(Секое отворање на очите...)

01.03.2024 10:12

Секое отворање на очите
е веќе потопена песна, закопани ѕвона
и затоа не можеш да се сетиш
на звуците од сонот
ниту на морето што дише под твоето грло
(она што ѝ ги покриваше рамената
на секоја недораскажана приказна)
ниту да го повикаш гласот
на оној кој никогаш не те напуштил
и тивко чека потонат во твоето ехо

Велат, никој не го сонува Сонцето
(а толку месечини во сонот, толку многу месечини)
но можеби ќе се сетиш на шумот
ако си спомнеш за мајката и нејзината молитва
можеби слична на твојатa
(полна надеж но не и вера)
полеана со млеко и прегорена земја

или ако успееш да наслушнеш
како се одвојува самракот од ноќта, здивот од телото
и меките тишини напластени на него
кои за последен пат се обидува да ги одмолчи
(зборот ли беше она што не може да се изговори
а звукот она што не може да се отсвири?)

или само рашири ги гранките
на она диво стебло
и чуј ги малите цреши што висат како ноти
кои никој не знае
како да ги отпее

 

ОкоБоли главаВицФото