hPa
82 %

13 °C
Скопје - Вто, 25.03.2025 06:59
Дали сакате да знаете како се прави облека? Која е нејзината вистинска вредност? Како се шие и плете? Колкаво влијание има блузата што ја носиш врз околината и врз луѓето што ја направиле?
Текстилната индустрија е една од најголемите светски индустрии, огромен загадувач на планетата и масовно оружје на капитализмот. Но не мора да биде!
На 24 февруари, сабота, во Социјалниот Центар „Дуња”, со почеток од 17 часот ќе се одржи работилница целосно фокусирана на облеката.
Ќе може да се научи како се шие на рака и на машина, ќе се учи плетење и како да се направи добар избор на облеката што ја купуваме.
„Потребно е да донесете ваша облека која се скинала и не знаете или немате време да ја закрпите. Не е важно каква облека е, само да е чиста. Не е срам да донесете скината долна облека што сакате уште да ја носите, срамота е залудно да се купува ново секој пат кога нешто скинато/расипано може да се поправи! (за расипан патент пишете ни однапред да набавиме патенти)” – велат организаторите на настанот.