Владата, со потпис на Фатмир Битиќи, без надомест додели простор на непозната невладина организација

01.03.2024 10:43

Владата, со потпис на Фатмир Битиќи, без надомест додели простор на непозната невладина организација, меѓу чии основачи е впишан и поранешен бизнис-партнер на самиот вицепремиер.

Со одлуката од 13 февруари, владата даде 650 квадрати, во склоп на Драмски театар на трајно користење на здружението „Неимар-13“. Тоа е посебната зграда од два ката, залепена до театарот.

Две недели подоцна, истиот ден откако БИРН побара Битиќи да ја објасни оваа одлука, владата донесе нова одлука, со која ја поништи претходната и објектот повторно му го додели на Драмски.

Јасмина Јакимова и Васко Маглешов, Призма, 29.02.24.