1020 hPa
69 %

23 °C
Скопје - Пет, 20.06.2025 09:59
Наместо да им се заблагодари за сѐ што прават за кочанчани, Христијан Мицкоски ги дискредитираше. На роденденот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Велес рече: „Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани преминува во политичко движење. Од поддршка на ужасите жртвите од ужасниот хорор во Кочани говорат за катни гаражи, водоводи канализации, исполнети неисполнети ветувања, и сѐ така по ред во духот на локалните избори“.
Зарем е забрането граѓаните да зборуваат за катни гаражи, водоводи, канализации и неисполнети ветувања? Дека таа тема е ексклузивно право само за партиите на предизборни митинзи на кои даваат ветувања што после не ги исполнуваат. На крајот на краиштата, забрането ли е граѓанско движење да премине во политичко движење? Против Уставот ли е тоа, против некој закон ли е? Смее ли воопшто некој да зборува за политика, или тоа е исконско право само на ВМРО-ДПМНЕ? И евентуално,некогаш, во исклучителни ситуации тоа право може да го користи и СДСМ.
Горан Михајловски, СДК, 13.06.25.
- Дали некогаш ќе го научиш зборот „не“?
- Зошто да не!
Темплум - саемски каталог од 92 страници со внимателно одбран избор на наслови и нови изданија.
Списанието за култура „Маргина” #95 е број посветен на попреченоста.
2009-2024 okno.mk, сите права се задржани.