1007 hPa
56 %
19 °C
Скопје - Нед, 15.09.2024 14:59
Во потрага по храна, пчелите собираат загадувачи од воздухот, почвата и водата, поради што овие инсекти се долго време во фокусот на науката како показатели за степенот на загаденост на животната средина.
Во неодамна објавената статија, интердисциплинарниот истражувачки тим предводен од Даниел Халуц од Центарот за јавно здравје на Медицинскиот универзитет во Виена истражуваше колку добро и на кој начин пчелата може да се користи за откривање на штетни супстанции во околината. Заклучокот од истражувањето објавено во магазинот „Инсекти” гласи: Пчелите се генијални „детективи” за следење на загадувањето, особено во однос на тешките метали.
Пчелите детектираат тешки метали
Истражувањето опфати вкупно 19 студии објавени во периодот од 2010 до 2020 година. Повеќето од написите се фокусираа на откривање на тешки метали во медоносните пчели и пчелните производи, како што е медот.
„Во нашата анализа покажавме дека пчелата претставува исклучителен показател за нивото на загадeност на животната средина во одреден регион“, објаснува Даниел Халука.
Со зголемувањето на испуштањето на штетни супстанции во животната средина се зголемуваат и негативните ефекти врз здравјето. Со цел да ги откријат овие супстанции, научниците користат специјални детектори наречени биомонитори. Медоносните пчели се сметаат за особено прецизни во овој контекст.
Колку се веродостојни овие информации?
Веродостојноста на информациите добиени од производите на пчелите е тесно поврзана со сезоната, временските услови и активноста за потрага по храна. Сепак, неопходни се стандардизирани студии за да се изведе толкување еднакво на докажаните вредности од гледна точка на здравствената екологија. Сепак, и покрај сите ограничувања, едно е сигурно:
„Вредната медоносна пчела е генијален еколошки детектив”. Таа има исклучителна способност да собира податоци за загадувањето во одредена географска област”, заклучи Халуц. Затоа, употребата на медоносните пчели како биомонитори претставува ветувачки пристап за континуирано следење на загадувањето на околината, што ги надополнува традиционалните стационарни мерни единици.
Извор:https://www.meduniwien.ac.at