„Нингјо” – Уметноста и убавината на јапонските кукли

29.02.2024 14:04
„Нингјо” – Уметноста и убавината на јапонските кукли

Амбасадата на Јапонија и Археолошкиот музеј ќе ја прослават 30 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија со уникатната изложба „Нингјо”.

Изложбата насловена „Нингјо - Уметноста и убавината на јапонските кукли” ќе биде отворена на 1 март, во 19 часот, во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија.

Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја и Државниот секретар од Министерството за надворешни работи, г. Филип Тосевски ќе ја одбележат триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Република Северна Македонија со кратко обраќање.

Директорката на музејот, г-а Славица Бабамова ќе ја отвори изложбата на јапонски кукли „Нингјо”, поддржана од Јапонската фондација.

Куклите се незаменлив дел од нашето секојдневие, но може да се каже дека разновидноста и деликатната ракотворба во комбинација со длабока љубов се карактеристични за куклите во јапонската култура. Оваа изложба ќе претстави сеопфатен вовед за јапонските кукли, од Каташиро и Амагацу, кои се сметаат за архетипови на јапонски кукли, до локални кукли кои ја рефлектираат климата и анегдотите од целата земја, како и кукли играчки од денешницата кои се ценети низ целиот свет.

Нингјо на јапонски значи „кукла” или „човечки облик”. Културата за кукли која се негува низ годините во Јапонија ќе биде претставена со внимателно избрани 67 кукли поделени во четири категории: „Нингјо за молитва на детскиот развој”, „Нингјо уметност”, „Нингјо фолклор” и „Ширењето на нингјо културата”.

Цениме што секоја кукла на оваа патувачка изложба ќе биде добредојдена и пречекана низ целиот свет и се надеваме дека голем број на посетители ќе го искусат шармот на јапонските кукли.

Изложбата е организирана од Јапонската фондација, Археолошки музеј и Амбасадата на Јапонија со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија.

ОкоБоли главаВицФото